Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,2%
  2. Не

    366 глас(а)
    31,8%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.608
    Допаѓања:
    92.013
    Пол:
    Женски
    Јас мислам тешко во Еу Германија,Австрија.... ќе нарачуваат и даваат Спутник,ќе нарачаа досега.:^) ако сакаа.
    Особено кога ќе почне масовно производство на фајзер во Германија.
    Само со фајзер ќе се боцкаат.
    Астра З ја минираа сега и Џ&Џ (facepalm)
    Моите фаворити од вакцини8)
     
    На Autumn_, senjorita-v и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.863
    Допаѓања:
    42.488
    Пол:
    Машки
    И да почнат да ја користат, ќе гледаме АЗ сценарио и со Спутник :)
     
    На Autumn_, Peperutce1115 и Cosmi им се допаѓа ова.
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Фала многу на одговорот.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    14.462
    Колешките едвај чекаат, не бираат вакцина, било која, но имаат скоро 50 години. Не знам, мене ме плаши ризикот од АстраЗенека. Се ослободив откако Филипче кажа дека на помлади од 60 нема да ја даваат. Кога ќе ме повикаат, а ќе биде може дури по месец дена, ќе прашам која вакцина ја нудат, со која ќе ме вакцинираат, ако е АстраЗенека може и да не отидам. И со вирусот не се знае како ќе биде. Моја пријателка има проблеми со бели дробови, па еве фати корона и дома е, како настинка ќе го помине вирусот.
     
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Мајка ми после вакцината со спутник имаше само малаксаност и се чувствуваше дехидрирано. Многу вода испи. Болка во рака, треска, температура, ништо од тоа.

    Баба ми со Астра Зенека, ништо.
     
    На Tajnaotrovna, ElenaOfRivendell, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Јас имам скоро 25 години и би се вакцинирала со Астра Зенека. Едноставно несаканиот ефект тромбоза е премногу редок во споредба со ризикот од тешка клиничка слика со сарс-ков-2. И не само што е поредок, туку може и да се третира. Направив споредба пред некој ден со бруфен, каде во ретки несакани ефекти е наведен ризик од срцев удар. Јас лично, ко бонбони пијам бруфени кога имам добиено. Така да, ризикот да умрам од срцев удар од бруфен мене ми е поголем од ризикот да се боцнам со Астра Зенека.

    Инаку, на 18 години имав side effect од вакцината за тетанус. Гушење и sleep apnea (1 во 10 000 случаи). Што сега, со медицинското знаење што го поседувам, мислам дека беше паничен напад. После тоа уште неколку пати имам примено вакцина и никаков side effect.
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    14.462
    Не знам искрено, ме плаши сето ова, оти се е ново, и вирусот и вакцините, се. Не знае човек што е паметно. Нашиве власти не се способни ништо да направат како треба. Рекоа дека АстраЗенека нема да ја даваат на млади, па се надевам дека нема да ја даваат и дека ќе си стојат на зборот. И мал ризик мене ме плаши. Зошто да навлечам тромбоза под препоставка дека би ме фатил вирус. Можеби би го фатила, а можеби и не. Луѓето се вацинираа во Србија со АЗ, а сега овде Филипче вели ќе се ревакцинирале со друга вакцина, што СЗО баш и не го препорачува. Се е без компас. И да не заборавиме дека во светот имаше и случаи на луѓе кои примиле АЗ, и за десет дена починаа откако добиле тромбоза. Или нека е крајно безбедно, или нека не користат вакцина која има ризик. Не знам.
     
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
    Секако. Никој не може да ве фати за гуша и да ве присили на вакцина која не сакате да ја примите (барем сеуште не е така).

    Нормално е да сме исплашени после разноразните информации кои се пласираат во медиумите.
    Тоа што се претпазливи кај нас во однос на конкретната вакцина исто така ми се допаѓа. Мислам дека тоа треба да биде уште еден доказ дека целта на вакцинацијата не е вакцина по секоја цена, туку пред се заштита на поединецот, а преку него и на целото општество.
     
    На bicycle, Tanjamm, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.979
    Вакцина во таблети да ви даваат ќе пиете секојден по една, за секој случај, ама игла божесачувај.
     
