Да. Кажав дека секој еден што не е компетентен за нештото не може да го знае. Така да, без да имате медицинска историја на пациент, пациент пред вас, физикален преглед и дополнителни испитувања, вие не можете да знаете дали е или не е реакција од вакцината. Прво, доктор без сето тоа не може, а не па лаик! И не, никаде не кажав дека ти треба да побараш дозвола од мене за да се вакцинираш. Пак ќе ти кажам, ти кажав и пред два дена, не сум фатила никого за гуша да се вакцинира. Целосно сум смирена, не скокакм на никој, туку демантирам небулози.
На делата веруваме. Кажа @Amellie13 , слободно спореди бројка на вкупно вакцинирани и починати од нив вс бројка на заразени со Ковид и починати од нив. Спореди колкав е ризикот од тромб кај невакцинирани, значи во нормални услови, со оној кај вакцинираните. Прочитај упатство за употреба на Дијазепам, кој го земаме како бонбонче, пишува дека може да предизвика срцев удар, покрај другите можни несакани ефекти.
Веројатно затоа и ги сменија насоките да не се дава на лица помлади од 60 год. И ја би била среќна да се истражи што стои зад овие случаи и да не се замижува туку така.Ама! не смеат да преовладуваат чист страв и дезинформации и да се правиме стручњаци за тема со која немаме допирна точка. Убаво пиша @Peperutce1115 пред некоја страна, сѐ додека не сте директно вклучени не си носете заклучоци.Арогантно, неарогантно, така е.Претерувате со ваши лични заклучоци, човек да помисли дека некој што врска нема со медицина имунолог станал во пандемијава. И во ред се прашања и сомнежи, само има граница меѓу тоа и слепо поништување на факти.
Ама секако дека треба да сме сомничави и ништо да не земаме здраво за готово. Ама Ана, ќе се појави некој лик што ТВРДИ нешто што ни сам не го разбира, ти постира линк што пак, сам не го разбира, шири буквално неточни информации кои ги поткрепува со "докази" кои го докажуваат спротивното од тоа што го тврди. Да не навлегувам во тоталното одбивање да разбере нешто, на пример зошто АЗ моментално се препорачува на постари (кај нив нема контраиндикации, има кај 0,нешто жени помлади од 55) и тој ти вика ама сакаат да ги умрат постарите. Да, да дискутираме ајде, не сум ниту јас стручњак, ниту ден медицина не сум учела, сосема друго учев, ама извини, кога некој ќе истреска за Лансет дека е медиум колку рандом страна, што да му кажеме?
In the meantime: КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ Е ЦЕЛОСНО ЕФЕКТИВНА И БЕЗБЕДНА ЗА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ
Не сум го видела, не сум го прегледала, затоа се држам до официјалните информации на докторот. Вас никаде не сум ве навредила, само ве демантирам! Благодарам на вашите навреди од типот дрска си, арогантна, безобразна, вивната во небото! Би сакала, @RainBow да ја разгледа дискусијата и доколку некаде сум отстапила од границите на цивилизирана дискусија/дебата, да бидам соодветно казнета.
Јас не се правам стручњак, за тебе не знам. Постирав само тоа шо видов, не го измислив јас. А кој во шо сака да верува си е лично право.
Ги зачитав првите 20 страни од темава, да си ја воочам наивноста Овде се карам со @An-na 26ти декември Нема веќе негативни ефекти на виделина Спојлер: Спојлер Од линкот погоре- Не сум јас медицински експерт, медиумски сум
Извини, не ти се обратив тебе.Ставив празно место, само првата реченица ми беше за тебе, после не, само се надоврзав.
