Да, слушнав. За никаде организација. И персонал од болниците уште чека термини. И таму не се сите вакцинирани.
Како не? Па нели од моментот ко ќе почнеш да мислиш на вакцина, мозокот веќе генерира антитела. Колку повеќе сакаш да се вакцинираш, толку поише антитела
Како тоа завршувале. Немој те молам, па кај се водовод, евн, телеком... Кај се министерствата, општините...
Да, ваљда е погрешно пренесено или изјавено. Пред да почне со Спутник во А1, околу 9000 беа вакцинирани, а до саботата беа 24 020, значи 14- 15 000 биле искористени од Спутник.
Луѓе имам некои нејаснотиии некој постручен да ми објасни? Знаеме сега дека доминантен е Сојот Британски сега овиевакцини што ги прават се за овој сој, да не се развива тешка слика. Е сега нешто ме загрижува е следново: Читав правеле истражување во израел и откриено дека кај 400 исппитаници кои ја примили Фајзер се заразиле 8 пати повече од ЈужноАфриканскиот сој ни името нејкам да му го спомнам, додека кај другите 400 шо немале вакцини Ј. Сој бил помалку заразен Значи сега сеа се поставува прашањето зошто со вакцина си позаразен со нов сој? дали ке мора Научнициве уштесега да развијат вакцина прво за тие што веќе примиле да направат поефикасна или да се дава 3 или 4 дози зада биде ефикасна за тој тој.Не дај боже у соседството или кај нас да дојде овој нов сој. Научниците ке мора да ги истражат овие работи и уште сега да работат на друга вакцина против тој Сој.
Тоа не значи дека позаразен е сојот ако си вакциниран, значи дека од другите соеви биле позаштитени па овој успеал да им ја пробие имунолошката бариера.
Наредна група во врска со возраст, која е на ред за вакцинирање? Моите родители се 64 и 65 години , дали се сега тие на ред? Чув инфо за тие под 75 год дека се на ред Минатата недела се вакцинираше дедо ми , со АЗ , супер е нема ништо се надевам така да остане
Се надевам конечно ќе ја спуштат старосната граница, веројатно прво ќе одат со над 70 сега, потоа над 65 зависно од расположливите количини. Исто едната ми баба се вакцинира сп АЗ, супер е. Другите се 71 година, па чекаме
Не се знае конкретно, претпоставувам Синофарм. Веројатно ќе дознаеме кога ќе стигнат во Скопје, во Софија авионот слета пред десетина минути, така да додека ги транспортираат, попладне ќе бидат во Скопје.
Наздравје нема им е Дај Боже да немаат луѓето проблеми со оваа АЗ , моите се плашат да ти кажам искрено , ама може да ја имаат таа среќа па да се вакцинираат со руската Јас уште не можам да сватам зошто некаде со АЗ вакцинираат од 64+ на друго место под 64 со истата. Еве кај нас во Грција со АЗ вакцинираат до 64 год возраст , а над 64 г. - со Фајзер. Сега не знам дали ќе се смени нешто кога ќе ги донесат овие др вакцини ЏЏ , модерна.. Јас бев за ЏЏ загреана дека една доза ама пак слушам тромбоза и таа правела па сега и од таа се плашам
Нема Модерна Модерна таму? И чекај... битната тема Гледам нешто Србиве од 16.04 ќе можеле да доаѓаат, плус некои други земји... спаѓаме ние во тие земји?
Модерна сега ќе ја донесат А да, и јас ова денес го чув само не дочув за кои земји ќе важи за од 16.4 За Израел мислам сигурно. А нели од 14.5 беше да пуштаат од ден на ден се нешто мењаат Ако слушнам нешто дека важи и за Мк за порано, ќе те известам ,а сигутно и кај вас ќе кажат, мислам стварно дај Боже веќе
Податоци за починати од компликации после примена вакцина нема да најдеш оти кога и да ина таков случај право се вели и заведува дека вакцината не е причина за тоа. Исто како татко му на Ѓорчев.