Што гледам од високо? Па и ја не сум комептентна да заклучам дали е реакција од вакцината или не е. Едно е да искажиш мислење, а друго тоа што Цреша Јагода го испрезентира во нејзиниот пост. Она во нејзиниот пост со сигурност тврди дека било од вакцината и го демантира докторот. Е извини, ама не може повеќе знаење да покаже лаик што чита од гугл во споредба со некој што години и години посветил на конкретниот проблем.
Дава, ама треба време. Кај поактивни, помлади, здрави лица имуниот одговор е побрз, може да има антитела и после третата недела од боцкањето, а кај постари, послабо активни, со послаб имунитет е побавен, треба време, може дури после 8 недели да се развијат антитела. Затоа се нагласува дека сепак треба да се внимава и после вакцинирањето одреден период, да се пазиш максимално да не се заразиш. Е сега, која вакцина, не знам... Ама за Астра Зенека може и да не треба втора доза, растојанието меѓу двете дози е три месеци чинам. Мене што не ми се допаѓа е тоа што не прават прегледи пред боцкање, само боцкаат.
Два месеци е растојанието. Ете може не е Астра да ја исклучиме неа,може е од другиве но тогаш се појавува прашањето зошто не е и за млади?
Дури дремат на шоља, скролаат на нет читаат глупости, и после се караат со сите за лошото дејство на вакцините, не чинеле Знаеле тие, ти не знаеш. Не знаат ни докторите што 40 години потрошиле на изучување на болести. Тие знаат, со 15 минути читање на статија напишана за кликови. Ама на интернет пишело Пеперутке, извини, ама не знаеш. Ако си учела тоа. Тие знаат. Експерти и за медицина, гео политика, историја, квантна физика, аа да, и ракомет. И фудбал и вакцини, нормално. И лекарства. Ако пеперутке, ти учи со години, пак нема да знаеш повеќе од нив "Штом тројца идиоти можат да нè надгласаат мене и Платон, јас не верувам во демократија" - Сократ
Каде тоа сум тврдела за починатите дека биле неодговорни и неписмени? Може сум тврдела дека причината за големиот број инфицирани е неодговорноста и несовесноста на луѓето, да. Во тоа може да се уверите со правењето свадби, родендени, крштевки итн итн.
Се согласувам со тоа што го напиша, но за се упорно се пренасочува вината кон било што и било кој освен вакцината. И во случај да се рабити за лоша комбинација и вакцината лошо да реагира на таблетите, тоа сепак требало претходно да биде истражено и вметнато во упатство за медицинските лица. Вакцините меѓудругото во нормални услови се развиваат околу 10 години. На quick fixes се знае резултатот во 99.9% од случаевите каков е. Моментално не би рекла дека е сигурна ни ефективноста, ниту пак дека ризиците се познати. Многу работи не се спроведуваат онака како што треба. Пошто се пренасочува се кон луѓето што си конзумираат лекови како бонбониња и како тие се сега против вакцинарање. Тие мислам дека веќе си беа Србија и си ја примија вакцината, мислам дека веќе сите ги видовме и колкави беа редиците. Револтот е од останатите и произлегува од рандом ликови што глумат експерти и споделуваат "ФАКТИ" и вршат питисок врз останатите и тоа што се предвестува дека присилно ќе мора сите да ја примат вакцината. За лековите кои ги спомена секој може самиот да си донеси своја одлука дали сака да ги конзумира или не. Тоа е разликата.
Ааааа па извинете доктори, да си одиме од темава ако не, разменувајте стручни трудови. Проштевајте што се сомневаме, никако сомнеж не смее да се изрази во ничија работа. Дали доктор, дали судија, дали адвокат... уреду е. Вие све знаете, другите ништо ајде хајфајв
Никој не ти рипа. Ти кажувам, не може да очекуваш вакцината да е 100% сигурна оти до сега таква не се направила во историјата на вакцините. Не те убедувам ни па ти мене. Само те поправувам.
Не ни реков дека очекувам да е 100% зошто се фокусираш на тоа,кога има побитни информации во линкот. Јас убаво си викам, сега ќе се полнат страници овде со претпоставки и замижувања, со текот на времето ќе дојде на моето и нема да си признаете. Не ни реков дека секој лек е 100% сигурен,па да ме поправаш. Не знам зошто се испревртуваат моите мислења и мислам тука ќе завршам.
