Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам вас што сте гласале дека НЕ би се вакцинирале... Што е за вас решение? Каде го гледате крајот на оваа агонија, ако не во вакцини? Или нема врска, нека трае до 2023, ама вакцини никако примање. Како би го издржале тоа психички ме интересира, зарем не ви е доста?
     
    На koritsaki, GrimTheReaper, ..barbie.. и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    А дали ти си прочитала што може да се случи од вакцина произведена за неколку месеци?
     
  3. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    На страна ризици од вакцини ( side effects и ризик има и витамин ц ако веќе навлеземе детално, исто и антибиотици па сите ги пиеме ), ама прашањето ми е едноставно. Според вас, што е решението ако не вакцини? Што е спасот?
     
    На ..barbie.. и Ahoy им се допаѓа ова.
  4. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Ех сега, ризик е да одиш пешки, може да те удри кола, решение за тоа? Дома у подрум затворени.

    Не е ова прва пандемија, и лани имаше епидемија на морбили па не беа сите вакцинирани, пак помина. Така и ова, вирусот ќе ослабе, степенот на пренесување исто. Ќе има колективен имунитет и тоа е тоа.
    А јас не би се вакцинирала, не сум експериментален глушец па да вбризгуваат било што во моето тело, млада сум утре ќе имам деца, тие деца поради оваа вакцина можеби ќе имаат некое нарушување.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HelloHello

    HelloHello Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    За колективен имунитет треба години и години, а колку луѓе ќе умрат до тогаш? И каков квалитет на живот ќе имаме сите?
    Пак ќе кажам алал да ви е на јаката психа чим би ја трпеле оваа агонија уште неодредено долго време, само затоа што на некоја статија на интернет сте прочитале нешто за вакцините, а не сте ни најмалце стручни на таа тема.
     
    На 1209, JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    А од вакцините нема да умрат луѓе? Нема да има нарушување на организмот, гените?
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    32.241
    Пол:
    Женски
    Добро еве кажи кое е решението за оваа каша во која е цел свет. Што треба да направиме и која е цената на колективен имунитет. Колку луќе треба да умрат од Корона, колку луќе треба да осиромашат, колку треба да пропадне економијата, колку компаниии требад а се затворат и колку време треба да пројде за да го достигнеме тој фамозен колективен имунитет?

    Да предлоѓи конкретно решение. Кое ќе биде ефикасно.

    А докази за менување на гени со вакцина нема. Да беше така лесно знаеш колку луѓе ќе можеше да се излечат од генетски болести. Колку животи е беа спасени ако беше лесно да се смени генетски код туку така. Илил си слушнала дека е РНА базирана вакцина па толку ти требало да заклучиш ќе менуваат гени. Комплетно лудо. До сега генетски базирани терапии имаат добиено како експериметн неколку луѓе во светот. Само неколку, како експеримент.
     
    На CameliaMiller, Lianna Anna, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Цената што ја плаќаме е многу висока, ама магично нема да ја снема короната со вакцина, вирус е и мутира. Нов е и немаат сеуште доволно истражувања.
    Не знам вие шо викате дека ќе се вакцинирате мислите дека веќе никогаш нема да има корона?

    За гените, не сум медицинско лице и не можам многу да зборувам на таа тема, ама ако можеле да се излечат од генетски болести фармацијата сега немаше да заработува толку колку шо заработува сега. Во прилог им оди ако не најдат лек за хив, за рак, за тумор итн.

    Тоа си е мој став и мое мислење, ако не ти се допаѓа слободно можеш да го прескокнеш, јас не би се вакцинирала.
     
    На Misskirova и bubemconia им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Баш дека е рна вакцина велат дека ќе ги опфати сите видови и мутации бидејќи не е насочена кон одреден тип. Кога веќе читап, бар дочитај.

    Мора да дојде крај на ова лудило. За секоја вакцина имало некој кој е прв! И нормално е побрзо да излезе кога фокусот на сите научници е таму.
     
    На CameliaMiller, dunika, Lianna Anna и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Слободно кој сака нека се вакцинира, јас не би!
    Тоа дека кажуваат не ми е баш верно, кажуваа и дека е 90 посто ефикасна па после кажуваа дека била 70. Од СЗО еднаш кажуваат мора да се носи маска, следен пат правела повеќе штета. И ти на такви кои што се предомислуваат им веруваш?
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ти читаш, ама не дочитуваш. Различни вакцини се тоа. Едната со 90, другата со 70 успешност.
     
