Претпоставувам на никоја, ама тоа само кажува колку е медицинскиот персонал одговорен и заинтересиран за доброто на пациентите. За контраиндикации самата си проверувам секогаш, медицинско лице никогаш не ми напоменало ништо, оттука и заклучокот, ама и за комбинации на лекови преретко се проверува. Скраја да е да провери картон м.л пред да препиши нешто баз самиот да напомениш, исто како да си добил на лотарија.
Искрено јас сега би ја примила АЗ. За неа бар има некакви податоци за можни нуспојави. За руската,кинеската,фајзер се кријат ко на змија нозе. Се посигурна сум дека на крајот од оваа циркузијада АЗ ќе биде најбезбедна.
Да пишам и јас мислење, не сакам никој да цитирам пошто не гледам поента. Ако имам можност би се вакцинирала, со тек на време сум се поубедена. За мене тоа е единствено решение да се вратиме во нормала полека полека. Не ми е битно со која, може и АЗ. Е сега, не сум на листата за приоритети така да може ќе се изначекам. Ако одиме во крајности еднаква опасноста ми да се вакцинирам и да имам нус ефекти и пак да го прележам. Не ми се игра руски рулет со Коронава ама ич. Добро е што има поголем избор на пазарот, различни фирми, различни механизми, различни држави. Добро е што е на доброволна база, никој не присилува никој. Реалноста е дека вакцините функционираат, а пример за тоа е Израел, а и сигурна сум дека Србија за некој месец ќе е слично. Мислам дека за година, две, поголем дел од населението ќе се вакцинира пошто тоа ќе е важно за патување, а денеска без транзиции тешко се живее. Друго, би се согласила со овој цитат. Искрена да сум не ги ни отварам тие студии тука што се постираат што не се од овие сајтови. Секако секој си има слобода во што сака да верува, јас претпочитам од овие страни пошто знам дека не се рекла казала муабет. Дека за да си доктор и да коментираш на темава не би се согласила. Мислам дека тоа не ни беше поентата. Но, не може денес да си прочитал 5 студии за PCR и да проповедаш. Ми нема смисла, пак треба да си добро начитан во тие полиња за да тврдиш нешто такво. Феномен што го забележав тука конкретно за вакцините е што се пријавени неколку нус ефекти за АЗ и одма сите се нафрлија, а никој не зборува за позитивниот исход како пример што е Израел. Никој не сака да зборува за Нов Зеланд и нивниот локдаун. За вакцина да делува треба да помине одреден период, телото да создаде антитела, не е инстантно. Вакцината те штити од посериозни компликации, не ти е гаранција дека нема да фатиш Корона. Мислам дека после вакцинацијата ќе сум раат од точка што ќе знам дека сум колку толку превенирана од компликации, а не како сега во постојан страв.
Не, никаде не сум рекла дека недоктори и немедицински лица не смеат да дискутираат на темава. Скроз мисинтерпретирани ми се постовите. Па во најголем број од случаите се согласувам со немедицинските лица на форумот @Ahoy, @CameliaMiller . Тоа што го кажав беше дека некој за да сфати како и зошто настанува алергиска реакција учел со години за тоа. Убаво е да се интересираш како и зошто тоа настанало, ама со неколку реченици на интернет и без базични познавања од медицина, не би знаел да дадеш заклучок дали тоа што се случило кај пациентот е од вакцината или не.
Реално гледано од вакцината да ми се деси нешто е 1 :125000, а реално во Македонија да ми се деси некоја компликација од Ковид 19 ми е 1:100 посебно во овој момент кога нема кревети, тестови а медицинскиот персонал е веќе на работ на издржливост.
Германска работа Кој имал искуство, знае Ако не пиеш контрацептивни апчиња нешто си чуден таму и ако бараш крвна слика, па уште параметри да си нарачуваш
Ќе видиме другата недела. Сега Велигден. Темата за вакцинирање деца ја регистрирав, ќе ја мрчам некој друг ден, денес да одмориме.А може и посебна тема да отвориме, ама еве уште возрасните не може да ги решиме практично. Пак некое странично инфо- жените со тромбо-компликации од АЗ се жени во репродуктивен век, со долгогодишна употреба на контрацептиви. Официјална вест немам. Едит- најдена официјална препорака https://www.abc.net.au/news/health/...ases-blood-clotting-risk-coronavirus/12852738 Тоа е, не само заради вакцина туку општо заради ковид, ќе мора кондоми да се користат.
Повеќе ефикасна биле кај децата, Фајзер и Модерна А како да имам читнато дека Синофарм некаде е одобрена и за деца над 3 години
Другпат реков И вие шо немате деца-шуш Ај да се задржиме околу жените и контрацепцијата. Проширете инфо по познати жени, озбилно. Што ме води до прашањето- која група се вакцинира сега во мк?
Не знам дали му е местото на статусов тука, ама корисно е да се прочита: https://www.facebook.com/katerina.tosheska/posts/10159205855681950
Па мислам и скриншот да го туриш овде ако не е забрането Од која држава се резултатите што вакцинирале со кинеска?
Многу наши се вакцинираа во Србија со кинеска. Иначе јас лично не се заинтересирав да проверам антитела пред вакцинирање, никој не ми посочи дека има потреба, напротив, иако секаде нели, има прашање дали си прележал, кога и со какви симптоми. Измеѓу повторно не проверив оти требаше на своја рака. Сега после ревакцина ми земаа крв, ама една недела подоцна, нема резултати Ако утре уште нема, ќе испитам приватно, аман веќе.
Ау, па јас лотарија сум добила, со покриено испитување на антитела оти 2 дена сум кивала Ти сега мислам можеш да зрачиш со антитела, као света вода да те пуштат по ходници да одиш Не ми текна за нашите во србија, фала.
За тоа беше горе-доле статусот. Дека луѓе со антитела (прележани) се вакцинираат, додека други без не се вакцинираат. Дека со ревакцина над 100 иде (до таму е мерливоста) а со разредување успеале да видат и многу повеќе кај некои дека има. Дека со една доза кај некои и по 80 има. Итн. Јас да знаев дека имам доволно антитела секако ќе препуштев на некој друг, ама насоките беа дека без оглед на прележаност треба да се вакцинираш, така се се' уште. Со тоа што сметаат дека барем 3 месеци сопствениот имунитет ти е доволен и во тие 3 месеци можеш да препуштиш место на некој без антитела. А иначе со кинеската најспоро се создаваат антитела, и тоа го пишуваше, мада и моја блиска личност недела дена по вакцина со кинеска, фати ковид, со пневмонии, температури, со се'. Ревакцината и' ја одложија за месец дена по прележување, оти ептен се собра во еден месец (вакцина + ковид)