Знаете дека сезонскиот грип исто така мутира? И тоа четири пати побрзо од SARS- CoV- 2? И дека секоја година се прават нови вакцини согласни со актуелната мутација? Што знам... ко прв пат да "гледаме" вирус, ко прв пат да дознаваме дека вирусите мутираат, ко прв пат да се запознаваме со поимот вакцина и што тој значи...
Јоште не сам, не ми дошол редот, старите само се вакцинисаа. Tи насади ли пиперот Мислиш вирусот го пуштија... од вирусов изнаумреа, од вакциниве нема нешто бројка
Кромидот ми никна веќе. А како нема бројке од вакцине, ете ги ги набавуев по 100 по 200, кд ќе се потрефи и по 2 иљаде, може да се деси и за свите да набавив едн дн. По две од едан пут ли ќе ставате или ќе си чувате за другу годину?
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 11.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 5.857 (3.817-Pfizer/Biontech и 2.040- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11.04.2021 вакцинирани се 8.330 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093. Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 05 до 11 април 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
Сите вакцини шо дојдоа се од донации, од србија, арапите и сзо. Ни една вакцина нема купено со пари за да му се овозможи вакцинирање на тие што сакаат . Инаку не се вакцинирам, ако бидам приморам и ако има избор, а тоа тешко кај нас пошто ние питаме наместо да купиме, би се вакцинирал со Синофарм или Спутник В.
Вакцините се посигурни и повеќе проверени одколку сите производи што се продаваат по пазарите и маркетите. Мене искрено повеќе ми е страв пример од доматите и останатите такви работи што секојдневно ги користиме.
Баш би било интересно да се следи состојбата на секој од нив. Дали имале некоја реакција, каква, колку долго. Ако се сеќавате, во почетокот на пандемијата, во Црна Гора се објавуваа по име и презиме изолираните.
Сега прочитав најново истражување дека Кинеската Вакцина создавала најбавен имунитет но е наиздржлива во борбата со мутациите. Така да источните вакцини изгледаат прилично отпорни на вирусот. А пропо до кадесе Кинеските кај нас ке забрзаат ли?
Најнови шпекулации се дека моменталните вакцини не штитат од Бразилскиот и Калифорнискиот сој, овие два соја се дефинираат како најопасни со тоа што уште побрзо се шири од британскиот и повеќе ги напаѓало нас младите и по смртоносен.. Преѓе прочитав дека во Србија имало случај со бразилскиот сој. Се спомнува дека Спутник В има некаква заштита против бразилскиот, но нее уште докажано. Моменталните вакцини се правени на основниот сој кој се покажаа и против послабите мутирани соеви. Највероватно ќе треба дополнително да истражуваат и да ги апдејтираат речено вакцините...
А Израел ги кодоши Фајзер, пошто самите не му платиле на Фајзер, па он веќе нема да им дава на жими мајка? Мислам, да ги поврзам точките Ми текна во кој филм сме Спојлер: spojler
Некој беше пишал дека чита искуства на вакцинирани од српски форум, ќе може ли да споделете за кој конкретно форум станува збор
На 19.04 и 26.04 од директниот договор со Фајзер во земјава ќе пристигнат по 10 000 дози. До крајот на месецот треба да пристигнат и 76 000 дози од АстраЗенека. Донациите од ЕУ ќе пристигнат во првата недела на Мај, а во меѓувреме се очекуваат попрецизни датуми околу пристигнувањето на дополнителни дози Спутник и Синофарм. Од утре во А1 ќе се вакцинираат и лица на 73 и 74 години, со 2000 дози АстраЗенека, околу 2500 дози Спутник и 1000 дози Синофарм. Нормално, тоа само во Скопје. Со пристигнувањето на Кинеските вакцини, по примерот на вакцинацијата во А1 арената, ќе се врши масовна вакцинација и во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово. Ова од утринската изјава на Филипче.
Сакам да прашам,искуство со АЗ кај возрасни?Имам повозрасно лице над 80г.и сакам да го вакцинирам,па се мислам дали со АЗ или да ја чекам кинеската?Имете информација до кога ќе ги вакцинираат со АЗ?Ви благодарам