Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Зошто да е спротивна? :D
     
  2. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Но никој не гарантира 100% сигурност и безбедност, тоа го потенцирам. Велат поголем е ќарот од зијанот. Вистинско коцкарско размислување.
     
  3. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Па не го прочита вториот дел изгледа. Ајде, велат повторувањето е мајка на знаењето. Како се затруднува без допир? Како вирусот мутира, која е комуникациската врска помеѓу вирусите, имаат ли команден центар? Поврзано ли е тоа со теоријата на струните? Кај е сега Шелдон да ни објасни, кога е најпотребен!?
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Вирусот мутира многу просто, "комуникациската врска" се двe различни клетки и генетскиот материјал, во случајов, РНК-та на вирусот.

    [​IMG]
     
  5. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Вирусот е само генетски материјал, кој е тригерот да се активира друг дел од материјалот? Како вирусот, т.е. новата клетка знае, дека треба да го зголеми нападот? Мора да има повратна врска, позитивна или негативна. Кој е каналот? Да си повториме, како се затруднува без допир? Дали луѓето можат да воскреснат?
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.803
    Допаѓања:
    40.762
    Пол:
    Женски
    За да преживее, мутира.При репликација во секоја клетка се случуваат, односно може да се случат мутации.Кај вирусите е почесто затоа што не се најстабилни и имаат многу голема стапка на мутации.
     
    На Glowy, glosipgirl, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Паметна си е клетката, затоа така прави.

    Тоа ти се грешки при копирање. Значи од една во друга клетка вирусот секако мора да се реплицира, епа при тоа реплицирање генетскиот материјал на вирусот не е ист, туку доаѓа до грешки во истиот. Најчесто, тие грешки се позитивни за нас, негативни за вирусот, затоа што така тој на некој начин се самоубива. Е сега, ретко, грешката при копирање ќе биде придобивка за вирусот, проблем за нас, па така, наместо да се самоубие, да биде фатален за себе, тој подобро се снаоѓа.
     
    На Glowy, green.eyes, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Некој почна ли термини да добива од ваша фамилија? На мој роднина дијабетичар 45години му стигна за 14.05 термин смс порака, уште еден постар дијабетичар 61год имаме во фамилија он па не доби ништо...што чуден редослед имаат
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Angie има поточен одговор, за да преживее, мутира. Иако и Ahoy признава, дека клетката е паметна. Прашањето е, како знае, дека ако не мутира, има помали шанси да преживее!? Како ја обработува статистиката од сите други вирусни клетки? Кој ја креирал така паметна? Ок, ја тргаме религијата од општава слика, доста е крстење. Реално не помага, се додека не се докаже спротивно.
     
  10. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Појаснување за модераторите, моите мислења се во тек со темата, затоа што одговорив со не знам, се двоумам и имам многу дилеми, како и многумина овде. Најмалку 20%, што да се разбереме, не ни малку бројка за занемарување. Тоа што со вакцинава се врзуваат и други теми е надвор од мојата надлежност. Можеби некој размислува наместо да се вакцинира, намерно да се зарази, како словенциве, па да се коцка, да помине без поголеми проблеми.
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.803
    Допаѓања:
    40.762
    Пол:
    Женски
    Ама во тема за вакцини сме, не за религија? :?:
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.155
    Допаѓања:
    188.929
    Па и нема некоја разлика во моментов. Иили се крстиш во бога, пошто веруваш, или се крстиш во вакцини, пошто веруваш дека ќе делуваат. Не велам дека не делуваат:!:, ама ова со мутациите е веќе секс у здрав памет. Ако толку брзо мутира, а они толку брзо дистрибуираат како досега, само крстење ни останува.
     
    Последна измена: 13 април 2021
    На Tajnaotrovna, le.soleil и An-na им се допаѓа ова.
  13. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    4.155
    Revakcinava so kineskite vakcini na kolku vreme bese @Ahoy ?
    I koga ke se prijavime maticnata li treba da vnese sto hronicni bolesti imame?
     
  14. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Да, затоа не ги повторувам прашањата за религијата, според чии канони Ahoy проба да се помоли, за непозната помош од господа. Дали да му се јави во визија што пробувам да објаснам и прашам или нешто сосема трето. Но да не заборавиме, вакцинава е јасно објаснета во многу документи кои, повеќето се јавно достапни, мене ме загрижува човечката грешност, алчност, компромитираност и завист. Прашањата кои ме мачат се чисто технички, кои ретко кој ги објаснува. Никој не гарантира за дозата во самата вакцина. Дали и какви се резултатите од тестови во домашните лаборатории, ако воопшто се правени тестови, пред да се регистрира. На колку примероци се правени тестови, дали биле случајно одбрани? Зошто има толку неписмени новинари? Кој треба да ги поставува овие прашања, јас ли?
     
    На 6th sense и Abeja им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    После 21 ден, исто како за Фајзер и Спутник.

    Инаку не, тоа е автоматски мислам.
     
    На butterflysk и fana им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.877
    Никој не ти гарантира 100% безбедност и сигурност за ништо во животот.

    Ако не сакате вакцина, кога ќе фатите ковид не барајте ни сумамед, ремдесивир, ивермектин, инфузии. Ништо, се е тоа отров.

    Со чај од нане лечете се.
     
    На Glowy, green.eyes, annii и 17 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Никој не гарантира ни за органското во органските производи. Зеленчукот на пазар што се продава, колку пати и со какви средства се прска? Колку млеко има во млечните производи?
    Зборуваме за исхрана, за производи што ги конзумираме дневно, па не поставуваме толку прашања.
    Сомнежи секогаш ќе има, дали да веруваме дека испитувањата за квалитет што се прават се вистински?Поинаку... не треба ни да јадеме, ни да пиеме, ни да се вакцинираме, ни воздух да дишеме. Едноставно, правиме избор. Ти треба зеленчук за витамини да внесеш. Ти треба вакцина за да полесно пребродиш болест.
     
    На Glowy, glosipgirl, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    А ти другачке @kravce се вакцинисаше ли? Како помина?

    Јас прележав некој сој на корона, две недели со температура, на инфузии итн. Мамето на тој што го пуштил вирусов, па уште и мутира и треба да знаете дека актуелниве вакцини не се ефикасни за новите соеви, испаѓа дека за секој нов сој треба нова вакцина. Плус и до кога да ги истестираат сите ќе дојде време за повторно тестирање, бидејќи вакцината не е трајна, нели една година делувала, како и таа за грипот.
    Па кој му к*р бизнис бе.
    Вакцинава беше пуштена за да не истребат барем една третина и што сега. Од човекот си патиме.
    Намештаљка е се, однапред смислено и однапред подготвени вакцини, сега да не ги правеле случајно,кога излезе вирусов.
    Порано кога гледавме вакви филмови, со вируси и зомбиња и сл. се смеевме како да е нешто невозможно.
    Сега може не сме зомби ама пак се јадеме едни со други. Вака така, некое беснило владее.

    И да, пак можеш да се разболиш, и по втор пат и полошо да поминеш. И вакциниран да си, пак можеш да се заразиш и лошо да поминеш, никој не ти гарантира дека си безбеден.
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.877
    И после прележување ковид со инфузии, не сакаш да се вакцинираш?
     
    На astrophile, Tajnaotrovna и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Не. Инфузиите беа откако ми поминаа симптомите и бев малаксана.
    Плус вирусот мутира и вакцината не е правена за мутациите.