ЕМА, по разгледувањето на 86 случаи на редок вид на тромбоза, од кои 18 со фатален исход, одлучи дека можно е да има конекција помеѓу вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека и тромбозата и тоа треба да се внесе како многу редок несакан ефект предизвикан од вакцината. Според нив, се' уште, бенефитите ги надминуваат ризиците од вакцината, а таа вакцина како што наведуваат од ЕУ спасува животи и намалува хоспитализации.
Zatoa i ti kazav sepak eubavo da se spodeli takva ibforacija, a sto se odnesuva do nekoi tvoi sto se vakcinirale se nadevam se dobri sepak preventivno neka si napravat krvna slika i toa e toa . Za postarite nema problem
Србија размислува за задолжителна вакцинација против Ковид- 19: https://www.021.rs/story/Info/Srbij...ji-da-bude-obavezna-to-je-predlog-struke.html
Не. Додека траеле тестирањата на Фајзер и Модерна бремени останале неколку жени, и сите поминале одлично, а кај дел од бебињата се пренеле и антитела
Само со Спутник. Ме интересира сега после препораката на ЕМА да нема рестрикции во однос на АЗ, што ќе одлучат од МЗ, дали ќе продолжат над 60 или ќе ја одобрат и за под 60...
Сега го читам упатството на Спутник, вели да бидат претпазливи лица со автоимуни заболувања. Јас пак, со оваа сакав, а и има најави од работа да не стават во приоритет. Сега ме подзамисли ова.
Тоа е главно затоа што во фазите на тестирање немало доволно волонтери со автоимуни и/ или не ги прателе посебно. Теоретски, векторските вакцини (Спутник, АЗ, ЏЏ, Канзино) се сметаат за најдобри за лица со автоимуни.
Утре баба ми ќе прими Астра Зенека, а мајка ми спутник! Јас би ја примила и Астра Зенека. Benefit outweighs risks!
Треба нашите имунолози и други специјалисти да изготват протокол за луѓе со болести со која вакцина да се вакцинира.(онколошки,автоимуни,итн) Вака сите се збунети,луѓето сами истражуваат,прашуваат, тие што треба да кажат молчат. Додуша и за кои вакцини,ќе се потрошат донациите. Ме радува што образовниот кадар се вметна како приоритетен.
Само споредба. Многу ретки несакани ефекти од далерон (парацетамол) Многу ретки несакани ефекти од бруфен
На Дијазепам е наведен ризик од срцев удар! Дијазепам користиме од добра воља, повеќе Дијазепам пиеме отколку овошје што конзумираме. Но, политика.
Нема доволно вклучени луѓе со тие заболувања и состојби во истражувањата, за жал.Затоа и специјалистите не се сигурни, викаат со било која.
Па и не би рекла дека е баш до специјалистите. Тетка ми имаше хирушка интервенција и сега прима имунотерапија. Специјалистот и кажа дека нема никаков проблем за да се вакцинира и дека дури пожелно е истото. Истражував и јас и светски експерти истакнуваат дека вакцинацијата кај оваа категорија луѓе е пожелна. Но, на тетка ми не и беше дозволено да се вакцинира. На самиот пункт и рекоа кога ќе заврши со имунотерапијата, тогаш. Веројатно од претпазливост.
За нас обичниве смртници ќе има вакцина? Дали знае некој дали може во Србија да се вакцинираме со Спутник или Кинеска?
На кој му се чита- за мнра и векторските вакцини https://www.medpagetoday.com/podcasts/trackthevax/91323 @JuLleE јас мислам Спутник се единствено доволно транспарентни. И од ова погоре што го прочитав, Спутник е подобра од АЗ, и мене лично цело време натаму ме влече. За тебе (ако доволно ти ги знам дијагнозите) мислам не е проблем. Е сега, изборот е мнра, векторска или класична вакцина. Проблем со класичните (а тоа се кинеските едино мислам, нека ме поправи @Ahoy ) e што вирусот се менува релативно брзо, па класичните не ми се баш надежни.
Ковид ,, вакцина'', односо избрзан експеримент. Ваков молотов коктел, што ниту се знае што е, ниту што содржи, а последиците можно е да бидат катастрофални не би примила и не би дозволила по ниту една цена. СЕ што се рекламира и пропагира толку масовно е нешто сомнително. Пример кока кола е најштетен пијалок, но нејзината масовна маркетинг стратегија им донесува масовни консуматори. Исто е и со оваа т.н. вакцина.
Да, добра е организацијата ако гледаш Телма или Слободна ТВ: Сеедно, таман работа да нема организација за 25.000 вакцини. Со таа количина ни едно Драчево не можеш да го вакцинираш, а камоли масовна вакцинација. Вакви дебили на власт Македонија немала од 1945 година.