Ставот на другарка ти, на @Lima24 и на секој оној што одбива да се вакцинира, оди во полза на секој оној што сака да се вакцинира. Не само што не е штетен, напротив, добредојден е, затоа што со нивното одбивање, ќе има вакцина за некој друг кој можеби не би бил инаку толку приоритетен. На крај, како што прочитав некаде, за да се создаде тој колективен имунитет треба да бидат вакцинирани околу 30% од граѓаните на една држава, а има сигурно далеку повеќе од ова што би сакале да се вакцинираат. Проблем е, што кај нас ќе има недостаток на вакцини, пошто нас не третираат како треторазредна земја и вакцинирањето ќе почне далеку подоцна од сите останати, со што ќе резултира со повеќе смртни случаи, поголем пад на економијата и ќе бидеме со месеци, ако не и пола година позади соседните земји. Е тоа треба да се критикува.
За да се види вакцината дека е многу ефикасна треба да се вакцинираат многу луѓе. А исто така треба да помине и многу време, кај некој нус појавите може да му се развијат после неколку години. Квалитетна вакцина не може да се направи за неколку месеци, ова повеќе изгледа како борба кој попрво ќе измисли вакцина и ќе му ја претстави на светот.
Ај еве не спорие за СИДАТА ама пак ќе прашам како мислите да стигнеме до тој колективен имунитет? КОја е цената? Не сме ни блиску до тоа како земја и како светска популација а смртноста е голема? Од претходната членка што викаше колективен имунитет му е спасот не добив одговор како до него со малку жртви. Еве ти просветли ме. Како до колетивен имунитет без да се изгубат животи, без да рикне економијата?
А дали мислиш дека вакцините се решение на проблемот? Што ќе се случи ако не се ефикасни? Што ќе се случи ако има катастрофални последици по здравјето на популацијата? Не знам како вака храбро (или лудо) повикувате на вакцинирање со вакцина вчера измислена? Да, мРНА се проучува веќе 30/тина години, ама... до сега немало вакцинирање со овие вакцини т.е немало масовно вакцинирање, туку само во рамките на тестирањата. Немало вакцини по редовен календар кои се од овој тип вакцина? Што ако се неуспешни или не дај боже штетни? Не се вакцинира 1, 2 % проценти од популацијата, туку се оди и се повикува на 100% вакцинација. Знаете ли што значи тоа доколку има последици од истата? @OutOfAnywhere ми напомена да читам релевантни извори, а не рекла-кажала муабети... Јас читам релеванти извори, и од едната и од другата страна. Оти има експерти со долгогодишно искуство кои повикуваат на претпазливост за вакциниве. Овие не се експерти оти се контра тие поекспертите? Не знам што да кажам?! Ама мене ова не ми мириса на добро. Особено што Били ГејЦ е финансиер (индиректен, нели) на обете вакцини кои се форсираат. И вака и така ќе не принудат да ги примиме доколку не се разбуди разумот кај луѓето, а не да бидат водени од страв.
