Дали некој пробал денес да се пријави за вакцинирање на страната https://kovid19vakcinacija.mk/ при пополнета апликација и опција испрати нема потврда дека е испратена пријавата,само крукче што се врти, но пак враќа на пополнетата апликација. Дали тоа значи дека сме пријавени или?Ако знае некој да каже. thanks
Треба доле да ти се појави да штиклираш дека не си робот.Рефрешнувај додека не се појави тоа, и после пополни.На крај искача порака со зелено дека е успешно пријавувањето.
Во образование веќе прават списоци кој сака да се вакцинира со Спутник, и тоа без разлика на возраст. Веројатно министеркава успеала да издејствува.
На дедо ми му се јавиле за вакцинација на 15ти, тој сака да се вакцинира, ама он има запушени вени за кои чека операција веќе 6м, пие лекови против за згрутчување на крвта, матичниот не спомнал ништо за ова, нели е ризично да го вакцинираат со АЗ? Што мислите?
Може и по еден месец, тоа е генетална препорака, иако во Македонија д.р. Петличковски вели дека препорачале барем 6 месеци да поминат по инфекцијата за да се вакцинира лицето. Не од безбедносен аспект, туку за да не се зема место на некој кој воопшто не е заштитен. @tinka-mace треба да стигнат уште 196 000 Спутник.
Петличковски: Прв би се вакцинирал со АстраЗенека во случај да не бев веќе вакциниран Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, д-р Александар Петличовски во гостувањето на Сител рече дека само комбинирање на мерките, односно рестрикции и масовна имунизација може да даде добар резултат во борбата против Ковид-19. Во однос на имунизацијата со „АстраЗенека“ рече дека не е логично таа да е помалку безбедна за лицата кои се на возраст под 60 години. -Мислам дека се ова некои статистички исечоци кои покажуваат некакво почесто случување на тие несакани ефекти. Но, реално кога сѐ ќе се сумира мислам дека повторно прашината ќе спласне и „АстраЗенека“ ќе си се врати во редот на безбедни вакцини, рече Петличковски, додавајќи и оваа вакцина ја става во иста безбедносна граница како и останатите. Потенцира дека тој е првиот кој би се вакцинрал со „АстраЗенека“. За кинеските вакцини, кои всушност треба да пристигнат во Македонија во најголем број, Петличковски вели дека податоците за нивната ефикасност доцнеле на почетокот. Меѓутоа, тој појаснува дека се работи за безбедни вакцини кои имаат пониска стапка на ефикасност. -Но, од друга страна имаат друга предност бидејќи создаваат имунитет на комплетниот вирус, а не само на некој изолиран негов протеин што е пристапот кај другите модерни вакцини. Јас од секоја вакцина се воодушевувам колку е таа технологија напредна и колку е таа технологија модерна, рече Петличковски, појаснувајќи дека станува збор за вакцини правени по најстарите достапни методи.
Лице 66 години со варикозни вени, хипитироида хашимото, лекови за притисок .. Дали смее да прими АЗ или може да бира. И ако може кој е начинот. Дали треба специјалист да даде мислење?
На мене ми стигна покана за вакцинација во Германија.Прашав кога да се вакцинирам, ми рекоа минимум 6 месеци да поминат.
Ние за слична ситуација добивме препорака задолжително да се вакцинира, а да прима Флебодија (мислам дека тие беа) барем од Април до Јуни. Секако, консултирајте се.