Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,2%
  2. Не

    366 глас(а)
    31,8%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Не е така Џонка.
    Секој може ако сака да коментира, ама нафрлање на муабети и тврдење за вистина нешто што е апсолутно неточно, секако дека ќе се и треба да се демантира.

    Не може тука да тврдат дека некој од ова или од она починал, а ниту го познаваат, ниту негова историја на болест знаат, ниту во моментов се грижат за него.

    Не може да кажеш дека е релевантно нечие мислење на тема наука, кога тој некој нема поима од наука. Тоа не значи дека не треба да биде скептичен, туку дека треба да сфати дека не знае се', ниту дека е постручен од луѓе што живот на нешто си посветиле.
     
    На Anne Boleyn, smile:), Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Засега, ова стои:

    Screenshot_20210331-134003_Drive.jpg
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    А каде ти прочита дека јас се вакцинирав во Малта?
    И не ми го испревртувај муабетот јас не кажав дека сите се небезбедни, јас кажав за Астра.
    Сама се побиваш и доста више вреѓаш.
    Дали си свесна колкав притисок вршиш врзз некој,дај смири се малку никој не е должен тебе да ти дава извештај.
    Ако ти е толку убаво оди вакцинирај се,не со Астра со сите бре и ќути више.
     
    На Reina.Gitana, christinnn и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Па треба да се вакцинирате, затоа што имате морална одговорност кон оние кои не смеат.

    Така функционира општество, се грижиш и за другите, сам за себе - оди во планина и што сакаш прави и не се мешај со останатите.
     
    На Glowy, Anne Boleyn, Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    А дипломата ќе ми ја покажеш? Искуство со вирусологија, конкретно ковид-19? Колку години го проучуваше вирусов, а колку вакцините? Беше ли во Ниш да го прегледаш пациентот? Како му е сега состојбата?
    Или и ти од што прочита по медиумите донесе заклучок?

    Уште да сфатевте дека не смета дискусијата, туку ароганцијата. Жими све не знаете да дискутирате. Фрчат индиректно навреди, и сите се поглупави од вас. Не смее никој ни да се запраша дали треба да прими вакцина, ниту па да се продискутира за ситуацијата низ светов со вакциниве.
    Ама уреду е, ете разговарајте сами.
     
    На Guns N` Roses, orevokrsacka, Tajnaotrovna и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Убаво ти е објаснето. Тоа што ти го побарале е доказ дека си вакцинирана. Ако не си, нормално дека ќе се вакцинираш ако сакаш да работиш.

    А тоа што тврдиш дека САМО ВО МАЛТА, ММР вакцината се примала не два пати туку три пати не е точно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја започнавме вакцинацијата. Сите граѓаните над 77 години се пријавиле слободно да се вакцинираат, кај нив не се забележани негативни ефекти.

    Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

    Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од Астра зенека засега се појавиле само кај помладите од 60 години.

    Статистички, само 1 случај на 125.000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавиле вакви ефекти што значи дека нема простор за никаква паника.


    Заради предострожност бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите.

    Денеска имаме закажани состаноци со Комисијата за безбедност во Агенцијата за лекови Малмед, со коишто сакаме да размениме соодветни информации евентуално да се обратиме до Европската Агенција за Лекови и директно до Германското Министерство за здравство по што ќе имаме повеќе информации.

    Граѓаните кои веќе ја примиле вакцината во Србија не треба ништо превентивно засега да прават. Сериозни компликации се исклучително ретки како што веќе кажав и кај нив исто така нема простор за паника.

    Сите граѓани кои примија една доза вакцина ќе бидат и ревакцинирани, согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период.

    Кај нас досега има регистрирано досега еден случај на девојка којашто има 28 години и таа од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект којшто се поврзува со примање на една доза на вакцината Астра Зенека.

    Верувам дека ќе се потврди уште еднаш дека бенефитот од вакцината бидејќи ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем од ризикот да се добие некаква таква компликација од самата вакцина.

    FB_IMG_1617191004404.jpg

    *Од профилот на Венко Филипче
     
    На Amellie13, CameliaMiller и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    37.128
    Пол:
    Женски
    @malerozna Сократ бил многу умен човек и сигурна сум дека не верувал слепо во се што му се сервира ;)
     
    На Tajnaotrovna, Biljarkata, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Конкретно со Ковид - 19, ако ти значи нешто бев волонтер во Ковид центрите.

    Не бев во Ниш да го прегледам пациентот (затоа и реков дека не сум доволно компетентна за да зборувам за тоа), туку се држам до официјалните податоци што ги изјавил докторот на пацинетот, а не до рекла казала муабети.

