Гледајќи ја ситуацијава со Вирусот и ке го има и понатаму, за жал, мора научнициве веќе да развиваат вакцини за овој Јужно. А.Сој оти во многу скоро време ке се прошири и веќе пред да се прошири научниците ке морат да развијат што ке бидат отпорни на овој вид. Сега за сега решение има само за сегашниот вид.
Реакција од АЗ, еден ден темп до 38 и болка во грб и рака. Ќе мерам антитела за 1 месец, ревакцина за 3 месеци.
Зошто не се запрашаш обратно...колку смртни случаи се спречени во една држава кај постарата популација благодарение на вакцините?! Многу ме нервира кога некој и после една година ќе каже "па, само стари луѓе умираат". Па ако се стари немаат ли право да проживеат уште некоја година? И старите имаат желби и планови. Еве, баба ми на пример има 80 години и не планира да умира додека цела градина не ја посади со цвеќиња и додека не ме омажи мене (Богами ќе си поживее) . Еве, читај за UK. https://www.gov.uk/government/news/covid-19-vaccines-have-prevented-10-400-deaths-in-older-adults
Нема што јас да ве просветлувам, доволно сте си информирани во насоката во која сте тргнале. Јас си имам мој став кој е различен од вашиот и не чувствувам потреба да ве убедувам спротивно од вашите верувања. Многу би сакала и јас како вас да верувам дека со по една вакцина ќе се реши оваа ситуација ама за жал не е така.
Па како ќе се реши „оваа ситуација“ ако не со масовна имунизација, а? Како??? Стигнати сме до точка, каде ЕДИНСТВЕНОТО решение за оваа глобална здравствена и економска криза е масовно вакцинирање на населението во светот, не постои ништо друго. Ако веќе имаш доблест да влегуваш во дискусија со различен став од другите, барем имај доблест и истиот тој став да го поткрепиш со аргументи и да предложиш решенија за проблемот. Не чувствувала она потреба нас да нѐ убедува, боже господе. Ем игнорантно, ем се сили.
Па во право си. Вакцините кај некои луѓе за жал може да креираат првично чувство на лажна безбедност, па веднаш после вакцинацијата луѓето да договорат кафана само заради тоа што се вакцинирани и нели под дифолт се очекува да бидат заштитени. Типичен пример за тоа ти е Чиле. Во Чиле исто како и во Израел, голем број луѓе беа опфатени со вакцинација, но за разлика Израел, рестриктивните мерки беа разлабавени многу рано. Па така Чилеанците се фрлија на забава, патување, дружби, фешти. И сега, бројот на заразени во Чиле и покрај вакцинацијата е многу голем, додека во Израел не е тоа случај. Се прашувам како во време на модерна технологија, кога достапноста до информации е прилично лесна и едноставна, ние бираме да веруваме во т.н. лажни вести. Со само еден клик може да се провери инфромацијата во која избираме да веруваме.
Со по 3 вакцини минимум Ај да не се лажеме https://www.index.hr/vijesti/clanak...od-ostalih/2268316.aspx?index_ref=read_more_d Дури да развијат вакцина за мутација, таа ќе измутира... и така, во круг
https://www.themoscowtimes.com/2021...ffective-against-south-african-variant-a73534 Мислам дека и ЏЏ беше најефикасна против ЈАР мутацијата, а Спутник во првата доза го користи истиот аденовирус како ЏЏ, Ad26.
Во вториот квартал од оваа година, околу 14,1 милиони дози вакцини Pfizer / BajoNTech ќе бидат доставени од програмата Ковакс во 47 земји, соопшти во понеделникот Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ). Според најновите информации, објавени од Гави, Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија треба да добијат по 100.620 дози вакцина Фајзер преку системот Ковакс од април до јуни. Вакцините не се распределени за Црна Гора во третиот круг, додека Србија се очекува да добие 28.080 дози. Испораката на вакцини се очекува од април до јуни годинава, а 1,2 милиони дози вакцини Фајзер се веќе доставени на 18 учесници во програмата. Во текот на вториот круг, 237 милиони дози вакцина АстраЗенека им беа доставени на 142 учесници во програмата, а испораката сѐ уште е во тек. https://faktor.mk/nova-runda-vakcini-preku-kovaks-poznato-koga-treba-da-pristignat