И сега стасаа вакциниве ама кој ќе сака да се вакцинира со Астрава? Еднаш викаат да не се вакцинираат со неа луѓе над 55, сега да не се вакцинираат под 60. Лудница. Стварно ли овие од СЗО кажале најново немало потреба да се носат маски? Се знае ли веќе кој кого зеза.
Јас ја пријавив баба ми на веб страната. Во договор со матичниот закажавме за вакцинација сега во април (не сум сигурна дали е 6ти или 8ми, треба да ја прашам мајка ми). И стигна порака и на телефон како потврда за закажаниот термин. Баш дека старите се ранлива категорија ги вакцинираат први. Не знам зошто не сфатите дека ако нештото не е добро и сериозно по животот нема да биде пуштено во употреба. Милион пати наназад е зборувано дека бенефитот е многу поголем. Ете, многу убаво објаснил @Ahoy погоре. Ризикот да направиш сообраќајка или да те удри автомобил е многу поголем отколку сериозни несакани ефекти од вакцините. Единствениот проблем е тоа што токму новинарите прават сензација од овие несакани случаи. Тие всушност го користат тоа за повеќе кликови, бидејќи знаат каде е свртено вниманието на народот! Мислам дека беше исклучена несакана реакција од вакцината кај татко му на Ѓорчев. Впрочем, зошто не гледате малку од другата страна? Врвен пулмолог, со ослабено срце и три бајпаса се упатил да се вакцинира во Србија. Тоа треба многу да ви кажува за безбедноста на вакцините. Кога е во прашање здравјето на човекот треба да слушате медицински лица, а не новинари.
Да беа само новинарите, песна ќе беше. Новинарите ли одобруваат и запираат употреба на вакцини, до денес не ја даваме на +60, од денес - не смееме да ја даваме на -60? Треба да слушаме медицински лица ама политичари слушаме
Види, ако се покажало дека е контраиндицирано, ќе го стопираат! Па под 50 години, жени користат орални контрацептиви. Тоа е дополнителен ризик фактор за тромбоза. Не е дека нема логика во тоа што го зборуваат. Инаку се согласувам, медицински лица, а не политичари.
Слушаме оти мораме Јас се консултирав со неколку лекари, инклудинг трансфузиолог и кардиохирург, сите се согласија дека вакцината е безбедна и ефикасна. Единствено од кардиохирургот добив препорака да се зема Аспирин три дена после примање на првата доза, ништо повеќе.
Во конкретниот случај мислам дека со тие 20 000 вакцини не може да ги вакцинираат сите. Затоа прво постарите лица над 70 години, како ранлива категорија. Ама гледаш колку сензационално е тоа интерпретирано кај народот. Значи само лица над 70 години ќе се вакцинираат...и одма коментари: "А што тие над 70 не се луѓе па со вакви експериментални вакцини да ги вакцинираат?" или "А што ние помладите од 70 не сме луѓе што нема да не вакцинираат?".
Целата приказна со Астра Зенека е само политика. ЕУ сакаше што е можно повеќе дози за себе, овие сакаа прво во Британија да дадат затоа што таму им е првипчниот договор потпишан и ЕУ "врти скандали". И да, се шушна дека жеите кои имале тромбови од Астра Зенека биле на контрацептивни. Затоа и забрануваат за жени помлади од 55. Полесно им е да направат штета на женското здравје наместо конечно да почне да се зборува за тоа која штета прават контрацептивните таблети на женското тело.
Каква штета? Нема штета. Од лекар се лековите дадени, од политичари одобрени, мора да се добри, не може штета да прават. Еве, сега ќе изчезнам
Да беа само оралните контрацептиви. Тоа е муабетот, секој лек со себе си носи side effects. Секој лек е отров! Затоа постои дозирање, индикации и контраиндикации. Ама сеа вакцините се на тапет, затоа се истражува на гугл. Нема врска контрацептивите што ги користам или антибиотикот што го земам на своја рака.