    Ниту сум била арогантна, ниту дрска, ниту безобразна. Си дискутирам на еден цивилизиран начин, а за возврат на тоа добив коментари ти си надмена, арогантна, ваква си/таква си. Ако сакавте да дискутирате, ќе ми се спротиставевте со аргументи, а не со ваква си и таква си.
     
    На Glowy, Anne Boleyn, smile:) и 11 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Па нели не верувавте у Филипче туку во здравствени светски журналисти?
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.791
    Допаѓања:
    41.885
    Пол:
    Машки
    Па сè што е напишано во постот е точно, истото се пишува секаде.
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.858
    Допаѓања:
    41.177
    Пол:
    Женски
    Да, има притисок, можеби зашто тоа ни е начинот да се извлечеме од ситуацијава, замисли.Можеби зашто пола население си ги базира "сопствените одлуки" врз база на тотални погрешни дезинформации и такво мислење не може да биде релевантно во никој случај.Можеби зашто единствен начин да се намали смртноста на толку многу луѓе од корона е масовна имунизација.
    Еве размисли.
    И не е само АстраЗенека, океј да ја тргнеме нејзе, што е со другите вакцини, и со тие не би се вакцинирала?
     
    На Glowy, smile:), Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Кој не дозволува коментари и дискусија од лаици?

    Сите сме лаици впрочем :)

    Ама да тврдиш дека небото е зелено, да не читаш тоа што сам постираш...
     
    На smile:), Bezimenka90, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Ти кажа дека сме некомпентенти, со тоа кажуваш дека ти си таа што треба да побараме дозвола да се вакцинираме или не?
    Дај смири се,ти си таа што скокаш врз сите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    57.686
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам. Дали сериозно повеќе страв ве фаќа од вакцините наместо од ковидов?
    Во светот има вакцинирани повеќе од дупло отколку што има вкупно заразени од почетокот на пандемијата. Колку од нив умреа како директна последица на вакцината, а колку од ковид?
    Не знам колку сте свесни ама сите сме ризична категорија сега, колку млади здрави прави умреа, еве јас во мојава мала околина најмалку двајца млади знам што умреа од ковид.
    И не, не велам дека вакцината е 100% ефикасна, ни стручни лица не го гарантираат тоа. Ниеден лек и вакцина што постоел досега нема 100% ефикасност.
    Да не треба да чекаме без вакцина да стекнуваме колективен имунитет и притоа многу луѓе да изумрат наместо ко свесни, одговорни и несебични луѓе да се вакцинираме. Како беше она, ко преживи причаче. :)
    И да, попрво би верувала на луѓе што со години учеле, истражувале, стекнувале искуство отколку на некој експерт со рандом јутјуб видео или статија од гугл.

    П.С. Вака замислувам кога некој зборува против вакцини:
    aYy24DV_460s.jpg
     
    На Glowy, Anne Boleyn, smile:) и 19 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Значи верувате на пишаното, на делата не. А добро тогаш.
     
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    37.128
    Пол:
    Женски
    Кои аргументи ги изнесе девојче? Тоа што тврдеше дека си медицинско лице и знаеш, а другиве не?
    Тоа што цитираше изјави од лекари во Ниш пренесени од медиуми? Ова за тебе е аргумент? |(
    Од друга страна, сомнежот е основна човечка особина и пожелна. Доколку не беше така, сите ќе бевме овци.
    Јас тука не прочитав некој да тврди со сигурност дека некој починал од вакцината, туку дека повеќемината се сомневаат во затајувањето на информациите и нецелосното информирање. Исто така здраворазумски е да се постави прашање околу ефикасноста и сигурноста на вакцините, особено што вака или онака сите ќе бидеме присилени да ги примиме.
    Тебе ако ти одговара да голташ се без приговор, на друг не му одговара.
     
    На orevokrsacka, Leela, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    На Tajnaotrovna и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ова го игнорираше
    Ме игнорираше и мене откако изрично изјавуваше како починале после прва доза вакцина зашто не се чувале, а ти пишуваше дека две дози примиле...

    Небитно на крај краева...



    Криво ми е што ја скратија аз за помлади, очекував многумина ќе се откажат па ќе имам шанса да се вакцинирам. На стариве наши веќе им закажаа. Се надевам лесно ќе поминат (fingers)
     
    На buba4e89, Biljarkata, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    37.128
    Пол:
    Женски
    Читни ги „стручњациве„
    Зошто се поставувале прашања, како можеле они да знаат дека било од вакцината, итн...
    Само медицински лица и научници од сега да коментираат на темава. Ако може претходно доказ да изнесат дека се компетентни. Ние другите да си направиме тема за вакцина за лаици ако не |(
     
    На Tajnaotrovna и buba4e89 им се допаѓа ова.