Може ке постоитаму кај вас или ке тркнете до Србија.Шала на страна,мислам дека секој од нас размислува за тоа која вакцина би ја примил.
Еве, може ќе постои. Ама, пример, во некој нареден слот можеби би се вакцинирала мајка ми во Македонија. И сега да ја советувам еј немој со таа вакцина, чекај ја онаа? Нема ова она, ако немаш врски немаш за пребирање. Евентуално среќа, да ти се падне таа ,,преферираната,, . И среќа да не бидеш тој 1 во 100.000 или милион.
Секоја вакцина е подобра од никаква. Моите прележаа но ќе се боцкаат на лето. Со било која,само да не се поминува истото што го поминавме. Може некој ќе биде тој 1 од 100.000 но шансите да се биде во 3%смртност од 1000 е многу поголема од било која нуспојава од вакцината.
Јас сум многу револтирана и дојдов тука да се издувам Па што е ова, зарем не е страмота што не вакцинираат кој што си се пријавил, зошто да се во приоритет старциве или овие од арм?? Што се тие повеќе од мене? Ај што едвај дојдоја до некоја вакцина со милосрдноста на србија, што чекаа до сега со набавувањето?? Зошто е мало производството на вакцини во светов? Зарем нас не не сметаат дека сме луѓе па ќе не оставаат да умриме?? Зарем малку изумреа па сакаат да се потполни" бројката на починати?? Зошто јас да живеам во страв цела година заради некој што е неспособен да набави навреме вакцини? Мое мислење е дека чекаат да се оствари бројката на починати според нивната замисла и тек тогаш ќе има вакцини за сите
Нема шанса да е ова што ни' го даваа, ниту во Србија тоа. Нашето е дури пофенси Ќе мора да направат двојазични сертификати. @Ahoy не кажувај бе, таман сиромашки глумиме и чекаме попуст за кафенце
БИДЕТЕ СПОКОЈНИ, МОЖНИТЕ КОМПЛИКАЦИИ ОД „АСТРАЗЕНЕКА“ СЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО РЕТКИ И ВО ГОЛЕМА МЕРА СОВЛАДЛИВИ, ВЕЛИ ХЕМАТОЛОГОТ Д-Р ПАНОВСКА-СТАВРИДИС
Ако ве има со автоимуни кои треба да ја примите Спутник, внимавајте. Искрено, мислев дека оваа е најдобра за лицата со автоимуни и едвај ја чекав за моите, со оглед на тоа што низ годините се покажало дека векторските вакцини се најдобри за лицата со вакви заболувања. НО, И така, малку се разочарав . Ако некој од вас членува на српски форум, ве молам прашајте дали таму Спутник ја аплицираат на лица со автоимуни, хвала
Тие, не може други. Ептен е строго, доктори своите најблиски не можат да ги пријават, кога ќе дојде ред- тогаш. Ма да ти секако пријави ја на vakcinacija.mk , кога ќе и дојде редот, ќе ја викнат
Пред неколку недели мислењата беа дека мРНК вакцините би имале помала ефикаснот кај лицата со автоимуни, а не се препорачуваа и дека прв пат се во употреба вакви вакцини. Ако не ти е проблем, препоракава беше тука или во Србија? И каква автоимуна има? Пиши ми во лп, не е проблем
Јас еве сум доброволец со автоимуна што ќе прими било која, па ќе ви кажам како ќе поминам...они нека ме викнат само
Од каде е информацијата за Спутник??? И јас многу се надевава на таа. Сега се замислив. Инаку и на Phizer има предупредување за луѓе кои примаат лекови против згрутчување на крв и во САС дури и прашање на прашалникот пред вакцинација Prevaccination Checklist for COVID-19 Vaccines Information for Healthcare Professionals (cdc.gov), а мајка ми во Србија ја вакцинираа со таа со образложение дека не е котраиндирцирана вакцината туку само треба повеќе претпазливост. Сега за сега недела по вакцинација е добра. Затоа не сум сигурна дали ова за Спутник е само за правна заштита или навистина има нешто од испитувања.
Нема врски за вакцините верувај. Доктори не може родители да вакцинираат преку ред. патарини де ставени во приоритетни. Отвара прозор со маска 5 сек и затвара... Кој му е ризикот?? Инаку @Ahoy , Фајзер не ја препорачуваат ни за лица со алергии.
Не е прашање дали ја аплицираат, прашање е кои се опциите? Значи со информирана согласност, секому би ја дале, што се вика на негова одговорност. Друга работа е колку е информирана согласноста, дали сите се запознаени со можните нус ефекти пред вакцинирање. Пошто и тебе, за твој родител не ти е сеедно кога ќе прочиташ можен ризик. Дали е можно во различни земји да имаат различен пристап- сигурно. И различни препораки. Ама што е релевантно? На толкав пораст на луѓе со автоимуни, ова ич не е добро