Знам. Баш затоа додадов дека поентата не беше тоа и дека лошо се одвиваше се после тоа ради грешка во сфаќање на некои мислења.
Пепе добро утро. Ти кажа дека ние не сме компентентни да зборуваме со тоа си даваш слобода да ни кажуваш да не зборуваме ништо негативно. Си запнала ко слеп за стап. Исто така ми ги испреврте постовите, признај си ја грешката доблесно. Вистински доктор нема да се прави доктор у сред студии туку по завршувањето,ова ти го кажувам најдобронамерно затоа што блиска роднина е доктор. И не мора да срипуваш ако некој сака да биде внимателен,да потпраша. Целата ситуација е лабилна,разбери. Сите ќе се вакцинираме еден ден ама и не сите ќе преживееме. Убав ден. П.С. Во друга тема членка исто кажа дека одново се вакцинирала во Германија @JoyJoy не за корона туку овие стандардните што ги примаме. Никогаш не зборам на памет. Не знам зошто се игнорираат некои битни мислења и се фокусира само на тоа што не ни треба.
Не сакав повеќе да се навраќам на ова, ама ај да се разјаснам па да преминам Откако излегоа првите смртни случаи со астра зенека, одма беа исклучени можностите дека од вакцината починале луѓето, за да недели месеци потоа повеќето од Европа да рече, да, од вакцината се случува, и да ја стопира вакцинацијата со истата. Дали станува збор за политика или не, ќе си шпекулираме, ама моментот каде се запрашуваме како тоа одма Србите ја исклучија можноста дека на пациентот во Ниш состојбата му е поради вакцината, добивме од тебе одговор дека не е на нас да се занимаваме со тоа. Во ред, еве ќе се извинам ако погрешно сум те разбрала, емотивни периоди се, губиме луѓе, блиски, затворени сме година дена, при крај сме со нервите... ---------- Друга работа, колку што можат медиумите да ја у*ерат работата, пардон мај френч, исто толку помагаат и да се расветли некоја ситуација, да се изнесе информација што политиката сака да ја прикрие. Па не знам зошто таква одбивност кон информирање од медиумите. Кој знае ќе селектира информации и медиуми, останатите и од комшија да слушнат ќе веруваат, па не можеме тука ништо. ----------- Ај сега надвор од безвезе конфликти. Искрено се надевам дека ќе ја променат одлуката и дека ќе дозволат и помлади да се вакцинираат со аз. Од лице место на некои пунктови вчера, интересот е стварно мал, и доколку така продолжи, сметам дека треба како што беше во Србија, да се дозволи кој сака да се вакцинира со аз. Особено затоа што периодов ја бие лоша репутација, а ние сме како што сме, зошто да не се изваксинираат оние кои што сакаат со неа. Официјално од В.Британија репорти за вакцинацијата со астразенека https://assets.publishing.service.g...VID-19_AstraZeneca_Vaccine_Analysis_Print.pdf со фајзер https://assets.publishing.service.g...A_Pfizer-_BioNTech_Vaccine_Analysis_Print.pdf Двете вакцини имаат приближно иста бројка на забележана тромбоцитопенија како реакција на вакцина, како и смртен случај, ама никој не ја спомнува Фајзер во Европа. Вкупниот број на анализирани случаи не го пишува (ме мрзи да рачунам) а крајната состојба со смртни случаи е поголема кај Астра споредено со Фајзер, иако за астра извештајот е за еден месец помалку. Кој сака да чита детално, нека има во предвид дека некои реакции се неповрзани со вакцината.
Од ЕМА повторно се изјаснија дека вакцината е безбедна, односно дека ризикот од неа е занемарлив во однос на придобивките од истата, така да, не гледам пречка неа да не ја пуштат и за помладите. Тоа што направија страв меѓу сите, па и меѓу постарите, стварно не е во ред. Уште пред околу месец дена, во статија на Norway Today мислам беше, имаше еден дел каде е напишано дека во Норвешка до тој момент биле забележани 31 случај на тромбоза после вакцинација, од кои 1 случај бил поврзан со АЗ, а 30 со Фајзер. Зборувам за некаде почеток на март. Сега веста никако не можам да ја најдам, а ќе пробам повторно. Но Фајзер никогаш не била стопирана за никого. Не велам дека е лоша, само што ова против АЗ е најмалку поради загриженост на властите за тоа што таа вакцина може да предизвика.
