Од приказни на денот, ја издвојувам оваа на Милица Стојанова: "Поминав една војна, онаа Втората светска... Го искусив татнежот и плачот на земјотресот... Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички... Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам... Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив... Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се' уште да се радувам во заедница, а не да самувам. Затоа да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене... И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив. Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот." *Слика нема да ставам, не знам дали е дозволено.
Dali za zdravstveni rabotnici, vakcinata bese zadolzitelna sekoj mora da ja prims ili bese dobrovolna ??
Значи вистина варикозни вени се аспект да се земе предвид? Завчера шо се вика, лично бев на лекар со тоа прашање, вика нема везе, секоја втора жена ги има
Теоретски да, практично и не баш. Полошо е ако има некој проблем со длабоките вени на нозете, тоа веќе е ризик фактор некој. Секако зависи и од степенот на изразеност. Како што рече скоро секоја втора жена има, особено што раѓале, ама кај некои пример што се многу изразени (ама баш многу), индиректно може ем да прави ем да укажува на проблем со длабокиот систем и треба да се земе во предвид. Иначе чаре - чорапи еластични да се помогне циркулацијата, флебодијата многу ефект нема.
Значи да си одам на венолог да ме провери ? Има некои крвни параметри/испитувања да знам да си побарам, секако ако не си побарам нема ништо да ми понудат
Најверојатно и Британците ќе ја забранат АЗ вакцината за помлади од 30 години. https://republika.mk/vesti/svet/bri...-so-astrazeneka-i-da-im-ponudi-drugi-vakcini/
ДАЛИ ЛУЃЕТО АЛЕРГИЧНИ НА ПЕНИЦИЛИН ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ, ШТО ДА ПРАВАТ ОНИЕ СО МАЛИГНИ БОЛЕСТИ - српски стручњаци одговараат
Цело време ова го гледам- Вистинска контраиндикација е сериозна алергиска реакција на состојките на вакцината. Кои се фамозните состојки на секоја од вакцините?
За надворешниве вени не се прават некои испитувања, длабоките се гледаат со доплер (доколку сакаш нив да ги провериш). Крвни параметри кои се испитуваат се д димерите. Доколку немаш отоци и црвенила мислам дека немаш потреба, надворешните се повеќе естетски проблем .
Можеш да ги видиш на самите производители. На пример на Фајзер и Модерна пишува алергични на пег8 не смее да се вакцинираат со тие две (таков мора да им е конзервансот). Спутник има сахароза во состав што би го направило веројатно непогоден за дијабетичари. Алкохолот е медицински не е проблем не е 95% од составот туку јачината(чистината) му е 95%. @TheSecret секако прашајте дијабетолог.
Здраво, каква е процедурата за вакцинација ако знае некој да ми објасни, оди преку матичен? И како е за обичниов народ кога би дошле на ред? Колку што знамво моментов се вакцинираат приоритетниве. Ако нешто грешам нека ме поправи некој.
Треба да се пријавите тука: https://vakcinacija.mk/ и со тоа сте пријавени во системот. Кога ќе има расположливи вакцини согласно категоријата, ќе ве повикаат. Ако моментално имате лице(а) постари од 77г., директно контактирајте го вашиот матичен лекар и тој ќе закаже термин за вакцинација. Наскоро возрасната граница веројатно ќе биде спуштена на 70-77, а понатака ќе се вакцинира и помладото население. Сè зависи од достапноста на вакцините.