Препорака бе момиче, guideline, нешто што е одобрено ко третман, официјален од сзо или од пулмолошка/инфектолошка асоцијација, европска/американска, јас од рандом сајтови не се едуцирам. Ај дека не можеш уште еднаш да ми реплицираш дека ако некој има потреба од антибиотик добива/треба да добие. Ако професорите излегуваат и алудираат дека се препишуваат нерационално (има и со бројки прогуглај), не само што не измислувам топла вода, туку и се изнагледав во секојдневната пракса примери еден куп. Ако не знаеш дека Панцеф+Сумамед е/беше протокол кој се употребуваше на велико (ај сега почни пак со индикации и ризик фактори), што правиме муабет тогаш? И btw, немам што да замислувам јас .
Па токму тоа ти го зборувам девојко. Рационално и правилно користење антибиотици. Читај убаво! Сајтот што ти го пуштив има линкови со научни студии. Научно поткрепено е. Факт е дека многу резистетни бактериски инфекции се третираат со комбинирана антибиотска терапија. Тука завршувам дисксија.
Читав дека не требало да се планира бременост скоро после примањето, ама па студиите се менуваат од ден за ден. Истражи убаво, информирај се.
Има некој информација дали ќе продолжи вакцинирањето на Македонци во Србија? Пополнив пријава за мене и семејството пред една недела, но се' уште немаме добиено никаков одговор.
Денес имаше инфо дека дополнително отвараат 50 пункта за вацинација без термин. Е тоа е за нивни граѓани, претпоставувам. Ама имаат многу вакцини. Па се надевам ќе има и за нас. И јас чекам исто термин.
Дафи, слушнав дека можам да внесам 0600 па после посл. 6 цифри од мој број и дека системот ќе прифати... можно е? За да добијам реално бројче ќе треба да чекам уште мин. недела дена...
Во сајтот првиот линк е кејс рипорт од цел еден случај, вториот е ин витро студија и симулација, нигде не гледам препорака за во пракса. Не е само да постираш линк, треба да знаеш што пишува таму. Факт е дека вакви комбинирани режими уствари водат до појава на мултирезистентни соеви и факт е дека тие истите ги има во болница, а не вон болница.
Сега разговарав со една клиентка од САД,примила Џонсон Џонсон,таа со едно боцкање,и вели баш лошо ми беше два дена. Кај нас којзнае кога ќе дојде оваа со едно боцкање.
Тие што биле алергични на пеницилин т.е развиле анафилактичка реакција не требало да се вакцинираат со спутник и синофарм. Какви сознанија има во врска со ова? Дали некој има читано и е запознаен? @Ahoy
Мислам дека сите кои имале анафилактички шок некогаш треба да се вакцинираат со особено вниманое и претпазливост, во консултација со лекар(и).
Не пишува ништо за тоа никаде. Барем јас не сум прочитала, а и мене ме интересира а лице што ималео анафилактички шок (не е од пеницилин од друго е). За Спутник нема многу никаде ама за Phizer има пријавено алергиски реакции на вакцината без конкретен линк со било која претходна алергија (освен на Пег8 - ако ја има не смее Phizer и на латекс). Еве линк: COVID-19 Vaccine: How Best to Prepare (webmd.com). Само следење по вакцината треба подолго (30 минути место 15) и толку.
Прочитав во кометарите на проф. Даниловски имаше спомнато за ова, за тоа прашувам дека пред тоа се немам сретнато со ова, а и некој друг од професорите имаше спомнато.
Директорот на клиниката за пулмологија Д-р Дејан Докиќ го има кажано тоа. https://telma.com.mk/2021/03/12/докиќ-во-топ-тема-само-оние-кои-имале-а/