Не. Затоа овие вакцини сега имаат дозвола за итна употреба. По развивањето на вакцината, следи предклиничко тестирање на животни, па потоа фаза 1, фаза 2 и фаза 3. Тогаш се добива дозвола за итна употреба, а после нејзиното добивање следи фаза 4 на тестирање, кога се испитува дејството на вскцината врз различни, конкретно одбрани групи (со различни конкретни болести, врз различни лекови итн.).
Да враќам наназад? Со сигурност ја примиле вакцаната и заминале на шетање. Ти сто пати си кажала како, ама не проследено 100 извичници .. Ти се освежи меморијата?
А што треба да се прави според тебе? 10 години да чекаме? Во еден момент ќе мора да се применува на луѓе, дали после 10, дали после 20 год. и пак ќе се видат негативни ефекти, доколку ги има.
@buba4e89 тоа што ти го постира од Малта не е спротивно на оа што јас го пишав. Не знам дали ме разбираш или не, ама вакцините ги даваат на деца. АКо немаш потврда за вакцинација уредна тогаш добиваш една доза ММР. Не знам каква потврда вие сте имале ама интернационална потврда за вакцини се вади само во Институт за Јавно Здравје во Пролет. Жолта книшка е. И само таа е призната, друго не. Инаку во текстот за КОВИД си е наведено дека на секоја вакцина и треба време да се развијат антитела. Сите што починале починале пред да поминат тие минимум 14 дена од вакцина. Така што јас текстот го сфаќам повеќе како предувпредување да се носи маска и да се почитува се како и пред вакцина, а не против вакцините пред се. И никаде не пишува дека вакцините не се безбедни барем не во текстот. Плус @Ahoy пред некое време стави за статистика за ефикасност и ефективност барем тоа што до сега се знае. Е сега мене ме плаши ова со девојка од 28 години и тромботична рекација ама мислам дека ќе отркијат набрзо што и како е, односно каква интеракција има вакцината со некои претодни состојби и евентуално лекови и контрацептиви. Ама јас пак би се вакцинирала, не ме премислува ова само се надевам брзо ќе се открие што е за да бидеме сите посигурни. @Biljarkata за татко му на Ѓорчев стварно може да е и некој премор. Чекал на сонце толку време со толку нарушено здравје. Мајка ми на пример исто би припаднала на такво време и на толку чекање во место на нога без да се движи заради претходни состојби.
А што сакате да постигнете вие со ваквите малицинозни коментари?! Па нормално дека ќе се спротиставувам на секоја една небулоза за која сум завршила факултет. Никој никаде не ви спори да изразите мислење, само ви ги демантирам ставовите со докази. Тоа е поентата на дебата. Што е сега ова плачење? Ако ти имаш доволно силен аргумент, спротистави ми се.
У реду е, кога ќе коментирате у други теми што не се поврзани со медицина ќе праиме муабет. Сеа останете си тука само стручњаци.
Јас убаво велам едно е теорија а друго практика, јас живеам две години овде и добро знам дека сите што работат и обновуваат документи им беше побарано да си примаат вакцини и дека нон-еу книшките не се признаваат. Вакцините се купуваат тука и одиш во болница да ти ги стават и добиваш документ. Ти не си тука,ниту си искусила,ниту си видела и не можеш да тврдиш. И да не должиме повеќе на оваа тема. Се најдобро.
Коментарот беше за починатите од Малта и на крај излегоа информации дека веќе ги примиле двете дози. Оние коишто сакаат доброволно да ја примат слободно нека си ја примаат, мислам дека се изјаснив веќе, проблемот е притисокот врз останатите. Не мислев за формалната процедура, но ОК.
Уште трубиш за Малта. Тоа што ти го побарале е доказ дека си вакницирана. Во нормални општества така е, ако си вакциниран може да работиш, ако не не! А кај нас ако се направи такво нешто одма се граничи со човекови права. И пак се демантираш сама себе. Ти тврдиш дека вакцините се небезбедни, а си се вакцинирала за да работиш во Малта. Па толку ли битисувањето во Малта ти е поважно од твоето здравје?