@CameliaMiller кога не научивте кои ликови треба да се игнорираат на форумов после толку години, не знам како поинаку да ти нацртам. Мене ми е многу јасно за кого и за што зборуваш, ама ова не беше кон поединец насочено. Зашто стварно сакам да зборувам на темава за сите информации што ќе излезат, а да не бидам некој антиваксер што од вц станал гугл доктор. Глупаво е стварно. Излегуваат информации, треба да се споделуваат, не знам зошто одма слепо треба да се биде или на едната или на другата страна. Глупава ми е цела оваа дискусија веќе, не знам ни зошто пишувам, ај да се вратам на работа
Мене ми е интересно тоа што на почетокот Фајзер и Модерна беа куку-леле-днкќенисменат, АЗ и останатите традиционални беа изборот. И не е дека Фајзер, Модерна, се покажаа џанам подобри, туку медиумите така добро прикажуваат тоа што сакаат да прикажат, зависно чии заткулисни интереси бранат. Секако дека Фајзер е предобрата сега, заборавивме дека се плашевме, АЗ е сега лошата. Толку е провидно, а толку некои тешко гледаат зад медиумиве кои мене веќе на жута штампа ми личат. Едит: се вакцинирав со Фајзер зошто таа беше достапна, која и да беше исто ќе постапев.
Тоа е сосема во ред, нормално дека така треба.Ама дискусијава почна зашто се тресат заклучоци од ракав на моменти.
Ама заклучоци се тресат од ракав и од едната и од другата страна. Кравче зе запраша како докторите можат со сигурност да исклучат дека ситуацијата на пациентот во Ниш не е последица од вакцината за толку кратко време, кога во други држави им треба далеку подолго време за да исклучат таква можност. На ова имаш напад од Пеперутка која сите ги направи неуки и лаици оти не биле медицински лица и не знаеле ништо, туку сме требале да им веруваме на докторите оти они тоа учеле, ние сме биле гугл експерти? Јас од оваа „дискусија„ дојдов до заклучок дека не смееме да се прашуваме, не смееме недајбоже да не им верувам на докторите, ништо слично, ами треба како овци слепо да следиме се што ни се сервира. Иако некои постапки и случки се косат со здравиот разум, сепак они се експерти и знаат, ние не А често зад експертизата се кријат други подлабоки причини т.е заднини, често немаат врска со хуманост...
Не беше напад. И дадов одговор дека за да се исклучи реакција од вакцина треба да го имаш пациентот, да имаш медицинска историја и да имаш познавање од медицина. Не знам зошто ви е тоа напад и навреда. Не може да знаеш нешто, ако не си работел со конкретната проблематика бе Ана. Не можам јас да одам да изигравам автомеханичар со читање од Гугл. Не сум компетентна за тоа.
Вметнато е во упатство. Не реагира со таблетите. Таблетите сами по себе го зголемуваат ризикот од длабока венска тромбоза, ама тоа ни еден гинеколог не ви го кажува, туку ги препишуваат како безопасни бомбончиња. И ковид е препознатлив по "згрутчувањето на крвта". Контрацептивни и ковид, мхм, комбинација на милениумот. На која од вас ѝ препорача гинекологот да не пие контрацептивни, барем додека трае пандемијата?
Не, не се тресат заклучоци од двете страни.Те молам, такви релативизирања, не. И да, можеби човекот паднал во кома како последица на интеракцијата на вакцината.Тоа е претпоставка!!! Ако има демант, ќе се изнесе и тој.Или не смее да се изнесе демантот? Ама тука на форумов никој не е стручен да потврди што било.Сфаќаш? Тоа се работи за кои никој на интернет не може да си земе за право да си пишува СВОЕ објаснување како му одговара.Особено не луѓе што немаат допирна точка со проблематиката.Е тоа беше поентата, а не дека ти не смееш да поставуваш прашања.
Мислам само дека треба да дискутирате посмирено, без дрзок тон и преголема употреба на интерпункциски знаци. Како што можам да видам, недоразбирањето потекна од бубаче која не видела што постирала и цитирала, во ред, заобиколете го тој дел и продолжете со дискусијата, цитирајте соодветни делови за да нема понатамошни недоразбирања и да се знае на што точно се реплицира и на што точно се мисли.
Само што се враќам од лекар. Ниту ми спомнаа контрацептивни ниту па мене ми текна да прашам. Нормално, јас сум изрод во општествово кајшто апче за контрацепција е златен стандард за сите жени што не се во менопауза. Едвај искамчив железо да ми проверат покрај антитела за ковид. Еднаш на две години ми следувала крвна слика, сега не ми следува.
Не си, не' има повеќе Секој малце запознаен со хормони знае колкава штета прават контрацептививе кои функционираат на хормонски процеси. Зборувам на здраво тело, каде што нема индикација дека е потребно, инаку секој лек има ризици.