Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.788
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Еден од уапсените антиваксери во Србија бил вакциниран, соопшти српската премиерка Брнабиќ

    „Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.

    :D:D:D
     
    На Autumn_, JoyJoy, Waverly Raven и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    6.221
    Не те напаѓам, само отварам дискусија.
    Те сфаќам многу добро што сакаш да кажеш, ама таа стара школа може да помине само кај сезонски настинки со десетици случаи, не и во време на пандемија со 1000+ дневно (не сакам ни да замислам дека кај сите истата шема “за недај Боже” се тера). И секако, така е многу полесно.

    Јасно пишав дека правилното работење побарува ресурси (што човечки, што материјални), но мора да се стремиме кон тоа колку можеме, а не да креваме раце и да се жалиме.

    Верувај дека рентген без да преслушаш пациент (или она уште појакото - ртг кај пациент кој веќе прима антибиотик со одлична сатурација), испитување д димери од ракав и антитела кошта многу повеќе од лабораторија.

    Сегде е преоптеретено здравството, ама само кај нас (а верувам и останатиот Балкан) се делат коктели антибиотици.
    Постковид ерата мене повеќе ме плаши отколку мометалната.

    И не треба секој ден да се прави лабораторија, пишав дека треба следење на неколку дена. Гарант има и препораки на колку и кој ден се очекува бактериска суперинфекција, ме мрзи сега да барам.

    Точно дека одат многу луѓе на приватно, ама дел е од што немаме стварно, а многу поголем удел има и тоа што друг некој испитува без реална индикација, па тој што стварно има потреба не може да дојде на ред.
    До системот е, не е до лекарите. Уствари и лекарите се системот. Сите сме системот.

    И btw, антибиотикот знаеме каков лек е, во никој случај не е лек против брза прогресија, оти самиот ковид е многу повеќе од пневмонија. Ниту пак е лек за профилакса.
     
    На BloodElf, buba4e89 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.350
    Допаѓања:
    190.238
    На ваше место би си замрзнала јајце клетки за секој случај.
    Можеби е претерано, ама да бидеме реални, ако не си изолиран од цивилизација комплет, прашање на време е кога ќе го фатиш. А мислам вакцина не може да направи нешто што не би го направил и ковид.:(
    Иако, не ми е јасно како женска плодност би била засегната, единствено имаше наоди за машка плодност и ковид:?:
     
    Последна измена: 4 април 2021
    На LejlaD, Annath и DaisyDream им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.350
    Допаѓања:
    190.238
    Баш го гледам видеото од погоре, објаснува Марковски и за суперинфекциите и за антибиотиците. Уште не сум стигнаса до делот од бомбастичниот наслов.
     
  5. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    6.221
    Кое видео Биљарке?
    Каков наслов :D?
     
    На buba4e89 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Како мислиш старата школа може да помине само кај сезонска настинка? Дали под "стара школа" мислиш на докторите кои препишуваат антибиотици од ракав? Ако да, напротив. Сезонските настинки не се споредливи со сарс-ков-2. Блага клиничка слика која поминува за неколку дена со помош на симптоматска терапија. Ретки се тие со компликации и ризици (пр. Пациенти со ХОББ и други болести) кај кои постојат огромни шанси за калемење бактериска инфекција.

    Што се однесува до ресурсите, се сложувам дека треба да се стремиме кон тоа, ама сеа моментално е вонредна состојба и се вага со сите капацитети (човечки и материјални).

    Пак ќе кажам, никако не сум за делење антибиотици како коктели со дупли дози сумамед (чие што дејство патем останува во крвта уште 10 дена од неговата примена). И тоа посебно кај лица без симптоми. Не зборувам за тој тип лекари. Ама, постојат добар дел од лекарите кои оправдано препишуваат антибиотици. Дури и двојна и тројна терапија. И за тоа постојат индикации. Целокупната слика се зема во предвид. Клиничка слика, аускултација, рентген, ризик фактори на пациентот итн итн.

    Верувај дека не е така како по книга. Имав прилика да видам со свои очи како кај еден ист човек специјалистите ги укривуваат матичните лекари за препишување антибиотици, а другиот ден зошто не препишале антибиотици. Немаат никаков протокол за работа и се водат според своите искуства.
     
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    @Autumn Love пост ковид ерата е нешто со кое допрва ќе се соочуваме. Антибиотска резистенција, кушинг синдроми, хиперкалцемии, хипервитаминози, депресии, анксиозност. Од сè по нешто.
     
    На Glowy, Waverly Raven, Ambrosia и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    6.221
    Пеперутке, си влегла еднаш во ковид центар и одма мислиш сѐ што лета се јаде. Не само што верувам дека не е по книга, туку знам од пракса.

    Не можеш да ми правиш муабет ако не знаеш како се работи во глобала низ цела држава. Нити па имаш искуство доволно за да правиме муабет.

    Не ми мешај индикации со давање антибиотици скоро на секој амбулантски пациент (додуше после бројните апели на Проф. Пановски се поднамали праксата, што е за право), а и јас не оспорувам за болнички пациенти, ако влезе ковид позитивен кај нас по болнициве секако ќе накалеми нешто и посекако ќе има потреба од антибиотик.

    Зборам за вонболнички, само толку го разбра проблемот.

    Нити па зборам за некој со хобб или ај сега лупни ми со цистична фиброза.Тука нема ни простор за дебата, се знае.

    Протокол каков таков има кога да се почне со антибиотик, отвори и прочитај по тие часописите што ги постираш цело време.

