Не знам зошто само не земеме вакцини од Кина и Русија. Русите веќе и ни понудија вакцини на продажба и ние ги одбивме. Од една страна ај што се поевтини, што значи поисплатливи ќе се за нас, од друга страна досега се покажа нивната најефикасна заедно со таа на Фајзер. Зошто да немаме избор од две, па и повеќе вакцини, па да може да се види која поефикасно ќе реагира, а и секако народот да може да избере која ја сака? Да, да. Реторичко прашање е. Знам дека се работи за политика.
Гледам на вести сега и дали добро разбрав, Русија се понудила да ни испрати вакцини колку што треба, доставиле и документација АМА НЕ ДОБИЛЕ ПОВРАТЕН ОДГОВОР? Значи Филипче чека донација од Бугарија и Грција, да се смилуваат на нас и да ни дадат ако им остане, а во меѓувреме на Русија и направиле Seen. Немам соодветен коментар.
За да рече они нас ни се другари, не ни се непријатели. Страшно е колку удел има политика, влада врз здравство.
А што правиме со останатото население кое што може пак да се зарази и да се шири вирусот? Ништо не сме направиле.
А зошто да не се вакцинира и останатото население? Во првиот "бран" на вакцини нормално дека нема да се вакцинира, тогаш ќе се вакцинираат старите, хронично болните и оние кои секојдневно се изложени на ризик. Мене и тебе, и на сите млади и здрави, редот за вакцинација ќе ни дојде можеби во 2022, или есен 2021. Ама... скоро сум сигурен дека во многу земји и повеќето авиокомпании ќе се бара потврда за примена вакцина за влез во тие земји и за летање со тие авиокомпании. Ако се случи ова, во истиот тој момент најголем број од сите нас ќе почнат да бараат и примат вакцина. Вакцината задолжителна нема да биде ако сакаме да останеме исклучиво во Македонија, а ако сакаме надвор тогаш боцка. Незадолжително задолжителна
Ама зошто да се вакцинира некој што прележал, а сака да шетне надвор? Зарем имунитетот од прележување не е најсилен и најтраен? Некој од докторите наши спомна дека тие што прележале Сарс во 2004 (мислам тој период беше) уште имале имунитет до ден денешен. А мислам дека ти спомна дека и вакцинираните се подложни на инфицирање, што значи дека можат да заразуваат и други, или сепак не? Каде е логиката?
Нема логика да се вакцинира барем 6 месеци после инфекцијата. За толку се знае дека има имунитет скоро па сигурно. Да, и вакцинирате може да се заразат, само што вирусот ќе остане само во горниот респираторен тракт и ќе мине како настинка, значи нема да се спушти во белите дробови и да предизвика (по)тешка клиничка слика. Според скорешните истражувања, американската Moderna, белгиската Janssen и уште една, Novavax, предизвикуваат и имун одговор на горниот респираторен тракт, што значи дека тие превенираат и инфекција и ги штитат белите дробови, со што и се намалува преносливоста на вирусот.
Во ред, но кај нас најавија други вакцини, кои штитат само од тешки клинички слики на белодробието. Дали тоа значи дека нашиве што ќе се вакцинираат, сепак нема да им дозволат да мрднат надвор бидејќи ќе бидат потенцијално заразни за другите?
Тие лаги и манипулации на друг да ги продаваш. Неспособноста, некадараноста на мафијашот Филипче и цела багра околу него, ја плаќаме сите. Србија, Бугарија, со сличен квалитет на општество и економија, веќе почнуваат со вакцинација и колективна имунизација, а ние каде сме? Тоа се лаги дека Фајзер не сакал да ни достави вакцини, затоа што сме мала земја, туку правата вистина е дека некој требал да трча, да брка работа, да фаќа врски, да сработи, за да добиеме вакцини на време, а не да очекуваме трошки. Две милијарди евра се задолжија, за да не видиме ниту една нова болница, ниту едно болничко возило, ниту една нова лабараторија, ниту вакцини добиени на време. На што ги потрошија тие пари? Исто како што датумот за преговори со ЕУ 25 пати го добивавме, така и вакцините, кои требаше да ги добиеме први, ќе ги добиеме последни. Филипче чека одговор од Борисов да го извести дали во Банско останало вишок од вакцините
Well (како што ти милуваш да се изразуваш на англиски јазик) точно ова што ти го затемнив е моментот за кој треба да се подзамислиш. Лекови што се употребуваат со децении искачаат штетни, ама ти ќе почекаш некој месец да видиш дали на некој нешто ќе му се случи од вакцината за да решиш и ти да се вакцинираш... Па каде ти е тука логиката!? Тоа ќе бидат стари и хронични болни, па со надеж дека смртноста ќе се намали односно ќе го прележуваат "од нога". Останатите и вака и така го прележуваме дома. Ама, ако биде вака и потајно многу се надевам дека ќе биде вака. Ако не нѐ тераат сите да се вакцинираме... Еве ова е тоа што ме фрустрира. Класично одземање човеково право. Значи јас ако имам воспалено слепо црево може да одбијам медицинска интервенција и да умрам затоа што го имам тоа право, ама ако сакам да живеам на овој свет ќе мора да се покорам пред ковид вакцината. И ова со патувањето ќе биде само почеток. После тоа ќе ни забранат и да пазариме во маркет. Треба да сме луди како човештво да дозволиме вакво нешто.