А лекот што го земам на рецепт? И негова корелација со вакцината? Лајф тест на широка маса? Ништо не е ко што треба да биде, и тоа не е од сега. Сега само кулминација доживуваме. И не се правам паметна оти не може да се биде паметен во вакво матно време. Може да се биде само внимателен. И не мора. Ама затоа што секој со своите избори ќе живее, не може да одлучуваме и делиме памет на друг.
Не сфаќам што ти е поентата на твоите цитати. Секако дека не е, ама така ако гледаме никогаш лек не треба да земеме. Последната фаза од клиничкото испитување на нов лек/вакцина продолжува при пуштање во промет на истиот (типичен пример со ранитидинот, секој втор си лапаше ранитидин, па кога се покажа дека има канцерогено дејство го повлекоа од употреба). Едноставно е, ако не е безбедно ќе го стопираат и ќе го повлечат. Ама до тогаш ова е најдоброто што го знаеме и можеме. Долгорочните ефекти од вакцината не би можеле да ги знаеме сега.
Кратко кажано во МК нема да се вакцинираме ние со ништо. АЗ не за помлади, Фајзер донесоа? Спутник..синофарм? Не. Колку што знам следна пратка од ковакс 650.000 дози за цел балкан и тие ќе се АЗ во април. Или работава за да не одиме во србија да се вакцинираме за Вилипче да не се понижува и даље. Инаку србите толку извакцинираа со АЗ помкади од 50 немаа ниеден случај како што знам...така ли?
Младите за сега никаде не се привилегирани да се вакцинираат, освен во Израел, Србија, Сејшели и УАЕ мислам. Во САД ќе бидат за брзо, околу месец дена, во Велика Британија исто ќе дојдат за брзо на ред помладите, остаток од ЕУ од јули најрано ќе се младите на ред. Не да оправдувам, него скоро никаде младите ја немаат таа привилегија сега да се вакцинираат, а кај нас, ни старите Инаку следна пратка од Ковакс ќе се 76 000 АЗ, другите 700 000 не знам дали ќе се АстраЗенека, може да се Новавакс, може да се ЏЏ, може да е некоја сосема друга.
Не зборам тоа него испод 50год не сакаат да вакцинираат значи тука е полиција, судство, учителки настаници...не ги знам фазите како одат а нашиве освен АЗ друго не верувам да ќе им стигне Нели збореа во полиција и судство дале значи другар што е во полиција на 33 години му дале формулар да пополни дека сака да се вакцинира сега со оваа пратка нешто не ми штима во целава приказна. Јас како да прочитав ковакс аз ќе прати може ќе променат
Да, пополнуваа во понеделникот и вторникот формулари, кога воопшто не се знаеше дека ќе се случи ваква забрана. Сега ќе видиме како ќе биде.
Како иде процедурата за вакцинирање во Србија знае ли некој? И дали смееме да бираме вакцина бидејки србите нели имаат избор, или мора со Астра зенека да се вакцинираме ако се вакцинираме таму?
Има онлајн линк и опција за странци како и опција да одбереш вакцина. Ја не одбрав уште немаше забрана кај нас за АЗ. Србите како што знам немаат таква забрана они уште вакцинираат
Ама немаат искуство со тие над 60 год. затоа што до сега нели нив не ги вакцинираат со Астра Зенека. Дури сега ќе се види позитивната или негативната реакција од вакцините кај таа популација. До сега сите случаи се кај лица од 20-60, затоа што до сега нив само ги вакцинираа. Да де исклучена беше можноста дека е несакана реакција од вакцината. Ама човекот паднал во кома баш по примањето на вакцина од Астра Зенека, така да не им верувам дека не е тоа последица од примената вакцина. И човекот е на возраст 72 год., а сега баш таа популација ќе ја вакцинираат. И не го оспорувам тоа дека е врвен пулмолог, ама ете верувајќи им премногу на своите колеги медицинари од странство кои ја одобруваат употребата на Астра Зенека се виде што го снајде човекот. Со ослабено срце и три бајпаса не верувам дека е паметно да се вакцинира. Ама ајде ние обичниот народ ништо не знаеме...
Епа чим ти вака на форум викаш дека било од вакцината и ги демантираш докторите кои направиле физикален преглед со сите потребни испитувања, тебе ќе ти веруваме. Важи .