Били, ако некој ги критикува одговорните како се справуваат со кризава тоа сум јас. Отвори ми мислења, отвори ја темата за корона, ќе видиш дека јас истото го зборувам. Станува збор за два различни проблеми, јас зборувам за другиот, а тоа е дека имаме население кое се инаети да се вакцинира и да помогне еднаш засекогаш да го надминеме кошмаров. Направија анкета за балканските земји како стојат со размислувања, еве ти резултат. Мене ова ми е најстрашно од се, што луѓево не гледаат како изгледа свет што не е вакциниран од инфективна болест која се пренесува аерокапково. Дозволуваме теории на заговор да диктираат за колективното здравје, тонеме во дупка и од финансиски и од медицински аспект. Во спојлер ќе ја ставам досегашната статистика, кој сака нека ѕирне. Спојлер Američka uprava za hranu i lekove (FDA) je objavila dokument na 53 strana sa iscrpnim detaljima Pfizerove studije, a kojim će se koristiti u odlučivanju o puštanju ove vakcine u promet. Šta smo naučili iz ovog dokumenta (na kraju teksta, svako može da mu pristupi): - Vakcina je testirana u različitim kategorijama - 49% žena, 51% muškaraca, ukupno 40,000 ljudi. Preko 21% volontera bilo je starije od 65 godina, 4% starijih od 75 godina, najstariji čovek koji je primio vakcinu ima 89 godina. Od ukupnog broja ispitanika 46% je imalo komorbiditeta, 35% je bilo gojazno. - Kada se svi ovi faktori uzmu u obzir rezultati pokazuju da je EFIKASNOST VAKCINE KONSTANTNA i ne zavisi od godina, pola, rase, komorbiditeta... - Visoka efikasnost (52%) se postiže nakon samo prve doze, 2 dana nakon druge doze efikasnost je 90% a 7 dana nakon druge doze efikasnost je oko 94%. Ako pogledamo grafik (crvena linija ljudi koji nisu primili vakcinu, plava vakcinisani, y osa je učestalost Kovida-19) vidimo da se 10-12 dana nakon vakcinacije plava kriva zaravnjuje tj. broj slučajeva opada tj. ljudi počinju da stiču imunitet (verovatno zbog povećanja nivoa antitela), dok broj slučajeva u nevakcinisanoj grupi nastavlja da raste! - Vakcina nije testirana na trudnicama ali je u toku studije 23 žena ostalo trudno - nije bilo neželjenih dejstva u grupi novih trudnica koje su primile vakcinu. - Manje od 5% onih koji su primili vakcinu su prijavili neželjene efekte kao što su povraćanje, temperatura, itd. Najčešće prijavljeni neželjeni efekat bila je bol na mest injekcije (60% u vakcina grupi vs. 30% u grupi koja nije primila vakcinu). KAO I KOD SVAKE DRUGE VAKCINE. - U grupi koja je primila vakcinu bilo je 2 smrti, obe u podgrupi 55+ godina - jedan je preminuo od ateroskleroze, drugi od srčanog zastoja 62 dana nakon vakcine. Nijedan od dva slučaja nije posledica vakcine, više ljudi je preminulo u placebo grupi (4) u istoj starosnoj dobi nego u grupi vakcinisanih. I sada ide ono čuveno pitanje aaaaaali - šta sa kasnim neželjenim efektima i uticaja na imuni sistem. Slavice, uticaji na imuni sistem se vide u prvih 10 dana kao što vidiš, “dugotrajni neželjeni efekti” koji su posledica vakcina se ispoljavaju u roku od 2 meseca maksimalno. Ove studije su radjene i ispitanici su praćeni SKORO godinu dana (0,7 godinu). Tako da: Vakcine su i bezbedne i efikasne kao što smo svi i želeli, vakcine su valjano testirane i svi mogući podaci su dostupni široj javnosti tako da svako može sam da ih pregleda i izvuče zaključke. Elem, nauka koja nije ograničena novcem je najbolja stvar ikada. А иначе апсолутно ги поддржувам сите бизнисмени кои ќе примаат само вакцинирани клиенти. Ван памети ми е да вложам грдни пари во сопствен бизнис за да ми се пикне некој антиваксер и да ми направи мини кластер па пак да треба да се затворам и изолирам и да губам пари. Ако веќе има начин да се спречи ова и некој свесно одбива, тогаш нема зошто да соработуваме да ме става мене во ризик и сите луѓе кои работат со мене.
Е нема и јаре и паре. Кажав јас убаво ама колку си ме прочитала тоа не знам. Еднаш кажав еве уште еднаш ќе повторам. Вакцина која што е произведена за неколку месеци не е можно да биде вакцина 100% без страшни последици. Може нус појавите би се појавиле после 10 години. Може да има катастрофални последици, после вакцинирање да умрат уште повеќе отколку од коронава. Безмислено е да уценуваат луѓе да примат вакцина.
Аха добро. Значи нека поумирааг луѓе, нека рикне се, ќе јадеме корења и ко преживи причаќе. Многу апокалиптична ти е визијава за постигнување колективен идентитет. Алал вера.
А сега демек цвета се, па вакцинава која е откритие на векот ќе не спаси а? Никаде не реков да умираат луѓе, ама не е некој голем спас вакцинава, со оглед на тоа што е нова и не е доволно испитана, поточно не се вакцинирани многу луѓе за да видиме дали е стварно ефикасна и нема катастрофални последици. За ова зборувам.
