Вчера се вакцинирав, супер организација. Поручекта качив 37.5 се ме боли малаксаност нормална реакција .
Ако прими АЗ, 22 дена после прва доза се развива имунитетот На здравје @Peperutce1115 нека им е на здравје и на твоите, што би рекла @Frosty! антитела да се сторат
Поради последниот дел Ова може да биде вовед во нешто што ќе следи, поточно задолжителна вакцинација и против Ковид (на што не би се бунел) .
Нема проблем, ајмо ковид пасоши поволно https://frontline.mk/2021/04/08/kib...-se-prodavaat-preku-internet-po-povolni-ceni/
И јас мислам дека натаму води. Задолжителна вакцинација против Ковид. Во Србија веќе почнаа такви дискусии. Вакцини имаат ,не се вакцинираат. Во некои држави исто има најави за задолжителност за медицински кадар(Грција,Италија)
Во Србија пола од медицинскиот кадар сеуште нема примено вакцина. Студентите,многу мал број. Некои приватни фирми им нудат новчани стимулации на своите вработени,само да се вакцинираат. Голема недоверба и пораз на медицината,предизвика овој вирус. И од вишок вакцини изгледа боли глава...
Мене ми е страв од АстраЗенека, поради примерите за згрутчување на крв, а со друга би се вакцинирала.
Штом си толку заљубен во вакцините ќе ти ги дадеме и нашите дози (ние, "антиваксерите" што би се бунеле на ова).
Која категорија е приоритет сега за вакцинирање? И, колку време после аплицирање онлајн добиваш покана за вакцина?
Сега знам се вакцинираат здравствени работници, вработени во просвета, вработени во судовите, фармацевти, и дел од полиција. Сите ги вакцинираат со Спутник А постари од 66 год се вакцинираат со АЗ.
Уште не дошол ред за тие доброволно што се регистрираа на сајтот за вакцинација. Над 77год се вакцинираат, матични им даваат термини, а помладиве што се вакцинираат со Спутник, од работа се пријавуваат, прават списоци. Така да, не би знаеле дали и кога ќе дојдат на ред тие што се пријавија на сајтот.
Ги гледам бројкиве на вакцинирани по држави во однос со бројки на заразени, па забележав можеби само случајност земјите што вакцинираат воглавно со кинеските вакцини, и покрај големиот процент на вакцинирано население, сепак бележат раст на ново заразени случаи. Чиле на пример, Србија исто така. Унгарија исто напредува со вакцинирање, ама и кај нив бројките и на заразени и на починати растат. Не можам да најдам процентуално користење на вакцини кај нив, знам имаат поголем избор, ако најдете инфо постирајте плс. Дали кинескиве можеби не штитат од новите соеви?
Би требало да штитат, само што мнооогу долго треба да се развие имунитетот од нив, јас порастот го препишувам на тоа. Во ОАЕ паѓаат бројките, не многу, но сепак. Главно вакцинираат со Синофарм, но од почеток на јануари масовно.