А кои ограничувања ги имаат на пример родители и нивни деца што не се вакцинирани против морбили од што така не сакале? Знам дека имаат некои. Ама да погодам, помалку се од она што ќе биде за оваа вакцина....? И по 10ти пат ќе прашам - дали производителот гарантира за безбедноста на вакцината во следните неколку години после примањето и ако да, како?
Well, само кажувам пошто ми изгледате многу сигурни во лекови што се користат со децении па да ви кажам. Се подзамислив јас не ми треба убедувања ни пак убедувам некој.
Од кај наоѓате ваков метод на резонирање, да ми је знати Ако е вакцината сезонска, те не создава траен имунитет, а веројатно не создава, пошто вирусот постојано мутира, некако не ми изгледа веројатно дека ќе се стигне до момент кога сите ќе бидат вакцинирани. Колкав би бил дневниот капацитет за вакцинирање, за да се стигне до таков момент, во период од 6 месеци? И колкава е таа група на популација која не може да се вакцинира, вклучително лица до 18 години, лица алергични на состојките на вакцината, лица со хијалиронски филери кои може да претрпат несакани ефекти од вакцината.... плус, додај останати групи кои допрва ќе се идентификуваат како ризични за вакцинирање...
Секаде се вакцинираат со овие вакцини засега, Фајзер и Модерна. На Блиски Исток и во Азија, можеби и Јужна Америка се вакцинираат и со Руската и две кинески мислам, за нив не знам многу. Европа се вакцинира со Фајзер, Америка со Фајзер и Модерна засега. Јансен и Новавакс сè уште се во процес на тестирање. Бугарија, Романија и Грција се членки на ЕУ и преку тоа добиваат вакцини. Србија има 8 милиони жители и од Фајзер сега доби 4800 дози мислам. Албанија вакцини очекува во јуни, Црна Гора, со 500 000 народ и Босна со 3,5 милиони исто така не добиваат ваквини директно од произведувачот, туку очекуваат во исто време преку нас. Србија доби 4800 вакцини на 8 000 000 жители, нас колку да ни пратат? 1200 спрема тој сооднос, за 600 граѓани? Зошто кога можат на Италија пример да и пратат 36 000 вакцини. Ама дека можат Руската да ја набават, можат.
За никоја вакцина колку што знам нема момент сите да се вакцинирани. Ама здравствени работници, хронично болни, стари и изнемоштени лица, плус додај други ризични групи и постојано изложени на вирусот, треба да примат вакцини. Тоа дека од вакцината ќе зависи дали ќе патуваш некаде или не, веќе се најавува. Кипар на пример, од март 2021, ќе дозволува влез на лица само со примена вакцина или негативен ПЦР тест. Овој пример најверојатно ќе го следат и други земји. Австралиската авиокомпанија Qantas, исто така најави дека за лет со нив ќе треба потврда за примена вакцина, а исто така најверојатно овој пример ќе го следат и други авиокомпании од целиот свет. Кога ќе дојде овој момент, за жал ќе дојде до фаќање врски за примање вакцина за да патуваме во странство.
Ох, ама за оваа се оди токму на моментот 100% вакцинација. Инаку, зошто би се применувале хитлеровски мерки со убедување, ограничување и други методи за да се присили населението на вакцинација? И се уште не ми е јасно како може да ви биде нормално ова? Како што рече @Kitten загрозување на човеково право е! И немојте само ве молам со патетиките дека и да си жив е човеково право и дека ако јас не се вакцинирам те загрозувам тебе итн... Особено немојте со вакви патетики кога не ја знаете ефикасноста на вакцината и нејзините последици. На крајот ќе се сведе работава токму како Хитлер: ќе бидат обележани и гетоизирани тие што не се вакцинирани. Исто како Евреите
Повторно лажеш. Србија до крајот на јануари планира да вакцинира околу 1 милион жители. Плус, Србија нема 8 милиони жители, туку помалку од 7 милиони. http://rs.n1info.com/Vesti/a686649/Vucic-Pocinje-vakcinacija-protiv-korone.html Србија не е членка ниту на ЕУ, ниту на НАТО, туку нивната дипломатија, врски, добар тим завршила работа. Пренеси му на Филипче дека денес луѓе користат интернет и можат да проверат релевантни информации. Црна Гора очекува во вториот квартал дури 30% од нивната популација да се вакцинира. Ние дотогаш допрва ќе почнуваме со вакцинација од трошките што ќе останат. Novi direktor crnogorskog Instituta za javno zdravlje Igor Galić juče je rekao rekao da bi vakcinacija „mogla da počne u prvom kvartalu naredne godine, a možda i pre”. I šefica kancelarije Svetske zdravstvene organizacije u Crnoj Gori Mina Brajović takođe očekuje da će vakcina protiv korona virusa biti distribuirana u Crnoj Gori u prvom kvartalu 2021. i da će biti vakcinisano do tri odsto stanovništva, a u drugom 20 odsto.