Јас сум за вакцини. Ама секој треба да се прегледа убаво пред да се боцне. Не се наивни овие вакцини. Не ме прашувајте како знам..
Еден куп Spoiler: луѓе Дури 4.000 плус минус Никого никаде не прегледуваат, освен тие што се во болница. Чил.
Е па добро де. Си се вакцинирала. На здравје да ви е. Ама секаде препорачуваат доктори прво преглед па потоа вакцина. СЗО пишува дека не е задолжителен, ама не и дека не е потребен. Така да богами кога ќе дојдам на ред има да направам една убава крвна слика со се и сешто (на приватно за да не го оптеретам фондот) па после ќе се боцкам. Тоа си е мој став после разговори со многу специјалиати од областа на имунологијата. Не тропам јас од глава глупоати. Сум за вакцина, ама на жими мајка не.
Па добро не е научна фантастика ова што го зборуваш. Општо познато е дека не постои ниту една идеална вакцина. Ама во моментот не постои ништо подобро од вакцина. И колку што знам јас не постојат крвни тестови што треба да бидат направени пред да се вакцинира човек. И дечињата кога ги вакцинираат обично ги прегледуваат докторите, ако се здрави нема проблем за вакцинација. Ако се настинати, одложуваат вакцинација.
Детска вакцина и оваа вакцина не е иста. Пример мајка ми е со варикозни вени.. Има 66 години. Да не направи иапитувања за тромбоза? Има се да направи, и да се консултира со лекар за евентуална терапија и се. Тоа си е мое мислење.
Епа тоа ти го зборувам. Мајка ти ако има тромбоза ќе му каже на лекарот дека има тромбоза и согласно со препораките ќе и биде кажано како треба да постапи. Ама здрав, прав, млад човек да прави испитувања, рентгени, магнетни, компјутери и чуда, би му било залудно.
На 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада во земјава. „Оставаме простор од неколку дена во случај да има некакви поместувања, со оглед на тоа што се случуваше досега“, кажа министерот пред „А1 арената Борис Трајковски“ во Скопје. По 10 илјади вакцини „Фајзер“ ќе стигнат во земјава на 19 и 26 април, повтори тој. Станува збор за вакцини против ковид-19 кои се добиени со директен договор на земјава со компанијата. Преку Ковакс-механизмот 76.000 дози на „АстраЗенека“ би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај. https://sdk.mk/index.php/zdravstvo/...ktsini-ke-stignat-na-28-april-reche-filipche/
Супер ако стигнат конечно вакцините.Само за кои вакцини се работи? За Синофарм или Синовак? И не знам со луѓево што ке правиме.Ко да не се сфака реалноста дека или ке прележиш или ке се вакцинираш,трето нема. Две другарки кои работат со луѓе ,не се ставиле на список за вакцинирање во фирмите каде работат. и којзнае колку ке има такви. Им било страв од вакцината,подобро да се заразеле и прележеле.Тоа е слично ко во Словенија сега што имаше случување намерно што се заразувале.
а зошто требаат списоци по фирми да се прават?? Си има сајт, нек направат алгоритам и тоа е тоа. Што е оваа глупост. Само со списоци научени за се! За се да треба да бркаш некоја врска, некој да те пише, допише.. Многу се нервирам!
Не се нервирај. Ова е Мк. Јас сум пријавена преку комора, регулар на страната за вакцинација, на страната за вакцинација за ПЗУ, сега и преку фирма. И погоди, никаде ме нема.
ама што има да се прават списоци. Имаат сајт. И од таму. Направи алгоритам и ајт кој му дојде нек иде да се вакцинира. Што е ова!
Банкиве,Телеком ,комори,дел од нив си ги однесоа вработените во Србија.Вистина е,прават списоци,може имаат договорено во Србија. Кога во државава приоритениве групи ги промашија, имаат право да се снаоѓаат,па и да им платат во Србија,кога кај нас спијат.
Кај нас приоритени,вработени во држ.адм.вработени на патарина,новинари... А млади болни со хронични болести,посебни потреби,затворски службеници,вработени во колективи,маркети..ке чекаат.
тоа велам и јас. Се нешто списоци сњ собираат. Па ај ако не и поклон ма некој да те пише да земеш Се треба да тече преку она вакцинација мк. Нека има прашања и по тоа да се прават приоритети. Еве комшијата мој, чиновник у едно министерство се пишал и го викнале, ама не му одговарала вакцината. Ќе чека фајзер.
Добив известување за пријавата на татко ми дека ќе добие покана за вакцинирање. Дали сите добивте таков повратен меил или значи дека за брзо ќе го викнат? 62 години има инаку.