Insulinska rezistencija spaga li vo grupata koja ne treba da primi @JoyJoy posto i ti si so IR imas li soznanija koja e najdobra za nas
Да за било која. На ниту една нема такви контаиндикации наведено, ниту мерки на претпазливост за ИР. Туку јас сега читајќи сфатив дека јас имам и мутација на МТХФР генот. Хетерозиготна ми е, ама сега ми е фуфка од вакциниве со оваа мутација. Обично оваа мутација не ја поврзуваат нешто многу со тромбофилија, повеќе со хомоцистеин и метаболирање на фолан киселина, ама си викам да не има некој таков линк особено со АЗ. Ама ај си викам да не мислам на тоа.
Илјада причини „за“ и „против“ АстраЗенека „Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас“, укажува микробиологот, професор доктор Никола Пановски. Според него, сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит. „Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет-единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на „Фајзер“ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од „Фајзер“ е поголема од смртноста од „АстраЗенека“. Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000“, вели Пановски.
Да, меѓутоа искуствата се главно од Фајзер. Сега барав нешто плус да не има објавено, но скоро па и воопшто нема за таков проблем, што значи дека не би требало да претставува пречка за вакцина
https://fokus.mk/doktor-grozdanova-...ajbezbednite-vaktsini-nema-potreba-od-panika/ „АстраЗенека“ претставува една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација, изјави на денешниот брифинг организиран од Лекарската комора, професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство. Таа нагласи дека нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“ и посочи дека само во Велика Британија има над 17 милиони дадени вакцини од оваа компанија. – Најпрво беше препораката „АстраЗенека“ да не се дава кај постарата популација над 65, тоа беше во јануари некаде, оваа препорака потекна од таму што во клиничките испитувања што ги имаше оваа вакцина не беа вклучени доволен број на популација над 65 години и кога вие не вклучувате во клинички испитувања трудници или доилки или други категории, вие едноставно немате податоци за безбедноста и ефикасноста на таа вакцина кај во овој случај постарата популација. Но, вакцината почна да се дава и се виде дека има одличен безбедносен профил и таа препорака многу брзо прекина да важи и почна да се дава и кај постарата популација, појаснува Гроздановска.
А сега ова што испадна дека луѓе со автоимуни треба да бидат претпазливи со спутник, нели би требало истото да важи и за АЗ со оглед на тоа што користат иста технологија(освен различен вектор нели)?И јас дома имам со автоимуна и сега во мисла ме стави ова Затоа треба повеќе здраво население да се вакцинира, да се заштитат вулнерабилни категории.
Треба, ама зарем има некој здрав? Од погоре приложеното, јас пак на Спутник повеќе би верувала, ако ништо друго доволно етички имаат наведено кои групи би требало да бидат претпазливи. Ова другово све во суперлативи, и ај да не објаснувам понатаму како функционираат агенциите за лекови. Да видиме дали ќе се погодат да има Спутник мејд ин еу, до Москва не ми се оди некако. А зошто АЗ користат аденовирус од шимпанзо, која ли е логиката?
Малку политичко-економско епп на тема вакцини Германските експерти велат лицата помлади од 60 години да не примаат втора доза АЗ туку друга вакцина https://sdk.mk/index.php/svet/litsa...ta-na-astrazeneka-velat-germanskite-eksperti/ Исто така Германија- го засилува локалното производството на фајзер вакцини https://www.dw.com/mk/вакцини-герма...az-rss-maz-pol_njemacka_timemk-26867-xml-mrss Бугарија нема нарачано руски вакцини, за награда добива 1,1 милион дози фазла од ЕУ https://www.ft.com/content/0a7de304-f692-4e65-af47-08fa9e53be8d Ама затоа Австрија ќе порачува Спутник Добро бе, имаат ли овие памет
Може ли да ми ја најдеш официјалната изјава од СТИКО, Германија за изјавава за ова, пошто јас барам и никако да најдам. На официјалниот сајт немаат ништо за Астра Зенека од 21ви јануари.
Искрено доста сум налутена и исфрустрирана за процесов на вакцинација. Не знам зошто одредени групи имаат приоритет пред други, групи на луѓе кои не се со хронични болести, групи на луѓе што и не работат со луѓе. Администрација пред се и над се! Еве нека кажат дека прават списоци за сите вработени во наведените институции, независно дали работат во канцеларија со уште еден колега, или од дома, или пак возат автобус и регулираат сообраќајници. Зошто вработен во МВР што работи само административни работи, има поголем приоритет од шивачки во текстилна фабрика која работи во погон со уште 20, 30 луѓе. А каде се хронично болните на листиве? Па не се само над 70години болни луѓе! Не знам како е во другите земји, и не ме интересира. Неправедно е, луѓе со кревко здравје од различни возрасти, да чекаат администрација што работи пола во месецот од дома, да се извакцинира прва! И да..да да на сите ќе ни дојде редот, супер. Ќе ни дојде со кинеската, фала многу. Изгледа сепак ни останува да се пријавиме во Србија. Вучиче султане наш
Да те надополнам @kravce Зошто да бидат приоритетни вработени на патарина,кога се сами во кабина ,а не наставници во основно и средно? Како ќе се врати образовен процес ако не го вакцинираш прво кадарот?
Вие сите во првите борбени редови со контакт 1000+ луѓе дневно веќе имате имунитет и за ебола и други тропски болести, ковид е мачја кашлица за вас Затоа една цела банка „падна“ у борбата кај нас, ама нема везе. Све је под контрола
https://www.rki.de/DE/Content/Kommissionen/STIKO/Empfehlungen/Vierte_Empfehlung_2021-04-01.html Ова можеби? Од вестите - Филипче ќе почека да види што и како со АЗ, еве ги резултатите што ја занимаа @Cosmi пред некој ден (претпоставувам ова е МК институт) Институтот за демократија „Социетас Цивилис” направи анкета за вакцините. Педесет проценти од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале. Најголем дел од граѓаните, според анкетата, вкупно 39 отсто ја преферираат вакцината на Фајзер, додека втора по ред е вакцината Спутник В со 21 отсто. Малку преферирани се вакцините Синофарм, која ја преферираат 6 отсто од граѓаните, потоа е Модерна, која ја преферираат 5 проценти од граѓаните, додека најмалку преферирана вакцина е АстраЗенека, за која се определиле само 3 отсто од граѓаните.
Вработените во маркет треба да се приоритетни,фармацевтите исто, вработените во образование,посебно тие со физ.присуство 4 саати со 20 деца кои може да замислиме само како носат маска во иста просторија...
Не е точно дека администрација работи дома, секој ден идат на работа, пишував во другата тема дека мајка ми беше принудена одмор и боледување да земе оти ги напикаа сите заедно а пола од нив оние од рамковниот без маски дремат. Еве ја уште и е страв да појде на работа. Инаку нив нема да ги вакцинираат нема таква информација.