Моите сакаат да се вакцинираат во Србија. Јас не би. Прележав, не дека не можам да фатам пак, но многу се плашам од не саканите појави. Некако цел живот сум малер, еден заб да извадам не поминува без да ми се искомплицира.. Не знам стварно..
А тие под 60 г.ќе може да бираат од големиот избор на вакцини што го имаме на располагање... Може пожарникари полицајци и воени ветерани од пензија ќе вакцинира... Е ептен е чудесна оваа наша Мк..
Ако земеш да следиш состојба на стотици милиони што не примиле вакцина е возможно и не само возможно него и многу веројатно дека некој ќе умре, некој ќе се разболи на некој ќе му се слоши. Така и со вакцините, ако на некој од тие милиони му се случува нешто после вакцината, може ама и не мора да е поврзано со неа. Не сум медицинско лице, не можам да тврдам дали е или не. Докторите имаат начин да утврдат и да кажат. Нема потреба од драматизирање. За потсетување, дневно по 30-40 луѓе умираат од ковид од нашите 2 милиони Жими све, не сфаќам како тоа не е страшно за анти ваксерите, ама секое заболување на прст после вакцина е сензација.
@Ahoy заради појавата на тромб е одлукава за под 60 години? Не ми се отвара да читам, ќе се испаничам уште повеќе. Мајка ми е 55 год, не знам што ќе прават сега за во Србија што се тие. Таму ја ставаат на сите возрасти.
Да. Види, ризикот е мноооогу мал, помал од да загинеш во сообраќајна несреќа со моторно возило. Др. Горан Трајковски од Германија вели дека ризикот од тромбоза кај жени е 1:61 400 вакцинирани= 0.0016%, статусот му е од пред 20 мин.. Да те удри кола шансите се 1:103, или 1%. Не знам искрено, мислам дека на олку мали шанси не требало да ја прекинат вакцинацијата, никаде.
Ново е, кога ја прекинаа претходно ја прекинаа за сите, а првично не беше одобрена за тие на 65, некаде над 55 години, сега обратно
И мене ме зачуди како сега обратно ги кажаа информациите дека нема да е дозволена под 60 години, а порано се имаше препораки баш за тие над 60 да не се вакцинираат. На татко ми сеедно не би му дал да се вакцинира со АЗ, од каде си пати од тромбоза, уште ова фали... Не дека и со таква дијагноза треба да му се јават, ама ништо не се знае во нашава луда држава.
Сега ке испитувале дали жените користеле некој си вид контрацепција, плус вакцината можело да доведе до овие нус појави.
А нашиве послушаа одлука на регион во Германија,а не им се гледа ситуацијата во Англија. Мора да бидеме европјани и ние во се... Или им дојде ко кец во десетка па ќе ги исперат критиките деновиве. Нова вест ќе биде ,ете имаме доволно вакцини со кои можат да се покријат возрасните категории кои можат да ја примат. Допрва циркуси ќе ни следуваат со оваа борба на вакцини. Би сакала сега да живеев во Англија.
Читав сега на групана на фб околу се ова и само знам дека ќе го доизбудалат народов.Ни створија страв недоверба и дополнителен стрес посебно за постариве. Наместо зрак на надеж и спас во вакциниве што гледавме сега дополнителен страв.
Старите не се битни така? Па може да ризикуваат и да ги вакцинираат со Астра Зенека. Па да ги доисчистат од пензискиот фонд. И Короната ги исчисти некои, сега со вакцинацијата на Астра Зенека да ги доумрат и тие што останале. Еве видовме што се случи со татко му на Влатко Ѓорчев, стар човек баш после вакцинацијата. И нека не кажуваат дека не е тоа од вакцината. Особено старите луѓе како што се со сто болести, уште сомнителна вакцина им фали да ги доутепа.
И мене не ми е логично стари лица да се вакцинираат, а помлади не. Вакцина за сезонски грип тешко ја поднесуваат, а не па оваа.
Сакав да прашам некој постручен или некој што поминал слично. Во саботата примив вакцина Астра зенека, без никакви нус појави. Дали е задолжително да се пие Аспирин 100 бидејќи матичната не ми кажа такво нешто и дали една недела е доволен период за да испитам Д Димери или да почекам?
Сите случаи на тромб предизвикани од АстраЗенека се кај лица од 20- 60 години, и тоа најмногу кај жени. Затоа е одобрена само за лица над 60 години.