Вакцината се базира на стимулирање на имунолошкиот систем. Имунолошкиот систем не може да се одбрани од ХИВ, нема ефикасен одговор поради генетски ограничувања. https://www.sciencedaily.com/releases/2014/07/140718095416.htm Да се ширеше ХИВ воздушно како САРС-ЦоВ-2 и да беше агресивен во симптоматологија како него, до сега 90% од Хомо Сапиенс Сапиенс ќе беше истребен. Вирус од истата фамилија од којшто имаме одбрана, СИВ, одбраната се базира на Трим5алфа протеинот, што е интрацелуларен, и не се знае сеуште баш најточно како работи. https://en.wikipedia.org/wiki/TRIM5alpha Единствените што се * излечиле * од ХИВ се оние што имаат примено коскена срж со специфична мутација што ги прави нивните бели крвна зрнца имуни на ХИВ. https://en.wikipedia.org/wiki/Berlin_Patient *** Ако го видиш календарот на Модерна, може да ти се чини дека бидна за два дена, пошто после објавата на генетската секвенца на САРС-ЦоВ-2 на 11 јануари, вакцината беше готова на 13 јануари и пуштена за во продукција. Се додека не додадеш дека мРНА вакцини како платформа се развиваат 30 години, а САРС вакцини се развиваат уште од 2003, од првиот САРС, така да знаеа точно што да гаѓаат. Еве, за Пфизер вакцината... "BNT162b2, a lipid nanoparticle–formulated, nucleoside-modified RNA (modRNA) encoding the SARS-CoV-2 full-length spike, modified by two proline mutations to lock it in the prefusion conformation." Превод за оние што треба: "Идентификувавме дека антителата што ги произведува имунолошкиот систем целат на протеинот што му овозможува да влезе во клетките преку АЦЕ-2 рецепторот, и затоа му даваме информација на имунолошкиот систем како САРС-ЦоВ-2 го произведува протеинот и што прави со него, за да може да го сотре во старт." Сепак се користат новиве технологии во последниве 20 години и за други работи, не само за подобри слики на старлети на Инстаграм....
Да се повториме за паушалниве неиздржани изјави. Вакицните работат, истестирани се на десетици илјади луѓе, имаат антитела. Ако имате сомнеж, Дајте модели. Има модели како работи мРНА. Истестирана е до бесвест. Ако има модели дека ќе предизвика штета, дајте нешто конкретно, место "ама знаеш, до вчера јас не знаев дека ова постои, и не знам што ќе биде". А извор камо? Кои се тие експерти? Пак паушални изјави - ама има експерти. Нека дадат нешто релевантно и конкретно, па да видиме колку ќе држи вода. Или се што имаат е истата кампања со повикување на недоречености и генерализации? И се јави чистиот антиваксеркси момент. Што ви е крив Бил Гејтс, освен изјавине извадени од контекст по јутјуб? Да, ајде да се повикаме на Разум - место Нелогичниот Емотивниот Кампањски предизвикан страв од вакцини, нека пробаат да се водат со Ум и Разум, да прифатат превенција од испитани и докажани методи, а не од луѓе што гледаат во се' теории на заговор.
Неколку месеци? 17 години развој од оригиналниот САРС, 30 години оразвој на мРНА технологии, 100 години од откривањето на ДНК, Векови од првите идеи за теорија за предизвикувачи на болести во вид на микроорганизми ... Не е дека пред неколку месеци откривме дека постојат вируси. Проблемот со генерализирани паушални изјави е истиот - "Може..." не е баш некој ограничувачки поим, имено... Нуспојави по 10 години? Може ќе ни пораснат крилја. Може ќе станеме биолошки бесмртни. Може ќе станеме Икс-Мен. Може сите што ќе ја примат вакцинава ќе им пораснат крилја, ќе станат бесмртни, и ќе дојдат нивните роднини од звездите да ги соберат во галатичката федерација. А ако Може да се вратиме во реалноста, каде што сепак сме во 21 век, каде што науката и технологијата ги направија нашите телефони попаметни од нас за многу работи, и каде што науката и технологијата си чекорат постојано напред, и да не се правиме паметни дека се' ние знаеме, туку дека има луѓе што си ја знаат работата со која што се фатиле.
