За кинеската единствено знам дека после прва доза, после 1 недела човекот корона фати Со пневмонии, со сВе. Ама, тоа е само еден единствен пример, сега уште чека за ревакцина, ептен долго му траеше лечењето.
Поправете ме доколку грешам, но нели се' уште нема податоци во јавноста за третата фаза на тестирањето на кинеските вакцини? Згора на тоа, има најмала ефикасност од сите. Дефинитивно не би ја примила.
Па за сите вакцини многу битно е ептен да се пази кратко време по првата оти имунитет не се створил никаков. Инаку, моите блиски, и мажот и жената вакцинирани со кинеска, и двете дози, па на крај позитивни. И двајцата.
Да не ги урочат, се пазат И јас не сакам кинеска, не дека некој ме прашува. Дур да ни дојде редот, ќе дојдат тие 500К од синовак
Како се пријавувате за вакцинација? Ја испуштив можноста преку работа, оти се двоумев, но бидејќи прашав неколку доктори сакам да се вакцинирам.
Ама не неколку саати по вакцина. Сепак е потребен одреден период да се сторат тие антитела. Недела дена и по примена фајзер вакцина иста е приказната. Не се создаваат тие антитела во моментот кога те боцнат, па ај од боцкање право во кафана.
Еве утре завршувале со критична инфраструктура, останатите дози од Спутник ќе се распределеле според возраста. Битно списоци на пратениците ќе се правеле.