Да. Ако се над 75, би требало сега да ги повика. Слободно контактирајте го/ ја ако не ве побара сам/а а се над таа возраст
Околу 15-ти април треба да стигнат 76 илјади вакцини од АстраЗенека, а два дена подоцна и Фајзер вакцини Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 најави дека месецов треба да стигнат повеќе илјади вакцини од различни производители. -Во месец април треба да ни стигнат, согласно најавите, 200 илјади кинески вакцини, одФајзер околу 11.000 и 25.000 преку земјите членки на ЕУ. Исто така, треба да стигне и одреден дел од Спутник. Останатата количина од АстраЗенека преку Ковакс, што се близу 300.000 исто така ја очекуваме согласно најавите. Системот го поставивме, сега системот само ќе се надополнува. Вакцинирањето нема да запре. Распоредите се прават за следните недела или две. Некаде околку 15ти април, според најавите, треба да стигнат 76 илјади од Ковакс (АстраЗенека), и околку 19ти треба да стигнат вакцини од Фајзер. Исто така околку 20ти треба да стигнат фајзеровите вакцини преку ЕУ. Ова е како што ни најавуваат, можно е да има одложување поради производителите, претпазлив е Филипче.
Кај мене познаничките што зборуваа против вакцините, први успеаа да се вакцинираат. Не се вакцинирам, вакви се вакцините, такви се вакцините, оп прва прилика вакцина. И роднини едни што веруваа во теории на заговор и не сакаа да се вакцинираат сега откако го прележаа вирусот, спремни се да дадат две раце за вакцина. Секакви случаи има. Ај ова моево барем е поприфатливо. Колку толку се опаметиле. Лошо е кога е обратно.
А тие што не сакаат вакцина пошто штетна е, како планираат да им се врати животот во нормала? Нели им се смачи овај страв постојан? Овие маските? Се да е закочено, се да е заложник на короната? Не разбирам еве, можи глупа сум...
Од мои познаници... против, против, оп повик за вакцина, одма прифатија Пред 2 месеци бев "ненормален" што сакав да се вакцинирам, сега тие пред мене
Абе истооооо. Не нема шанси да се вакцинирам, не се пријавувам, па нешто да ми бидне. Подобро вака ќе го прележам од нога. И оп, слушаш "ееее па јас се вакцинирав". И да ти кажам право позитивно е тоа, океј е....ама зошто кинеше нерви да ме убедуваш за штетноста на вакцините бе
Буквално И искрено љубоморев... ем што беа против, ем што најголемиот дел се здрави, млади, ем што се вакцинираа со Спутник
Па ко се дружиш со државно битна инфраструктура, Спутник нормално Ај извакцинирајте се, па кажете кога нема да се носат маски, овде изгледа траен моден додаток ќе бидат
Викаш со 150 000 пријавени ќе тргнеме маски? Уствари има уште 5x што не се пријавени, "не сакаат", ама ќе се вакцинираат
Не ме интересира, ние со очи широко отворени кон Русија сме Баварија ќе порачува Спутник, Австрија ќе порачува Спутник, Словачка се испишмани за Спутник ... За нови епизоди, следете го Спутник на твитер https://mobile.twitter.com/sputnikvaccine ...вау, Сан Марино фули ваксајнетед вит Спутник
Официјално или како? Официјално, ја пратиле на испитување во не-ваква туку онаква лабораторија нешто. Мое мислење- дури Словачка се плаши да направи потег без ема, германците ќе ја притиснат ема и ќе ги ќарат вакцините Сега ми текна ова, имам троа слободно време Може па стварно и пратиле на Словачка нешто во тест фаза, Спутник лајт можеби Муабетот им беше, не е овој Спутник -Спутник
Тие од ЕУ само маани да наоѓале Или немаат заинтетесираност па не сакаат да имаат повеќе дози од потребното, или сакаат да тераат само со свои и такви кои "им одат по ќејфот": Pfizer и Moderna, а наскоро CureVac и RaiThera, веројатно и Novavax... ќе си покаже времето
Ми е страв од АстраЗенека, со неа не би, ама со друга да. Како и да е преку работа ќе не викаат за вакцина, се надевам дека ќе го испочитуваат правилото на млади да не даваат АстраЗенека. Ме фаќа језа од фактот дека е можно да се појави тромбоза.
Шансите се 1 спрема 100 000 да добиеш тромбоза. Тоа е премала веројатност. Ако имаш избор, боцни се со фајзер, а ако не, верувај дека ако закачиш реален вирус ризикот за посериозни последици се неспоредливо поголеми. А што се однесува до тромбозата, погледни ја оваа споредба: