Имунизацијата можеше да почне уште во јануари. Ама не им се даваа пари. Тоа е она што ме нервира. Секако се пари од граѓаните, ама бар наменски потрошени. Овие што попрво да пикнат в џеб.
И од Србија е малтене исто, двојазично со бар код, и кога го скенираш имаш број за валидација и на англиски
Можеби после 20, 50 или 100 години ќе бидат прогласени за херои, ако се дознае дека со вакцинација масовно не уништувале, полека но сигурно
Абе ако не сакаат да се вакцинираат, нека се иселат настрана, како амишите или мормоните. Или свој град нека си направат како полигамите, па неканси прават што сакаат. Ама да кењаат на нет дека сите не труеле, мало морген.
Точно дека можеше, и затоа реков не велам браво за гага вакцините дадени од милостиња. Ама подобро нешто отколку ништо. Јбг. Можевме без ништо да останеме. Зошто не почнаа од тогаш можеме да погодуваме само. Не ги оправдувам.
И Филипче треба да го прибере паметот што изјавува. Апсолутно е во право професорката. https://skopjeinfo.mk/prof-trajkovs...V6VVSSBjNjHtWJbZwkjWUamC9YsesOihWhwEnEcZ8vzK8
Изгледа ќе се вакцинирам со Спутник.Има некои искуство со оваа примена вакцина?Знам дека секој организам е за себе,но пак искуството би ми значело.Ви благодарам
Не, не било од вакцината, случајно се погодило . Се чудам кој и колку ги плаќа овде некои личности да ги бранат толку вакцините и да шират пропаганда за нив, како да се шекерчиња, ајмо народе навали дур има како муви на *****.
А што е со В.Британија која што масовно вакцинира со АЗ и регистрира огромен напредок? И може да успорите со пишување за човекот, срамота е, не е ваше да заклучувате за неговата здравствена состојба.
Мислам дека треба да се вметне анкета или нова тема на овој подфорум Дали би се вакцинирале. Добивам впечаток дека многу повеќе би биле за тоа да не затворат дома наредни 2 години наместо да се вакцинираат и да завршиме со ковидов.
Сега видов дека има. Да ,баш би било интересно да се види интересот со која вакцина би се вакцинирале.
А која е поентата со која би се вакцинирале, кога не постои можност да се бира? Мене уште ми фалат некакви , било какви информации за Спутник, за да речам правам информиран избор.
Ја би со Спутник, ете има инфо нели дека штити 95%. Чекав да стаса па да се пријавам ама како тргнало дур стасам на ред мене кинеската ќе ми се падне. А јас сакам нешто германско или руско, друго некако не ме занима.