Кој сака нека се вакцинира слободно. Од сите производители ако сакате коктел примите, ваше право. Исто како што е мое право, да ни на сон, нема да прифатам муќкотина смислена ради профит, да ми вбризгаат,а притоа жива здрава права. Ноуп, тенкс. Прашајте ги медицинските лица зошто и они одбиваат вакцина.
За неколку месеци се направи вакцинава а не дека откривме вируси сега, читај пред да ми реплицираш те молам. А и тие научници се луѓе и можат да згрешат нели? Или безгрешни се тие?
Немам јас што тебе да те просветлувам. Не сум дојдена за тоа, кажав само став. Од мое познавање на вирусите, вирулентноста слабее со поголем пренос. Значи колку повеќе е распространет толку побрзо ќе ослаби јачината. Во меѓувреме ќе откријат и уште некој поефикасен лек (ќе научат да нѐ лечат) па ќе се намали смртноста. Како ќе се намалува смртноста така и економски ќе се стабилизираме. Но тоа нема да биде ни утре ни задутре. Јас лично очекувам оваа година па и идната 2022 да бидат економски многу потешки од 2020та. Иако не сум економист но од општа култура знам дека кризата секогаш покасно настапува. Ми фуфка како ќе издржиме. Но повеќе ми фуфка од вакцината што некои едвај ја чекаат. Не доволно долго е тестирана. Не зборувам за реакции како црвенило и оток на раката, зборувам за откажување органи, менигни болести после многу години од примањето. Премногу е краток периодот на тестирање за да бидат сигурни дека е ефикасна ем сигурна вакцината. Еве деновиве им прават анкета на здравствените работници и знам дека многу од нив кои не се сложуваат да примат. Да те потсетам дека си на општ женски форум, и верувам дека повеќето не те разбраа. Треба народски превод, џабе е да се расфрламе со стручни поими ако сакаме да дебатираме.
Турција ја потврди ефикасноста на кинеската вакцина од 91,25 проценти (makfax.com.mk) Еве податоци за кинеската вакцина на пример. Потврдена и во Турција. Во момемтов има 5 вакцини што се тестираат не е само една. А јас збоуравм за цела светска економија, не е само кај нас овој проблем. Врзани садови е економијата. Ам ај нема врска. Поарно ќе умираме отколку да прифатиме дека нешто може да помогне. @Kitten до сега се покажа дека овој вирус не слабее во вирулентност. Напротив новите мутации од Велика Британија и Јужна Африка се повирулентни. Ама добро еве ќе веруваме дека само по себе ќе исчезне. ЛалаЛенд се вика ова. Ќе гледам како нешто зема замав и ќе се надевам дека ќе исчезне. Ај важи.
А што ако вакциниве донесат полош исход? Сакам мислење за ова да ми кажеш, после од вакцините ќе умираме.
Вакцината не може да биде полоша од коктелче од антибиотици, клексани и уште триста други работи што ги пиеме ко бомбони, особено на долгорочен план. И тие го оштетуваат џигерот, не дека не, па пак луѓево немаат уплав од нив. Што мислите, обично апче за главоболка што го пиете не е штетно? Тек па храната што ја јадете колку е препрскувана, пилешкото што го јадете е од кокошки удавени во стероиди. Тоа на долгорочен план бележи огромен раст на рак на дебело црево пример. Ова докажани лоши ефекти. За вакцинава уште нема докажано дека може нешто компликации да предизвика. А и крај краева не е задолжителна де, кој сака може, кој не не мора, не разбирам зошто олкав отпор.
Од разни медиуми, странски. Пиши на чичко google и ќе прочиташ. Еве сега едно истражување читав дека после вакцинава нема траен имунитет, значи секоја година ќе има боцкање. А дали секоја година ќе има милијарди вакцини за секој човек? Не, само ризичните ќе се вакцинираат. А зошто да примиш само еднаш вакцина кога понатаму пак не би се вакцинирала? Ќе има недостаток од вакцини, па здрав, прав човек зошто да се вакцинира? In a statement released by US channel Al-Hurra, the FDA confirmed that among the deceased was a participant who was obese and suffering from arteriosclerosis and died three days after taking the first dose of the vaccine. “Of the six dead, three are over the age of 55,” the FDA clarified.