Прашање што е многу битно е дали овој суд после масовна имунизација ќе ни ги врати човековите права да не носиме маски? Малку по малку сите човекови права ни ги одземаат.
Маските се за лична заштита и после вакцинацијата ќе се носат маски, ако си вакциниран не значи дека не може да се заразиш. Мајка ми се вакцинираше денес со Спутник, добро помина, нема никакви несакани ефекти засега, се надевам дека нема да има, ревакцинација на 5ти им е закажана.
Значи ќе носиме до бесвест! Наводно вакцините ни даваат имунитет, ама можеш да се заразиш, еј! Убаво ни го испрале мозокот.
Па теоретски шанси постојат Шала на страна, сега во моментов освен вакцинираните да се шетаме со вакцинален картон, за да не носиме маска нели, нема друг начин да се тргнат Мислам дека кога ќе има доволно вакцинирани, нема да има потреба од маски.
Точно така, ни даваат имунитет, но тоа не ја исклучува можноста да се заразиш, само доколку се заразиш ќе поминеш со полесни симптоми, нема да завршиш на респиратор и секако ќе се намали смртноста. Маски ќе се носат колку што треба, тоа е за сопствена безбедност.
Па тоа и ми беше муабетот, не за сега, туку кога ќе се заврши таа масовна вакцинација, дали ќе ни се вратат старите права. Го цитирав ради линкот за задолжителна вакцинација што до сега не постоела. Мене ич не ми е смешно што малце по малце си ја туркаат агендата. Не верувам во теории на заговор, но ова сѐ повеќе личи на тоа. Па не сме носеле маски за да не се заразиме од обичен грип, зарем не? Твојот коментар нема логика.
Со вакцините не се штитиме од зараза китен. Со вакцина се штитиме од смртноста. Вакцината е начин за КОГА ЌЕ ГО ФАТИШ вирусот, да поминеш со лесна клиничка слика. Кога сите ќе се вакцинираме ќе сме сигурни дека сите ќе имаме лесна клиничка слика така што и да го фатиме нема да е проблем. Некои и нема ни да дознаат дека се инфицирале. И тек дури тогаш ќе престанеме да носиме маски. Со ова темпо кај нас, за 10 години чинам беше
Ама од обичен грип не умираат 50 луѓе на ден, така што не сакам да поистоветувам. Дека нема маски да се носат сум сигурна затоа што ќе нема основа на 70+% вакцинирано население, макар и секоја година да се вакцинираме ако продолжи да мутира вирусот. Околу правата за патување, ни до сега не можеше да се патува на одредени дестинации без одредени вакцини, така што тоа ниту не изненадува, ниту ме вознемирува. Дека животот ќе биде 100% како порано, не верувам во брзо време. Денес да заврши коронава, психички и економски последици ќе има. А дека ќе се вратиме полека на старо, да, само за тоа ќе биде потребно време. За кои други права зборуваме - не знам, ама јас не се осеќам како некое посебно право да ми е ускратено, освен полицискиов час што искрено од такт ме вади, ама знам дека ќе помине и тоа.
Не можеме да предвидиме во иднина што ќе се случува, во зависност од еподемиолошката состојба ќе се олабавуваат мерките.
Вие не можете, има кој може Нова генерација вакцини за мутациите - https://www.rte.ie/news/coronavirus/2021/0409/1208886-vaccine-purchases/
И после цела година и по 50+ мртви на ден вие уште го споредувате вирусот со грип. Е не сте ми јасни, мајке ми. Нас ќе ни се вратат правата, туку дали на починатите ќе му се врати основното право на живот?! Што се однесува до воведувањето на т.н. вакцинални пасоши, искрено да кажам сметам дека на некој начин е дискриминирачки. Не од страна на задолжителна вакцинација, туку од гледиште на тоа дека некои помали земји во светот и посиромашни (вклучувајќи не и нас) не би успеале да обезбедат доволен број на "одобрени вакцини" - што веќе и ни се случува. Друга категорија се граѓаните кои го прележале вирусот, а немаат антитела (но секако имаат клеточен имунитет). Притоа, не примиле вакцина еве да речиме заради временскиот интервал. Како тие граѓани би докажале дека го прележале вирусот? Автоматски имаме подредена група граѓани.
Да, помислив на тоа. Океј, еве ќе го средат тоа. Но да не заборавиме дека има и такви кои не се тестирале, а биле позитивни! Ама што е со држави како Македонија кои не можат да обезбедат вакцина за секој граѓанин во својата земја? Или, ако обезбедат обезбедуваат од такви кои се "неприфатени во ЕУ" (не од причина дека се штетни, политика е во прашање). Како граѓаните на Македонија ќе се возат со авион на пример и ќе патуваат во земји од ЕУ, со вакцини кои не се прифатени во ЕУ?! Од таа гледна точка вакциналните пасоши се глупост.
Секако. Ќе мораат пцр тест ако не им ги прифаќаат вакцините. Иако се согласувам дека еу ептен глупи политики тера со вакциниве. Мада моментално има недостаток, нема вечно да има. Како и да е сите што сакаат ќе се вакцинираат.
А тука се наметнува уште една глупа работа. Голем дел од граѓаните па и добар дел од антивакцерите ќе се вакцинираат за да патуваат во странство, а не за заштита на своето здравје. Што од една страна е океј и нас ни оди во прилог на колективна заштита нели. Не знам. Јас сум ЗА вакцинација, но сметам дека вакцинални пасоши во едни вакви услови е too much. Такво нешто не се воведува преку ноќ и посебно не за нов вирус за којшто сеуште нема произведено доволен број вакцини.
Се прашувам само еве за шест месеци на пример не се знае како вирусот ќе измутира, како моментално со бразилската мутација од која ни една вакцина не заштитува што е страшно.
Искрено и мене вакциналните пасоши ми се дискриминирачки, да не заборавиме дека некој луѓе едноставно и не смеат да примат вакцина, се во ризична категорија.
Се изјаснив веќе дека не поддржувам присилна вакцинација и вакцинални пасоши, ама вакцините сепак се внесуваат и кај оние кои не смеат да ги примат. Барем кај мене се внесени во книшката сите вакцини, со дата, забелешка зошто не е примена и потпис од доктор. Не би требало да е нешто поразлично за ковид и да прават проблеми за оние кои не смеат да ја примат, ама сепак ништо не се знае.
Ама како не заштитува? Тоа е мутација или нов вирус? Ова е секако веќе старо https://www.timesofisrael.com/uk-st...ay-be-less-resistant-to-vaccines-than-feared/ ама пред нецел месец вакцините беа речиси ефикасни против бразилската А какви по ѓаволите нови вакцини ќе порачуваат за во 2023, кога не знаеме каква мутација ќе се појави утре Инаку негде во соседството кај мене идентификувале бразилска мутација. Инфицираните си го одлежиле дома, немале потреба од хоспитализација. И нормално, не биле во странство, појма немаат од кај им е Којзнае колку ги имало вакви, ова сосем случајно разбрав. Зборот ми е, не знаеме дали мутира кон пострашно. Не е во природата на еден вирус да мутира кон пострашно, нели?