И татко ми доби, вработен во една критичниве институции е, не знам дали е до тоа, иако последен го пријавив, прв ја доби потврдата дека успешно е пријавен. Другиве немаат добиено.
Јас сега проверив на мејлот , има порака уште кога сум го пријавила татко ми , дека успешна е регистрцијата и дека ќе добие при покана меил или смс порака. Моите имаат 65 год. Мислам рано е за оваа категорија.
ПРОТИВ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ СЕ ВОДИ МЕДИУМСКА ВОЈНА ЗАТОА ШТО Е ЕВТИНА, ВЕЛИ ВУЧИЌ Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека против вакцината на „АстраЗенека“ се води медиумска војна и се зборува дека е лоша вакцина само затоа што е евтина. „Тоа што го набавувавме по 12, 13 и 14 долари, сега е 20. ‘АстраЗенека’ е евтина, бидејќи Оксфорд ја правеше да ја подели со човештвото и чини 5 долари. А се работи за милијарди дози. И затоа сега се водат медиумски војни и зборуваат дека тоа е лоша вакцина. А таа остава добри антитела“, изјави Вучиќ за време на посетата на институтот „Торлак“ во Белград, каде што ќе се произведува руската вакцина „Спутник“. Тој ги искритикува и контрадикторните одлуки на неколку европски земји за ограничување на употребата на вакцината на „АстраЗенека“. „Германија прво донесе одлука дека не може да примаат вакцина ‘АстраЗенека’ постари од 65 години, а сега дека не можат помлади од 60 години. Замислете ние да носевме такви контрадикторни одлуки, па ќе нè обесеа тука на оџаков“, рече српскиот претседател, додавајќи дека досега во Србија се вакцинирани 1,8 милиони граѓани, а 1,2 милиони се ревакцинирани.
@Ahoy, @kristina.k јас денес добив меил за мене дека ми е успешна пријавата, а сум даалеку од пензионер. Мислам дека системот го ставаат во функција за пријавување зашто очекуваат вакцини. Така што ништо не се знае. Мојот повеќе беше како известување дека ми е успешна пријавата и ми благодарат за тоа и да си чекам термин,а ќе ми дојде ред согласно редоследот за имнизација и бла, бла.
А да ве прашам ете на 14 април на татко ми пратиле меил , а за мајка ми нема ништо. А ја пријавив уште оддамна и пишуваше дека е успешно. Дали ако не дојде меил и за неа значи дека е неуспешно ?
Не би требало да значи. Пријави ја повторно, јас сега повторно ја пријавив мајка ми и веднаш добив повратен мејл Мораше да сум на чисто, па затоа од ново
Си бараат чаре луѓето. Вработените по банкине изгинаа, а никој не ги есапи, па си бараат чаре. И не се списоци за вакцини туку иницијатива да се стават во приоритетни. Далку се од вакцини.
јас зборам за државна администрација. Имам во фамилија 2ца веќе вакцинирани. Нит нешто контакти, нит бутур. треба да има систем кој ќе дава еднакви можности на сите.
Не, мислам дека нема потреба. Контрол фрик сум, морав да си имам црно на бело дека се пријавени Мојата апликација не ја повторив
Не им се носеле маски сигурно . Приоритетиве факт е дека ни се мизерни. Па пола доктори од приватниве сами во Србија отидоа да се вакцинираат. Вработено во маркети, банки, незнам за аптекиве, ќе си чекаат. Во меѓувреме секоја будала ќе им дише во врат. Карма каша е, ама битно вакцини се буцкаат. Среќа учителките во градинките и училиштата не ги прескокнаа.
@Biljarkata Меркел со АЗ ќе се вакцинира, а? https://sdk.mk/index.php/svet/merkel-utre-ke-se-vaktsinira-so-astrazeneka/#.YHg6SIMhLzk.facebook
Свекор ми денес се вакцинира со Астра Зенека,ама втора доза после 84 дена му закажаа,во Јули-не е некако бааги на далеку?
Толку е со астра зенека 12недели(84дена).Со среќа нека му е и нека се пази уште повеќе бар првиот месец.