    На Ahoy и duffi им се допаѓа ова.
  12. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Јас убаво читам, и многу добро сум запознаена со вакцините, кога ќе се вакцинираш сподели тука :) да знаеме искуства.
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    60.366
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка цело време критикува како владава уште нема набавено вакцини, како Србите не влегле во ЕУ, а веќе обезбедиле, како зависиме од милостиња од Бугарите и Грците. Ок и викам, ќе стигнеш и ти ќе се вакцинираш, само трпение. Аааа не, јас не се вакцинирам, страв ми е добив одговор.

    И така, македонија ин а натшел.
     
    На CameliaMiller, Bratot, dunika и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Не треба години и години. Ете шпанскиот грип завршил за две години.

    Мене не ми е јасно како 30 години не најдоа вакцина против ХИВ :?:
     
    На honey.11 и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ама има лекови
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Не дека не е во право...

    Србија за цело време низ корона кризата добиваше помош во форма на лекови, респиратори, докторски кадар, експертиза од страна на русите. Резултат на ова е далеку помала смртност од нас.

    Ние, од друга страна, поради вазалската политика одбивме набавување на руска вакцина поради политички причини, како и секоја помош од нив. Италија, Шпанија, членки во ЕУ, кога им беше тесно, прифатија ваква помош.

    На нашава влада не и е приоритет заштитата на граѓаните, гајле и е за нас, битно си тера политики и кубурува со животот на луѓето... И после ќе чекаме да ни фрлат трошки Бугарија и Грција како на ромче кое питачи во центар, не дека многу сакаат да ни помогнат, туку за да можат после да не уценуваат со секакви договори.
    Ако сакаа да ни помогнат, Бугарија немаше да не блокира во одлуката да ни доделат повторно полициска помош за одбрана на јужната граница од мигранти која моментално е пропуслива и секој слободно си влага во земјава.

    За вакцинирање ние младите сеедно нема ни да сме приоритети на список, и да сакаме. Додека дојдеме ние на ред, може и колективен имунитет да има и короната да замине во историјата. :)
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    И за Ковид има и ќе има. Сидата сепак е неизлечива и не живеат луѓето фул старост.
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    32.241
    Пол:
    Женски
    За Ковид за жал немам лекови. Се до сега што пробаа од постоечките лекови не е доволно ефикасно. Нит хлорокинин, нит ремдесивир нит ништо (ова зборувам за светски студии кои се со издржаа методологија).
    За СИДА со прописна терапија има луѓе што живеат многу квалитетен живот. За СИДА има лекови во моментов само што е сеуште прилично скапа терапијата зашто е сеуште коктел од лекови.
    А главна разлика меѓу СИДА и КОВИД е што СИДА многу потешко се шири од КОВИД. Ама баш многу. Потребно е контакт со заразена крв и нејзино специфично навлегување во организамот (пак преку крв). КОВИД се шири со кивање и кашлање.
     
    На CameliaMiller, honey.11, EuHenIa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    60.366
    Пол:
    Женски
    Точно. Друго ми е муабетот мене. Дека сите сакаат да се врати животот во нормала, сите имаат некои барања, сите имаат некакви критики, а во тој момент кога треба да се покажеме и да го дадеме својот допринес како индивидуи, некако забораваме и очекуваме друг да ни ги реши проблемите.

    За потпал се цела влада сосе опозиција, ама дека народов сака со магично стапче да исчезне вирусов сака. Друг нека се вакцинира, нека се пробува, за јас да можам нормално да живеам. Е не бива така другари.
     
    На CameliaMiller, senjorita-v, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    И за ковид ќе смислат лекови, иако за ремдесивирот стои дека е доста ефикасен. Башка, кај ковид во прилог оди и колективниот имунитет за разлика од сида. Нема потреба да го продлабочуваме муабетот за сидата, мојата споредба беше за вакцините. Болест стара 30 год не пронајдоа вакцина, но за ковид бидна за 4 месеци, нешто што до сега да се пронајде и развие биле потребни неколку години.

    Се надевам побрзо на тој колективен имунитет за да не дојде до нови ретстрикции и правење работи под присила.
     
    На lovestoneddd, prominent и An-na им се допаѓа ова.