Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.279
    Пол:
    Женски
    Муабетов со антибиотиците и апчиња за главоболка ти нема врска со вакциниве, ама ај...
    Антибиотиците и апчињата за главоболка се истражени ехехееее и горе/долу се познати нивните штетни последици. И најважно, не се аплицира еден вид антибиотици или апчиња за главоболка или шоидае истовремено на 7+ милијарди народ како што сакаат да направат со вакцините!!! Јас не знам како не можете да го тргнете превезот од страв и да се потрудите пореално да ја согледате состојбата?
    Никој не вика не за вакцина, ама НЕ вакцина која не е доволно истражена и чии последици не се знаат и која до сега не била аплицирана на поголем број луѓе. Особено НЕ за апликација на 7+ милијарди луѓе. Замислете да има штетни последици? Еве нека се и 1 % тоа се 70 милиони минимум, наспроти 1 750 000 кои се починати до сега „од„ корона.

    И за крај, можеби треба да се запрашате зошто има голем отпор кон вакцинава токму од медицинските лица?
    Или они не знаат ништо, ама затоа чичо Били и терористон од СЗО знаат се?
     
    На lovestoneddd, Lima24 и Kitten им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.279
    Пол:
    Женски
    Аха, значи десетици илјади луѓе е доволна бројка и ја прави вакцината сигурна за да истата се аплицира на 7+ милијарди луѓе? Оки ;)
    А колку години наназад се аплицира вакцината? Има податоци за несакани ефекти? Нешто?

    Изворите нема да ги постирам, ем што не памтам се од каде што читам, ем оти брзо се бришат антивакцинални и антикорона написи и видеа :^) Ама ова е друг момеНат што нема да го разглабам тука. Чисто само како потврда на ваквата практика е новиот потег на Твитер.

    Еве и тебе ќе те прашам: Зошто кај поголем дел од медицинските лица се јавува отпор кон вакцинава? Не се информирани? Или можеби оти се?
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    60.401
    Пол:
    Женски
    Значи на интернет има еден куп кромид вести, затоа сакам да видам од кај си читала. Официјален податок каде пишува дека смртната причина е компликација од ковид вакцина. Јас знам дека од еднава 2ца луѓе починаа после неколку месеци, едниот од атеросклероза, дргуиот од инфаркт. Во пласибо групата, значи луѓе што не ја примиле вакцината умреа 4 луѓе, исто од други патози. Повели, дирекната студија од ФДА, убаво сортирано за самата градба на вирусот, градбата на вакцината, познати бенефити и познати ризици. Се е убаво напишано. Ако најдеш некоја статија кај што официјално е утврдено дека причина е компликација од вакцинацијата слободно постирај, сакам и јас да го прочитам тоа. Од релевантен извор, а не кромид њуз, затоа што кај нас тоа дека починале 2ца пациенти беше напишано во многу убав и сензиционален текст, иако луѓето од срцеви заболувања умреле.

    Леле Ана...Леле жено... Прво никој не те присилува да се вакцинираш, така што полека малку. Второ сакала ти да признаеш или не, за главоболка земаш апче, за настинка земаш апче, за болен циклус можеби земаш, за болка во желудник, за спиење... Што мислиш тоа бомбони се? Што мислиш што е поштетно, фавипавир, ремдесивир, коктел од антибиотици, клексан, сето измешано или вакцина? 2 дози сумамед мислиш дека е помалку штетно од вакцина? Не е, еве јас ќе ти кажам. Немам никаков превез на очи, ти кажувам што слушам затоа што имам еден куп медицински лица околу мене. Ако нешто не е доволно испитано и не се знае како делува прва ќе пишам. Фавипавирот што го купуваа од Косово, за трудници може многу лошо да направи. Па и тоа го пишав. Ако за нешто сум суспектна веднаш го коментирам тоа, не дека слепо верувам на секој лек што ќе искочи.

    Вакцината се тестира на одредена група, се споредуваат ефекти, се прави и контролна група и тоа е еден цел процес и не е од денес за утре. Ако сакаш да ти објаснам како стигнаа до вакцинава, односно како до претходни сознанија за САРС комбинираа и направија нова вакцина слободно, ако не планираш да ме читаш да не пишувам за џабе.

