Слободно вакцинирај, баба ми (77) се вакцинираше со АЗ, и освен мала краткотрајна болка во раката немаше никакви проблеми Таа вакцина е секако за лица над 60 години, во неколку земји, вклучувајќи ја и Македонија.
85годишни, двата поминаа добро. Едниот воопшто не пројави никаква реакција, другиот само мала малаксаност еден ден. Редов за вакцинирање ми е траги-комичен веќе. Не знам чему сајтот за пријавување, никаква улога има, ниту па некој го следи... држава пародија
Иначе малку позитива во темава, кога ја примав вакцината до мене беше една бабичка околу 70+ години. Не сте свесни колку беше среќна што ќе се вакцинира, се имаше спремено и дотерано женичката, со кошулка и марама и со исфенирано косе. Им вика на сестрите јас многу пазев и не искачав од дома и сега конечно ќе можам внучињата да си ги видам. Си се спремила за на вакцинирање бе, срце. Ги немала видено внуците откако почнала пандемијата, пресреќна беше што конечно ќе можат рајат да се видат. И отстапив место да седне, шубе ми беше и неа откако ја боцнаа па останав да ја пазам малку, ми рече фала и да сум си најдела дечко домаќин човек. Да ме гледал и чувал и да ја гледал куќата Позитива на годината ми беше, не сте свесни каква женичка. И цел ден беше таков убав, внучиња носеа баби/дедовци, некако од скроз безнадежна ситуација со ковидов успеа да ми светне трошка надеж дека пак ќе се вратиме по старо. Поздрав до бабичката, жива и здрава уште 100 години да е.
Дечки се вакцинирав пред 16 дена со А.З од вчера температура. Без кн 95 не излагам а во понеделникот почнав со работа. Се тестирам вечер па што биде нека биде
@Martka дедо ми се вакцинираше со АЗ , има 85 години и супер се чувствува. Пред 1 недела се вакцинираше
и јас се чудам зошто администрацијата, полицијата, арм се вакцинираат први кога ниту работат нешто, повеќето дома им изнаседаа, а вработениве во маркет и во банка што да кажат тие
Е ајде де!! Се нервирам кога слушам кој се е вакциниран. Преку матичен само 77+, другиве преку партија
Администрација патот до работа го заборави буквално. Полиција и војска работат турбо, ни мерки не важеа за нив.
јас сите што ги познавам што работаат во администрација, во арм и полиција си уживаа и си диплеа плата од дома, ништо не функционираше, само маркети и банки работеа турбо, и не знам како тие вработени останаа живи(сред пандемија скапаа на работа и со народ имаа контакт цело време)