Хехе Не бе, сѐ е најнормално. Животот е баш онака ко порано. Ковид скоро само во контекст на тоа што се случува во странство да се спомнува. Инаку знам доста луѓе што се вакцинираа, од несакани ефекти најчесто малаксаност, поспаност, болка кај што е боцнатото. Ретко некој да спомнал температура или нешто посериозно.
А дали знае некој мене кога би ме викнале несум во ричична група, невработена сум под 40 год сум се пријавив пред месец ипол?
Во светот дневно умираат околу 100 - 150 000 од различни заболувања, без коронава. Со оглед на тоа што прво вакцинираат хронично болни и возрасна популација над 70 години, и да не примиле вакцина покрај овие фактори на некој му дошол денот за умирање. Е сега, некои од нив испаднало да се вакцинираат, па одма се поврзува вакцината со смртта. Можеби постои некој случај на смрт од вакцинава, не знам, ама во Македонија не гледам да умираат 50 души дневно од вакцината, а од вирусов и тоа како умираат, за жал. И тој случај на девојката со тромб добро помина, ако не се лажам? Сакам да кажам нема место за паника. Ова упорно се обидувам да им го објаснам на пријателиве мои, ама џабе. Ќе сме почнеле да умираме за некоја година од вакциниве, тоа ќе се препишело на ,,мутиран сој" на вирусов, па масоните стоеле зад ова.. Да, баш таа ,,состојката за смрт" ќе ја стават во вакцина, што знаат дека има еден куп антиваксери и луѓе што неќат да се вакцинираат со одредена вакцина. Пологично ми е да ја стават во аналгин, нив и онака ги клукаме сите и при најмала главоболка. Сигурно ќе им е полесно да не истребат така.
Дечки, ако некој е упатен, алергични на пеницилин која вакцина е безбедно да ја примат? Пулмолог/алерголог за сспутник б рече не, а планот беше со таа да се вакцинира.
Знам дека е чудно, затоа и прашувам тука, не можев да сфатам зошто му рекле спутник б не ако имаш алергија на пеницилин...
Не нема, само посилна алергиска реакција како дете, од тогаш само цефалоспорини прима кога треба антибиотик... ќе прашаме и кај друг доктор, фала ти и тебе.
Генерална препорака за Спутник е да не се вакцинираат лица кои имале анафилактички шок или посилно изразена алергиска реакција. Сега засега е така, за понатака не знам.
Кај алергииве коа сте , дали нешто смета што сопругот еднаш имаше силна алергиска реакција на убод од пчела , после тоа пак беше каснат но ок беше . Беше и на испитување во ск покажа мислам некоја ситна алергија .. Смее ли тој да се вакцинира ?
На роднина и закажаа вакцинирање за во понеделник. Пресметувавме за ревакцинирање на 21 ден треба на 3 мај, а тогаш е неработен ден со Велигден... Дали е важно да се прими втората доза точно на 21 ден?
Ако ја закажат тогаш, тогаш ќе ја прими. Тешко дека ќе има можност да одложи термин. Ако се поместува, ќе се помести за сите, на веројатно не повеќе од ден- два.
Пријателка се вакцинираше со првата пратка Спутник. За втора доза доцнеа малце вакцините и им презакажаа.
Не би требало да проблем, секако втората доза е бустер за појак и подолготраен имунитет. Инаку мислам дека тие дози стигнаа во недела, а ревакцинацијата требаше да поче во среда. @Annath , доцнеа?
@Ahoy и @Frosty! благодарам на брзите одговори, утре ќе и кажам да не се грижи. Не е проблем да појди на трети ако и закажат така, се плашеше дека ако и одложат и помине 21 ден можеби ќе има проблем околу ефикасноста.
Со Астра Зенека во Србија ќ ќе се вакцинираат. Мпи колеги, 25 на број , сите под 60 беа вакцинирани, и имаат ревакцина на 20 јуни.