    Знам дека ви е страв од ново и непознато, го признавам тоа. Работава е што вие веќе примате можеби и повеќе штетни лекарства а не се буните.
     
    На le.soleil, Celltica, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    На се тоа што те прашав ми одговори "има кромид њуз" епа ако објават дека не е сигурна вакцината ќе си дадат автогол нели? Јас ако сакам да продадам нешто, ќе ја кажам негативната или позитивната страна?
    Вие само тие розовите ги читате, а има еден куп реални што треба да се прочитаат и да се информираат. Тие што умреле од срцев удар или склероза, дали си се запрашала дека можеби тоа го предизвикало вакцината? И ова со споредбава на парацетамол или аналгин за глава со вакцинава е кромид споредба. Тие апчиња што ги пиеме само ако навистина ни е потребно се испитани уназад 100 години, а вакцинава е излезена пред неколку месеци, за да ја испитаат треба години и години да поминат.
    ФДА ќе каже дека е безбедно 100%, за да се вакцинираат што помасовно луѓето. И да, присилуваат да се вакцинираш со уцени, ако не се вакцинираш нема да леташ, ако не се вакцинираш нема да одиш на работа и др. А зошто здрав прав човек да се вакцинира? Кој кого ќе заштити тука?
     
    На magnolija09 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    32.246
    Пол:
    Женски
    Колку починаа????
    Јас колку што знам за таа на Фајзер починаа 6 лица во тек на испитувањата. Од нив само 2 примиле вакцина другите примиле плацебо.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Нема да се вакцинирам, или ќе одлагам колку што е можно повеќе. Ако е можно никогаш.
    Не сум анти ваксер, децата редовно ги вакцинирав, ама конкретно за ова и за целата ова ситуација немам доверба, голем скептик сум за се што се случува, да ли верувам во теории на заговори, како сакате наречете го, едноставно многу сум претпазлива , не верувам на никого и ништо во светов моментално и чекам само времето да покаже што е и како е.
     
    На motojlo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Разликата меѓу лекарства и вакцина е голема. Едно просто објаснување, лекарства примам кога не ми е добро, кога сум болна, зашто и покрај тоа што сите испитани лекарства ретко имаат и нус ефекти, лекот е направен да ми помогне да оздравам. Значи кога и така веќе сум болна, лекот може само да помогне.
    Вакцината е за да засили имун одговор ако се разболиме од некоја тешка болест. Значи ја примаш кога си здрав. И пак стои она "ако" се разболиш и "ако" имунитетот ти е слаб. Природен имун одговор дава и нашиот организам, така што за дел од болестите за кои има вакцина може и да не ни треба таа вакцина. Како што е за сезонскиот грип. Некој од вас прима редовно секоја година вакцина против грип? А ги гледа ли некој бројките на оздравени од сарсов? Значи луѓево го прележуваат и без вакцина.
    И ако не биде обавезна значи нема да се стави во вакциналниот картон. Со тоа и нема да се искорени оваа болест баш, нели?

    Пробувам да не верувам во теории на заговор дека без "ковид-пасош" нема да ни дозволат влез/излез во одредени држави, влез во маркет, театар, училиште и слично. И овие најави ли се фејк њуз? Ете нема да биде обавезна вакцината ама што со овие најави? Ти се одзимаат основните човекови права.

    Никогаш не сум размислувала од антиваксерската страна. За мене вакцините значеле нешто обавезно без колебање, зашто многу болести се искоренети благодарение на нив, па мојата свесност е да бидам одговорна и кон човечкиот колектив. Но почнав да го разбирам антиваксерскиот став, не дека сум почнала да ги поддржувам, но поврзано со нешто што има и нус ефекти и е не доволно испитано, исфорсирано, каде што се во прашање пари и моќ, едноставно не сум воопшто рамнодушна!
     
    На do-re-mi, lovestoneddd, Lima24 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Кој сака нека се вакцинира кој не нема. Никој не тера со сила.
    Апокалиптичните сценарија on the other hand ви се another level.
    Јас лично би почекала некој месец за да видам како ќе се одвива и реакции.
    Лекови што се во употреба со децении се повлекуваат од употреба. Знаете ли дека лековите како Аналгин колку се штетни, а никој не збори за тоа.
    И многу добро што има повеќе вакцини пошто поголем избор и подобри алтернативи.
     
