Не, тој да беше ќе се јавеше. Дедо ми е над 77 и чека да му се јави него, тој за брзо треба да се вакцинира. Многу е добро вака да информираат за место и време. А која вакцина ќе е...искрено не ми менува at this point. Сакам само што побргу да се вакцинирам оти тоа е единствениот излез од ситуацијава.
Фала, што побрзо на ред да си дојдеш Организацијата е навистина беспрекорна. Не сум ни Штрумфета, ни пион, ама за ова секоја чест. Јас бев во првата група од 8:20, не пуштија и порано. Нема никаде застој, се завршува за 15 минути со чекањето после боцката за да се види во прво време реакција. И некому смешно може му е ама јас како што сум дрсла за боцкање и секогаш водички носам, тука даваа и сестрата што ме боцна излезе да ме побара дали ми е добро оти малце се исплашив. Ептен се изненадив и дај боже така да продолжи. П.с. ако сте левучар нагласете оти јас не нагласив, а во таа рака боцкаат.
Абе што е битно што пишува на согласноста, битно слушнале дека нешто се потпишува и секој си толкува како сака.А навистина тешка работа е да се отвори да се прочита пред да се истрча да се напише заклучок на интернет.
На здравје вакцината. Која ја прими? Ако е Спутник, следниот пат во другата рака ќе те боцкаат, да си знаеш.
Вчера конечно се вакцинирав, одлична организација дури не ми се верува колку се брзо одеше и сите беа љубезни. Единствена замерка е што треба сите да одат до Ск, а некои гледам групно се организираат, што ми е глупаво а реално на некој навистина им е трошок. 24 часа поминаа немам никаква реакција. Ви посакувам на сите што побрзо да се вакцинирате
Малку не ми е јасно за вакцинацијата на вработени во државна администрација и образование. Нели наставата е целосно online или од прво-четврто/петто(како беше, не сум сигурен) се одржува со физичко присуство? Многу ми е криво шо за студентите по медицина, барем оние од шеста година па и за другите, не се издвоија вакцини. Секаде по државите нив ги вакцинираа уште со првата тура вакцини кога се вакцинираа и лекарите, а кај нас задња рупа на свирали.
Да , наставата е он лине ама треба децава да почнат нормално на училиште, треба да се вакцинирани и наставниците... И да, се согласувам дека навистина се претера со вакциниве, многу неспособни излегоа, па сите сакаме што побрзо да заврши оваа агонија.
Наставата е онлјан ама очајно, очајно треба и мора да се врати на физичо пристуство. На сите ниво од градинка до факултет. Ако видиш во сите земји приоритет е враќање на децата во школо. И сите земји гледаат што е можно побрзо да ги отворат училиштата. Затоа е наставен кадар приоритетен. За да го заштитиме кадарот. Кога нема вакцини сите се нервозни се прашуваат зошто овие, а не тие ама има некоја логика во тоа.
Ок те разбирам што сакам да ми кажеш, туку ми беше некој апел од тоа што го прочитав во иднина на тие под 60 да не ја даваат од претпазливост а со друга може да се вакцинира.
До трето одделение се со физичко присуство, ама и другиве мора да се вратат. Исто и во градинките треба да се вакцинираат. Да имаа набавено доволно вакцини, немаше да има приоритети. Ама вака, само поделби.
Не, не беше апсолутно за тебе ништо. Ти само си сподели. Јас сум само изреволтирана малку што вадат вакви податоци откако милиони веќе ќе се вакцинираат. Донекаде е и нормално, се оди брзо, се е ново и е во фаза на испитување. Ама токму затоа се јавува сомнеж и страв кај некои луѓе. Не зборувам сега за тие што навистина мислат дека ќе не чипираат и одат во крајности. Имам блиски луѓе што се вакцинираа веќе со Астра Зенека, млади и жал ми е што сега се се нервираат. И најважното од се. Зошто најмалку од се се зборува за тоа дали има некоја превенција од тоа да се појави тромбоза после вакцината? Верувам дека може да се направи нешто да се намалат ризиците или ако не дај боже нешто се случи да нема фатален исход. Тоа е, не сум паметна да знам како е најдобро. Сепак ќе повторам мислам и се надевам дека тоа се мн ретки компликации, а мора да се наведат зошто секако будно се следи ситуацијата. Но факт е дека кога ќе слушнеш ваков муабет, да имаш можност да избереш, сигурно ќе се одлучиш за де вакцина, а статистички гледано и др се со нус појави, некои и повеќе.
Оти е различна вакцина. Јас се наместив пак во лева да ме боцка, оти десна ми е главна во работата (инаку сум ambi dextrous), ми рече дека мора во другата рака.
И едно прашање маж ми читал дека и после прва доза веќе се создаваат антитела ама не доволно, дал е вистина?
Да 14 дена после прва доза Спутник има ефикасност од над 80%, што е одлично. Со втората доза дополнително се развива голема количина на антитела + се продолжува траењето на имунитетот.
Пред секоја интервенција што се врши врз тебе треба да потпишеш согласност. Ако не сте слушнале за тоа, подобро е да прочитате и да се информирате за тоа, пред да ширите вакви информации. Добар дел од моите пријатели повеќе веруваат на статија што ќе ја прочитаат на фб, што можам и јас да ја напишам, или по разни групи на фб отколку на релевантни информации од доктори. Не зборувам за министри, тие секако ќе тераат политика и во вакви ситуации. Затоа би било подобро да се внимава што се пишува, посебно непроверени информации. Да се прашувам јас, би им забранила на медиумите да пишуваат дезинформации, би ги казнила. Ако се сеќавате истото беше и на почетокот, излегуваа снимки како луѓе се тресат и паѓаат на земја како епилептични од вирусов, споделуваа ковчези кои впрочем биле од 2013та. Знаете како влијаеше тоа на нас, па не гледам причина истото да се повторува со вакциниве.
Зашто тие вакцини што ги примавме до 18 години, се задолжителни по закон. Нема тука сакам, нејќам. А, се отпосле се пишува согласност. Како и за секоја интервенција на клиника.