Пак вртиш.Дискусија се води кога двете страни искажуваат став, не читам мисли за да знам што сакаш да кажеш.
Некако не ми е јасно, еве има овде и медицински лица. Дали кога се прават испитувања, еве и за вакциниве, на оние кои примаат плацебо им се кажува дека примаат плацебо?
Добро, во насока на начинот, на кој Израел дојде до вакцините, со договор за споделување на информациите од анализи после вакцинирањето, кој ни гарантира, дека секоја вакцина е навистина вакцина, а не плацебо? Очигледно е дека испитувањата продолжуваат.
Плацебото е до фаза 3, а фаза 3 на Фајзер е оддамна завршена. Израел не е вклучен во фаза 3 на тестирање, туку споделува информации околу тоа кои се бенефитите и (доколку ги има) ризиците од вакцината во реалниот свет, на поголема маса на луѓе, тоа веќе може да се нарече и фаза 4 на тестирање на вакцината, која се спроведува по добивање дозвола за (итна) употреба на вакцината.
Вакцината има дозвола за да биде пуштена во промет, а не плацебото. Фаза 4, вакцината е со докажана безбедност, ефикасност и сигурност и по добиената дозвола се пушта во промет каде продолжува активно да се следат резултатите од нејзината примена.
Како може во промет да се пушти плацебо боже господи. ако е така, значи и во лек за притисок пример може да има плацебо апче, пример наместо лосартан да стават шеќер во прав во форма на таблета. како ти се чини логиката?
Како мислиш дали секој примерок се тестира? Има 3 фази на тестирање и после се пушта во употреба.Што и да е, се тестира во тие фази и после пуштаат во промет.Не може плацебо да пуштат во употреба да се продава.
Некои од вас ќе се сетат дека и во Македонија имаше афери за лекови, кои во себе не поседуваат доволно активна супстанца. Да не се правиме луди. Само изразувам сомнеж, како ќе знаеме дека секоја доза е иста, ако не се тестира секој примерок?
Затоа што ги прават по формула, истата за сите дози, не се застанати на лента и да додаваат што сакаат во вакцината.
Филозофијата на тестирањето, како што докажа и квантната физика дека се менува предметот на опсервација, не значи дека резултатите се точни, туку дава верба дека нешто е слично.
Вербата во бога е спротивна на медицината или е комплементарна, не разбирам? Исто и јас би се крстел, кога би разбрал како се затруднува без допир.