    На Celltica, 1209, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Не сум антиваксер, баш спротивно, сите редовни вакцини ги имам примано на време. Ама сега за сега не би ја примила оваа за корона. Не затоа што верувам дека ќе не чипираат или намерно не трујат со нешто, туку затоа што не е доволно испитана. Можеби нус појавите нема да се јават утре, туку за 5-10 години. Ништо не е сигурно, едноставно не е поминато доволно време, во толку кратко време не е возможно да се спроведат сите потребни истражувања за да се каже дека една вакцина е квалитетна. Мое мислење е дека барем тие што се млади и здрави, со јак имунитет, нема потреба да се изложуваат на таква вакцина. Здравје, понатаму во животот, ако испадне се најдобро би ја примила без проблем.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Едно е вакцина против вирус/грип а друго против болест. Вирусот мутира исто како и грипот, и не е возможно секоја година да се вакцинираат сите луѓе на планетава. Така нема да се искорени.
     
    На motojlo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Па и грипот е вирус и предизвикува заболување/болест.
     
    На Celltica, 1209, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    60.401
    Пол:
    Женски
    Не, туку ако објават дека не е сигурна вакцинацијата ќе замине кај друга компанија. Премногу пари имаат вложено за да стават непроверен продукт на пазарот. Ако една вакцина не е добра, има неколку конкуренти кои одма ќе ја потопат таа фирма. Сепак околу економија не се разбирам и не можам да дискутирам, затоа тука ќе прекинам.

    Е сега последната реченица ти е уствари зошто вакцината постои. Вакцината е за здравите луѓе да не се разболат. Здрави луѓе порано примале и БСЖ (туберкулоза во Македонија партал правела, па сме ја сузбиле), дитепер, мрп, во поново време за хпв и за хепатит Б. За хпв беше исто на нож дочекана, а луѓево не сфаќаат дека многу подобро е да се вакцинираш со неа отколку да закачиш хпв кој е и те како распространет, а не ретко знае ЦИН промени да направи на генитален ситем, односно некои негови соеви. Според мене подобро е вакцина, неголи цин промени на матка кои недајбоже можат во рак да преминат. Не дека не се третираат, ама зошто вооошто да се направат кога може да се спречат?

    За присилата, тебе никој апсолутно не те присилува. Ама не може некој да вложи милиони во сопствен бизнис, да тоне во економски дупки оти некој одбива да се вакцинира. Не може ти да леташ а си потенцијална опасност од зараза која е прелесно да се расшири. Не може некој што не верува во вакцини да пушти дете да го инфицира цел колектив, како пред некоја година што се испозаразија еден куп деца во училиштата од морбили и имавме епидемија, која сме можеле да ја немаме ако родителите ги вакцинирале децата.

    Компарацијата со апчињата ти е сосема релевантна, не е вооопшто кромид, зборуваме за надворешен лек што го примаш во системот и колку е тоа штетно.

    Па не дека знаеме и од ковидов кои ќе бидат исходите. Премногу е рано да знаеме што ова ѓубре им направи на луѓето и дали покасно ќе се јават последици од истиот. Другар на 28 години правеше рендген, сликата не е баш добра. Вака изгледа здраво, ама има каде каде намален капацитет на дишење, плус умор кој еве никако не може да му помине.

    Има уште еден пример што ќе ти го дадам, а тоа е поврзаноста на стрептокока со ревматска треска која може да предизвика срцев застој и инфаркт. Значи има посебен сој на таа бактерија која подоцна ги оштетува сите сврзни ткива во организмот, па може да направи проблем на срцевите залистоци. Прочитај за rheumatic fever ако те интересира ќе видиш за што ти зборам. Типичен пример за примарна инфекција со еден инфективен примерок, кој подоцна јавува нова болест.

