Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.073
    Допаѓања:
    17.326
    Пол:
    Женски
    Не е во природата да мутира кон пострашно, но од каде новиве мутации кои се многу по контагиозни а сегашните случаи се со полоша клиничка слика од случаите од лани. Ова за бразилскиот скоро прочитав, искрено немам идеја што се случува, само читам нови информации што се пласираат на нет.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.326
    Допаѓања:
    190.039
    Не знам ни какви биле клиничките слики лани, ниту тие годинава. Кои случаи?
    Скоро 50% од случаите пред месец дена, во некои региони во Австрија, биле од ,,страшните,, мутации. Немаме чуено за австриска катастрофа сеуште:?:.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.180
    Пол:
    Женски
    Не, не доцнеа. Таман на време стигна втората доза.

    За шетање без маски, ќе почекаме. Многу мал процент од популацијата не сака да се вакцинира. Многу имам блиски, што цели фамилии одбиваат вакцини, ми се чудат оти сум се вакцинирала, како не сум се плашела, кој знае што ми ставале.
    Така што, тешко да се вакцинираат барем 50%, за 70% ич не се надевам.
     
    На Autumn_, andrejko82, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Е мајке ми баш затоа што студираш медицина требаше да ја сфатиш споредбава. Знам дека ова сега е посебна ситуација но дали ти текна дека од обичен грип се вакцинираат постарите за да не го фатат зашто и од грипот умираат баш тие, зарем не!? Па не носиме постојано маски поради нив. Имам завршено сродна наука со твојата, така што знам и што е вирус и како преживува и така натака....не сум падната од Марс.

    Јас не се сложувам дека целта на вакцинација е само да нема смртност, туку да се намали и преносот, да се сузбие вирусот и притоа да не му се даде шанса да опстане.
    Во врска со одземените правата помислете на тоа дека мора да шетаме по улица и да дишеме во маска.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Не е иста контагиозноста и трансмисивноста на инфлуенцата и сарс-ков-2. Па милиони пати е пишувано за тоа изминативе 365 дена. Еве, те прашаа убаво дали од грип имавме по 50+ смртни случаи на ден?!

    Друго, убаво што ја начна вакцината за грип. Секој втор трча на вакцинација за грип, а негодува вакцинација за ковид. Притоа, вакцината за грип е со ефикасност од 50%, а за ковидов над 90%.

    Се согласувам за тоа дека целта на вакцинацијата не само што е полесна клиничка слика, туку и намалување на преносот на вирусот и ставање на пандемијата под контрола. А за правата, правото на живот вреди многу повеќе од правото на дишење без маска. Ќе помине и годинава и наредна, ќе се сузбие вирусот, ќе ги фрлиме и маските. Кога тогаш ќе се вратиме во нормала, ама загубениот живот на најблиските нема да се врати.
     
    На Glowy, green.eyes, Kitten и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.160
    Пол:
    Женски
    Поентата на вакцина(и на природно стекнат имунитет) е да те заштити од самата зараза, односно да се минимализира или спречи размножување на вирусот и на тој начин нема ни симптоми да имаш ниту ќе шириш наоколу.Ако функционираа вакцините вака како што вие викате, тогаш ќе требаше сите да живееме без контакт со сите луѓе зашто би постоела опасност од зараза со било кој инфективен агенс.Ама фала богу не е таа, се вакцинираме за да се вратиме во нормала, не за да продолжиме со маски и дистанца да живееме.Тоа со добивање дупла доза вакцина и повторна зараза со вирусот се случува многу ретко.
    Сеа со смешна бројка на вакцини е нормално да носиме маски, ама нема никаква логика да се носат кога здравје некогаш поголемиот број на населението ќе има некаква форма на имунитет.
     