А зошто стојат во извештаи за вакцините, ако не се поврзани со вакцината? Не сфаќам? Сама по себе е ризик вакцинацијата, или и други фактори играат улога?
Еве појасно, тек сега прочепкав, претходно само линковите од горе ми ги пратија Значи освен медицински лица, и вакцинирани своеволно даваат инфо преку веб страната на yellow card. Ако пролисташ во листите има наведено и корона вирус и смрт од корона вирус, кои секако би настанале и без вакцинацијата. Еве го збирниот извештај https://assets.publishing.service.g...summary_of_Yellow_Card_reporting_14.03.21.pdf Интересно да се спомне, Израел и Велика Британија бележат пад на новозаразени по масовната вакцинација, а од друга страна Србија баш и не. За споредба, во Србија најмногу се користи кинеската вакцина, на која и е потребно многу повеќе време да создаде заштита. Само спутник ни е многу мистериозен, нит се умира од него, нит има реакција Мене нзс-то ме интересира. Зошто кај некои се создава тромбоза, кај некои не. Што е заедничко?
Има нешто. Ама и самиот КОВИД кај некого дава тромботичен ефект, кај некого не. Истиот линк е само треба да се пронајде. А барањето во моментов е игла во сено.
Денес сакам да мрчам, не знам на која тема- каде вака со снимање лични податоци, алооо СлободнаЕвропа https://www.slobodnaevropa.mk/a/31180040.html
Не ми текнува што како беше, одамна беше, бев дете, но знам мајка ми што ми кажувала дека дупликат дози од некои вакцини си имам примано тука (претходно по календар во Мк) е кога дојдов тука ми стигаа писма на вакцинација со дел од вакцини што веќе ги имав примано. Што како, не знам, одамна беше.
За Спутник ќе ви кажам од лично искуство кога ќе проверам антитела после ревакцина, ама ќе треба да почекате до средина на април, бар две недели после боцкање. Колешка веќе има антитела, си провери, а во ист ден се боцкавме. Таа цела недела имаше главоболки после боцкањето, јас само болка на местото и после три дена растечен нос. Други колеги пријавија температура, омалаксаност, болки во коски и мускули, не е дека Спутник беше без реакција.
Тука има нешто.(ме мрзеше да читам) Reports of 33 suspected adverse drug reactions with fatal outcomes after administration of the Pfizer and BioNTech vaccine had been received by the Norwegian Medicines Agency as at 17 January. https://www.bmj.com/content/372/bmj.n167
3000 бевте вие од вселенската програма? И таа кај медицински лица отиде или како каде? Инаку реакција секако е очекувана, не се спорни реакциите, спорни се нус-појавите или како веќе да ги речам, да тригерира нешто што не би требало. Баш денес проверив, во мое село најмногу фајзер се боцка, за Спутник изгледа ќе треба туризам до Бегиша да се брка. И нормално, од цела Европа отишле викендов на саем у Београду, па писанија- ако сте се боцкале со еу не одобрени вакцини, ние не сносиме одговорност. Сега баш ме насекираа, јер и одговорност сноселе, а јас не сум знаела.
Денеска во 13 часот Заев и Филипче ќе одржат прес-конференција за нова пратка на вакцини Може Германија ќе ни донира Фајзер Едит: Јас се зезав али изгледа стварно стиже Фајзер. Во 13:20 во Скопје треба да слета Croatia Airlines од Дизелдорф, лет кој што не е редовен и не бил изведен досега.
Безобразно, и име презиме и телефонски броеви...ќе им пишам. Лелелеле прес за нова пратка вакцини. Ако испаднат само 2000комада..
Да не се од Борисов оние што ни ги обеќаше, стигна ли кај нив пратка од 200.000 Ако се тие...не требале да се мачат Леле тие се изгледа. Вчера им стигнала пратката