Не го признаваат оти немаме картони како сега што имаат децата во Мк. Мене ми се запишани во книшка што и кога сум примила, кај други нема внесено нигде.
Татко ми е викнат од матичниот да се вакцинира другата недела .Инаку е во групата над 75 години.Мајка ми оти е под 75 не ја фаќа.Значи конечно почна имунизацијата. Повеќето од вакцините штитат 10години и после тоа пак треба да се вакцинираат.Вака е во Германија, редовно матичните тераат на вакцина.
Не разбирам, ги окапаа медицинарите кои се први на удар, и им текна на сите други кои немаат допирна точка со пациенти. Па белким треба да продолжат со вакцинација кај што е најиздржано и најпотребно во моментов. И со овие бедни дози немаше да стигнат далеку со покриеност во здравство, ама вака па којзнае кога ќе ги биде. Категоријата над 75 години по некоја логика, треба да бидат во втор ешалон, после медицински кадар. Ама па како ќе се фалат дека покриле еден куп категории луѓе, од секоја по неколку стотина вакцинирани. Врска немаат со мозокот.
https://denesen.mk/cnbc-astrazeneka...mo-za-trombovi-tuku-i-deka-lazirala-podatoci/ Vakcinite go unistuvaat narodot... Angelko Ġorcev e samo edna od zrtvite..Bog da mu pomoge
И јас се вакцинирав вчера, цела вечер повраќав. Ако легнам се почнуваше да ми се врти како при тешко пијанство. Денес само со температура.
Читав по фб, по смс ли им праќаат? Баба ми ја пријавила матичната на таа веб страната што беше, но се слушнав прееска немала добиено термин. Нешто дополнително треба да се направи и до кога ќе пуштаат термини?
Таков стомачен вирус има периодов, не негирам туѓо искуство, ама добро е да се знае за некој што ќе му се поклопи слично искуство со вакцинацијата
Го има и во листата на можни појави после вакцинација. Затоа го поврзавме со реакција на вакцинација.
И мајка ми се пријави за во Србија преку работа. Се плаши поради патот, многу е далеку ама се надевам се ќе е во ред. Се консултираше со матичната за која вакцина ако имаат можност да бираат, и рече со било која, секоја е подобра од никаква.
Нема да се вакцинираат помлади од 60 години со АстраЗенека во државава, изјави Филипче. https://libertas.mk/filipche-so-astra-zeneka-nema-da-vakcinirame-pomladi-od-60-godini/
Како тоа баш случајно се погодило да се случи после вакцинацијата... еве не знам ... не неправија веќе идоти кои не треба да размислуваат сами, ниту пак по логика на нештата да се водат туку само и единствено само да веруваат во тоа што ќе се сервира од fact-checker-friendly медиумите...
Еве јас повраќав, ама беше предизвикано, како да кажам, од вртоглавица. А легнам се ми се вртеше. Ке повратам ке легнам, пак вртоглавица како пијанство. Така 4 сата.
Инаку Венко наш кажа дека ревакцина ке може и у Мк да се прими пред два дена. Денес вика не вакцинираме со А.З под 60 години Два дена не му држи муабетот!!!
По моја логика, "ризичните" категории како МВР, АРМ и другите значи нема да се вакцинираат од овие 24 000, освен вработените (ако ги има) над 60, така да сите ќе бидат за постарите лица.
Па од денес се стопирањата во Канада и Германија, не е пророк да знае дека ќе се случи ваква препорака.. Едит: За веќе вакцинираните дополнително ќе се одлучува како ќе оди ревакцинацијата, велат од Германија.