    На Glowy, Kitten, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.073
    Допаѓања:
    17.326
    Пол:
    Женски
    Друго е кога ќе се стекне колективен имунитет, сега за сега сме далеку од тоа, а ниедна вакцина не делува на тој начин што ќе обезбеди 100% заштита и нема гаранција дека нема да се заразиш од вирусот ако си вакциниран. Не значи дека ако некој е вакциниран е заштитен, секој е различна индивидуа, различен организам, вакцината кај секој поттикнува различен имун одговор.
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.411
    Допаѓања:
    18.648
    На KuklickaSk и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Кинеските вакцини не дека не ги сакам поради нивната "ниска" ефикасност, затоа што искрено 80% ефикасност на Синофарм не е никако малку, туку супер ефикасност. До сега, најголем дел од вакцините биле со ефикасност 50- 70%, само што тоа ние не го знае(в)ме :)

    Не ги сакам затоа што не се јасни, затоа што немаме никакви информации за нив. Единствено што знаеме е кој ги произведува и на која платформа се, и ете некоја *нејасна* ефикасност.

    Зошто нејасна? Затоа што Синовак пример, во Бразил покажала ефикасност малку над 50%, во Индонезија 65%, во Турција 86%. Кога се вршени испитувањата, мислам дека не беше позната Бразилската мутација, а ако онаа ефикасност од 50.4% е кон таа мутација, тогаш тоа е добро, затоа што ни природниот стекнат имунитет не е баш најдобар кон таа мутација. Значи нема јасни податоци.

    Не е ни познато дали и каде треба да се биде претпазлив со нивните вакцини, ниту некоја нивна студија е јавно објавена, на пример во The Lancet, ниту од Кина, ниту од УАЕ, Турција, Бразил или Индонезија, каде што се вршени тестирањата.
     
    На green.eyes, LejlaD, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. nickn

    nickn Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите ,
    Се интересирам за вакцинирање во Срвија.Дали некој бил и се вакцинирал? Како оди процесот, колку време треба да чекаш после апликација онлине? Може ли да избереш од која вакцина сакаш ?
    Ако некој има инфо нека пише.Фала!
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Можеш да бираш, пополнуваш на Е- Управа и чекаш, еве и јас чекам :)
     
    На senjorita-v, LejlaD и nickn им се допаѓа ова.
  13. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    253

    Jas bev. Tocno pred dve nedeli. Se prijaviv pred 5. Se vakcinirav so Astra zeneka. Imam 31 godina i nemam antitela na kovid. Se vakcinirav vo 5 vo 10 veke kreneav temperatura. Naredniot den nemozev od krevet da stanam od bolka vo koskite i temperatura. Domtorot me sovetuva da ne pijam paracetamol za teloto samo da se izbori. Nokta krenav 38 so 5 i se napiv eden za da me fati treska da zaspijam i sabajleti ko nisto da ne bilo. 12 den napravena krvna slika se e vo najdobar red.
     
    На fana, LejlaD, nickn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.411
    Извини ама според мене ова е многу плитко и површно размислување. Извадете ги ве молам розевите наочари и погледнете ја реалноста. За да ја величите толку вакцината треба да имате цврсти докази и факти.
     
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.411
    Ти уште не се вакцинира?? Ооо која неправда, на толку љубов спрема вакцините треба пред сите приоритетни групи да бидеш..
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Направи споредба во број на заразени и починати во земјите во кои има масовна вакцинација пред и после вакцина. Мислам тоа ќе биде доволно.
    И еве, дај ни цврсти докази и факти дека има повеќе починати од вакцината него од вирусот, и дека воопшто вакцините имаат тооолку негативен ефект?
     
    На Glowy, tinka-mace, Fifi84 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас да прашам, од планов за вакцинација, гледам денес новинарите...
    Овие се вакцинираа ли? Бидејќи во листава се пред сите што претходната недела се вакцинираа... онака информативно :?:
    http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2021/02/Natsionalen-plan-za-imunizatsija.pdf
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Не важи планот. :rofl: Каша попара е. Уште сите здравствени не се вакцинирани.
     
    На Glowy, Fifi84, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Машки
    Од Абу Даби денеска пристигнуваат 2000 Кинески вакцини.
     
    На Ambrosia, Peperutce1115, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    А вакциниве што требаше да пристигнат на 15-ти никој не ги спомнува. Уште едно во низата празни ветувања.