    И баш те молам да ми најдеш за тројна антибиотска некој гајдлајн, да научам бар нешто од ова дремење по форумов :D.
     
    На BloodElf, buba4e89, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Прво не знам зошто ти е ваков пристапот, не се обидувам да испрезентирам никакво искуство.
    Апсолутно немам искуство и затоа се повикувам на искуството на лекарите кои после 12 месеци водење борба со вирусот, ваљда знаат кога и каде да употребат антибиотик. Барем дел од нив!!! Потенцирам: не зборувам за пациенти кај кои од ракав се даваат антибиотици без да има било какви симптоми, крвна слика што оди во прилог на суперинфекција, коморбидитети, ризик фактори, аускултација, рентген итн.

    Ти скроз ми ја имаш промашено поентата на муабетот. Јас зборувам за хаосот во кој моментално се наоѓаат и лекарите и пациентите и специјалистите. Заради големиот наплив на пациенти се соочуваме токму со ова препишување/непрепишување лекови. И токму заради тоа цело време зборувам дека е меч со две острици. Сите цело време ги обвинуваат матичните лекари, кои пак ќе кажам работат без протокол, а притоа покриваат најголем дел од ковид позитивните пациенти. И кога ќе му се влоши ситуацијата на пациентот, што да му прават? Нема место во болница. Немаат услови за хоспитализација на пациентот. Да го остават да умре?!

    Повели, комбинирана антибиотска терапија во третман на пневмонии.

    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/ar...ts but,or a respiratory fluoroquinolone alone.
     
    На g8lQQk и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  10. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Нема врска вакцинацијата со плодноста. Тоа е само мит. Нема научни докази дека вакцините делуваат на плодноста или дека после ваквинација не треба веднаш да останаш бремена
     
    На Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    На канал 5 имаше разговор со проф. др. Даниловски за антибиотиците и ова го кажа
    Проф. д-р Даниловски: Да им се одземе лиценца на оние лекари кои без потреба даваат антибиотик
    https://medicinaizdravje.org/prof-danilovski-licenca-doktori-antibiotik/
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Да, ама се пласира така.А од вирус може да има милион различни последици...
     
  13. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    6.221
    @Peperutce1115 Види, јас ви се надоврзав на дискусијата и поставив прашање за реалниот проблем кој ме револтира, ти ја носиш цело време во друг правец.

    Јас зборам за антибиотици што на велико се делат (/делеа, не знам месециве како е) без потреба вон болница и за што зборат и професорите во јавност, ти ми збориш за давање антибиотик кај болнички пациенти со црп 300 и уште не знам каква ми ти индикација.

    Ако ти мислиш дека антибиотикот е лек во вакви случаи, тогаш не си научила ништо од ковидов.

    Според студијата што ја читав пред извесно време, само 3,5% имаат на почеток бактериска коинфекција, а по примање во болница 15-20% (може сега има нови податоци не знам).
    Значи антибиотик има потреба кај колку?

    Пак ќе ја спомнам Европа, отвори прочитај колку таму се третира амбулантски ковид со антибиотик. Или таму лекарите се нестручни, го немаат тоа искуство ко нас или кријат протоколи, еве не знам.

    Ова го знам. Те прашав за тројна антибиотска ко што ти пиша погоре.
     
    На BloodElf, buba4e89, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Епа ај, ќе го оставиме со накалемена бактериска инфекција да развие септичен шок.

    https://pneumoniaresearchnews.com/2...eradicates-drug-resistant-pneumonia-bacteria/
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.350
    Допаѓања:
    190.238
    Имаше уште на почетокот индикации за импакт врз машка плодност.
    Еве од годинава
    https://www.sciencemediacentre.org/...productive-function/?cli_action=1617551742.08
    За женска, не сум слушнала.
     
    На Angie1432 и DaisyDream им се допаѓа ова.
  16. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    6.221
    Само со антибиотик ништо нема да направиш во таков случај (читај - мултисистемско засегање и побарување на интернистички и интензивен третман), да се лечеше ковид со антибиотик немаше да имаме толку смртни случаи на дневно ниво, ама гледам дискусијава нема поента така да на темава од мене толку.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Ти ја носиш дискусијата во друг правец. Не знам што не ти е јасно. Пет пати повторувам дека дури и во амбулантски услови може да има пациенти со накалемена бактериска инфекција (високи леукоцити, неутрофилија, високо ЦРП), ризични пациенти, со дијабет и ХОББ, дебелина итн итн. И во тој случај не само што е оправдано, туку е неопходно препишување антибиотик.
    И не мора да е со ризик фактор, ако докторот слуша наод на слушалка и има кај пациентот параметри кои укажуваат на калемење бактерија, ќе даде антибиотик.

    Не знам како ти е замислено тебе, ама не секогаш пациентите со секундарни инфекции се среќаваат само во болница. Конкретно сега, огромен е бројот на таквите пациенти кај кои нема место за хоспитализација, па матичните лекари се принудени да ги третираат.
     
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Да имаше место по болниците за хоспитализација на ваквите пациенти, немаше да има толку голем број смртни случаи.
    Секако дека нема ништо да направиш само со антибиотик, ама антибиотикот е првото нешто и клучно! за да ја убие бактеријата и спречи развој на сепса.
     
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.222
    OD кога би примила и ја се пријавив не смеам 6 мес да останам, а у план ми е да останам за некое време/?
     
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.222
    Ај некој поискусен или постручен дали треба да се вакцинираме ако планираме бременост башка јас имам абортуси?
     
    На Anaksunamoon му/ѝ се допаѓа ова.