Па од кај да знаат бе Бриџо, немаат кристална топка. А некој почне да прашува овде, одма за кутлача се фаќаш.
Во темата секој може да постави прашање, а колку одговорот ќе биде веродостоен е друга работа. Секако ќе се консултирам со специјалисти. Ќе побарам повеќе мислења.
Матичната и рекла ако планира бебе или е трудна да не се вакцинира, матичната и рекла со оваа или онаа вакцина да не се вакцинира...вакви приказни се изнаслушав.
E така де, и на вакцината пиши, ако не сте сигурни, консултирајте доктор. На форум не прашувајте, матичен не прашувајте, на интернет не гуглајте- не туку прашувајте многу, многу. Јас од прашување разбрав дека моите ризик фактори не се ризик, некој можеби реално има ризик. Остај ги луѓето нека се информираат. Како тоа во пракса ќе помогне, ако немаме можност да бираме- сеуште не знам.
Дефинитивно надлежните од Европа денес дадоа оцена дека сепак има некоја пврзаност на тромбоза со астра зенека, и дефинитивно нашиве никако да не ја даваат под 60 год,затоа што незнаеме как нашиот организам ке реагира на тој тромб, затоа само ека ја даваат на постарите.Млади под 60 не.
За интернет не реков ништо, може да гуглаат. Тука од кој процент на вакцинирани очекуваш искуство за милион состојби и болести и како се поврзани со вакцината? Нека си прашуваат уствари, затоа е темата, само ти што на секоја тема линкови странски оставаш за се и сешто, сега најде тука да прашуваш па и одговор си добила За состојки во вакцини не те мрзеше да најдеш и прочиташ ама за твоја состојба бараш некој да ти прогугла. Оооок.Или колку да те има на секој трет пост?
Моите дијагнози се многу секојдневни, никој не ги истражува по странски медиуми.Фала и на @Autumn Love @P.S.love јас прашував за варикозни вени, види 3 страни поназад. А и состојките не знаев да ги најдам, фала му на @Ahoy .
На татко ми му дошла порака со термин за вакцинирање (околу средината на мај), време и место точно пишано. Инаку 55 години има и нема хронична болест. Ги пријавив со мајка ми уште на почетокот ко излезе за пријавување (таа помлада е, кај неа ништо нема). Не знаев дека кажуваат вака преку пораки. Ама ние здравите под 30 дури дојдиме на ред...
Пред да почнам, сакам само да ти кажам, коментаров не се однесува на тебе, туку на тоа што си го споделила. Има луѓе што се антиваксери, ама има и луѓе што не се, ама токму заради вакви вести не сакаат да се вакцинираат. И сега што да прават сите оние што се помлади од 60 а веќе се вакцинираа? Што беа совесни и поверуваа дека најдобра вакцина е таа со којашто ќе можеш да се вакцинираш? Јас реално не верувам дека навистина ќе имаат проблем, мислам дека таквите компликации, иако постојат, се исклучително ретки. Ама еве затоа луѓето, барем тие нормалните, не знаат дали сакаат да се вакцинираат. Политика или не, на никого нема да му е сеедно кога ќе прочита нешто вакво.
А со која вакцина? зошо овие ќе се потрошат за 1/2 недели... Службено имам некое инфо дека к кинеските којзнае когаа ќе стигнат.
Zasto davaat da se potpises pred vakciniranje? Ednostavno, zatoa so verojatnosta da ti se desi nesho e golema i nekjat da snosat nikakva odgovornost. Jas gi imam primeno site sto se do 18 so isklucok na hpv poso e sranje od vakcina a posledna mi bese tetanus i za niedna do sea ne barale potpis
Потпишуваш согласност оти несакани ефекти секогаш ги имало и ќе ги има. И од сите тие апчиња и витамини што ги голтате секој ден без да размислите има несакани ефекти, ама пак ги голтате. Не примај ништо, слободно, никој не те тера.
Информирана согласност се вика тоа. Информирање на пациентот од страна на здравствените работници за здравствената состојба на пациентот, интервенции, исходи, компликации итн. Па ако не се потпише пациентот, како би докажале дека пациентот доброволно ја примил вакцината?! После ќе дрндате дека требало да има право на избор и дека е кршење на човекови права.
И баш ме интересира каде го пишува тоа дека не сакаат да сносат никаква одговорност. Еве ја изјавата за согласност која ја потпишуваат луѓето пред да се вакцинираат. https://kovid19vakcinacija.mk/wp-co...BSdpkeNXhHRS2wOTYwBPT1OwsjOPYad1DCvPfvyFQJgcM
Веројатноста да развиеш имунитет кој ќе те штити тебе и тие околу тебе е голема. Едвај чекам да ја поптишам таа согласност Т.е. веќе ја испринтав и потпишав Закон на привлекување
Примена прва доза. Тие што сакате што побрзо на ред да дојдете, а другите никогаш да не ви биде задолжителна. Антитела да ни се стори!