    На Glowy, Fifi84, Tajnaotrovna и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    14.462
    Не се плашам од иглата, се плашам од АстраЗенека од која во Хрватска починаа 3 луѓе, да не одиме подалеку, оти имаше и во светот реперкусии. Кај нас мислам дека уште едно 5-6 месеци глава нема да кренеме од вирусот. Ги гледам колешките, планираат да примат прва доза и по 2 недели заштитени ќе биле. Зафир Хаџиманов во Србија примил една доза, па почина. Двете дози откако ќе ги примиме, здравје боже, тоа ќе не штити од тешка клиничка слика, а не од заразување,
     
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.046
    Допаѓања:
    41.549
    Пол:
    Женски
    Зафир у меѓувреме се разболел од корона пред ревакцината, не починал од вакцината.
    Читнете малку пред да се истресете ваму.
    Има луѓе кои се вакцинирале баш со А-З вакви постови како твојот полн со негатива воопшто не се потребни а ствараат страв кај другите.
    Никој не те фатил за гуша и да се вакцинираш.
    Океј е претпазливоста ама ваквите коментари не.
     
    На Glowy, Tajnaotrovna, Ambrosia и 6 други им се допаѓа ова.
  12. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.544
    Допаѓања:
    281.635
    Пол:
    Женски
    Секој има право на избор дали ќе се вакцинира или не ама во период кога активно се одвива вакцинацијата вашите стравови и мисли подобро задржете ги за себе.
     
    На Glowy, Tajnaotrovna, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Што е проблемот да се прифати стравот од вакцини кај некои луѓе? Исто како некој што панично се плаши од вирусот, некој има скепса кон одредена нова вакцина. Посебно кога фелава заедно со СЗО, ЕМА и нив слични, ги менуваат ставовите како чорапи.
    Многу поферски е за некои прашања да кажат "не знаеме, немаме доволно податоци и искуства", отколку "апсолутно е безбедна секоја вакцина, додека искуствата не го покажат спротивното". Секако дека секоја вакцина како и секој лек може да даде сериозни несакани ефекти, ама и секој има право да каже дека се плаши, тоа си е во природата на човекот и е нормална реакција. И да си каже свое мислење и свој избор за истото.
    А ако некој очекува сите без исклучок да бидат насмеани со засукан ракав и да глумат дека едвај чекаат да примат било која вакцина, зошто тоа било единствениот спас на светот, ќе си почекате некоја нова холивудска продукција, каде цел свет без исклучок прифаќа дека "еден е изборот". Во реален живот тоа нит било, ни ќе биде.
     
    На BloodElf, Kitten, saki13 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Можеме да се пријавиме ние младиве за вакцина на страната? И онака нема да добиеме термин за скоро, ама сепак:D.
    Се мислев дали да се пријавам, бидејќи сакам да дадам предност на повозрасни и ризични, па ме интересира дали даваат термин прво на тие што се пријавени или си тераат прво на повозрасни и ризични групи? Ако е првото, ќе си почекам уште малку.
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.863
    Допаѓања:
    42.488
    Пол:
    Машки
    Слободно пријави се, повикуваат според планот за имунизација, не на принцип кој прв се пријавил- тој :)

    Да беше така, сега ќе бев вакциниран :D
     
    На Glowy, CameliaMiller, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    14.462
    Не реков дека починал од вакцина, туку дека не бил целосно заштитен. Примил една доза, и се заразил па починал. Муабетот ми беше дека моите колешки сакаат да примат една доза, две недели да се чуваат и мислат готово е. Никаде не реков дека починал од вакцина, туку со една доза ништо не правиме, не сме безбедни. А за која вакцина ја примил ич не знам, каде почина дека е од АЗ, може не е. Србите имаат да бираат која вацина ја сакаат.
     
  17. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Ти благодарамм.
    Ќе се пријавам, нека си стои во системот можда ќе ми се посреќи:D
     
    На EvAngelos и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    48.964
    Пол:
    Женски
    Се пријавив за вакцинација заедно со маж ми, ја пријавив и мајка ми па ако не ја вакцинираат преку работа барем од тука се надевам ќе ја викнат брзо заради хроничните болести. Мене и мажле кој знае кога ќе не викнат :?:
    Татко ми не знам дали да го пријавам,нема контакти со никој, ни па некаде оди.
    Би можело ли да му пренесеме на него ние вакцинирани :^)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.882
    Допаѓања:
    14.462
    Секој ден менуваат ставови овие кои ти ги спомна за АЗ. А не би требало така, оти не е шега.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.863
    Допаѓања:
    42.488
    Пол:
    Машки
    Нема зошто да не го пријавиш, освен ако спаѓа во некоја контраиндицирана група, секако ќе си бид заштитен.

    Уште не е докажано дали вакцинираните пренесуваат вирус или не, но прелиминарно Германците викаат дека не пренесуваат :)
     
    На CameliaMiller, anastasijaki и Peperutce1115 им се допаѓа ова.