    Да сумирам, мене не ми е целта овде да се расправам со вас, ви кажувам некои работи како што се во медицината, не дека следам само розови вести или дека сакам да вреѓам или да се потсмевам на луѓе кои се уплашени, туку ви викам дека вакцината е "нужно зло" еве така да се изразам за ова се да прекине. Затоа што вака изгледа свет во пандемија, закочен максимално. Освен вакцина нема како поинаку да се среди се ова. Нема магичен друг лек за да се спречи разболување (кое ќе повторам не знаеме какви последици ќе даде за неколку години). Би сакала и јас да е поинаку, ама не е.

    Сме ги поминале вариола вера, дифтерија, детска парализа, магарешка кашлица, морбили, заушки, ќе го поминеме и ова. Само треба народов да верува малку повеќе на научници кои живот си даваат за наука, а не на антиваксери кои главна цел е да шират паника и фејк њуз.
     
    На LadyD, le.soleil, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  13. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    355
    Сигурно мисли на тоа дека овие задолжителните вакцини даваат релативно траен имунитет, а корона вирусот мутира и нон стоп ќе се јавуваат мутации за кои не може сите да се вакцинираат исто како инфлуенцата.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.650
    Допаѓања:
    39.387
    Пол:
    Женски
    За кај нас што испадна, кога да се очекуваат вакцини? Нели прво март беше, ама после испадна не можело тогаш туку покасно...
     
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Пред некоја ден прочитав Филипче рекол после јули 2021 :?: навистина не знам дали е точно или е лажна вест, не ни ја отворив статијата.
    Ќе си чекаме ние донации, кој колку ќе се смилува. :|
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.506
    Допаѓања:
    39.138
    Пол:
    Машки
    И скоро сите од тие 6 примиле плацебо, а не оргиналната вакцина.

    Да, исто како што сезонски се вакцинира(ме) против сезонски грип.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.506
    Допаѓања:
    39.138
    Пол:
    Машки
    Најрано во март од Ковакс механизмот, но ќе добиеме и донации од Грција, Бугарија, Полска и Австрија, а веројатно и од некои други земји кои во следниов период ќе дадат таква можност.
     
    На senjorita-v, Angie1432, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Колку сме за греота значи. Од туѓи вишоци да се радуваме. Во се последни како и секогаш
     
    На Angie1432, Billy Idol, GirlRose и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.506
    Допаѓања:
    39.138
    Пол:
    Машки
    Не е битно од каде и како ќе ги добиеме, битно е да имаме.

    Од Фајзер да добиеме директно сега не можело, со одговор од компанијата дека сме мала држава и најрано би можеле да добиеме во мај директно од нив.

    Јас мислам дека не' читаат тука на форум. Не велам ти ова го кажа, меѓутоа многу мислеа дека ние ќе добиеме први вакцина, како најсиромашни и "небитни", за да бидеме ние експериментални глувци.

    Ама изгледа Британците, Американците, Емиратите се тие експериментални глувци.


    Сакам да кажам, никако не ни одговара. Најдобро е да добиеме час поскоро, како и повеќето други земји. Да се надеваме дека донациите ќе стигнат во јануари барем.
     
    На senjorita-v, Frosty! и KateKane им се допаѓа ова.
  20. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Медицинари никогаш не зборат за струја, металургија и градежништво. Зашто тоа не е нивна струка. Зборете си за она што се стручни. Ако си прочитал две реченици на гугл не знаееш исто како некој што студирал медицина и специјализирал епидемиологија.
    Вакцината не се користи само за да се спречи зараза, се користи за да се спречи болест. Посебно да се намалат компликациите и смртноста на болеста. Затоа кога имаше епидемија на морбили, тие што беа предходно вакцинирани голем дел поминаа само со осип и кашлица, додека имаше случаи на невакцинирани кои завршија со менингит на кома центар.
    Компликација од вакцина е 1 во 750 илјади луѓе. Да те удри гром е 1 во 700 000.
    Не треба вакцинацијата(општо сите) да биде избор. Со тоа го нарушуаш според закон јавното здравје.

    Не е загрижувачки времетраењето на испитувањето и правењето на вакцината, затоа што го скратиле само административниот дел што може да трае и години. Загрижувачки посебно кај нас е чувањето на таа вакцина. Не мислам дека сме спремни со персонал и материјал, да ги чуваме и превезуваме на -70 степени.
     
    На LadyD, 1209, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.