Синофарм е изработена на платформа која е најдолго користена, а оттука и најдобро позната- деактивиран вирус. Вакцината е добра, според мене не доволно како другите единствено затоа што многу бавно дава имунитет (околу месец дена после втора доза), што мене лично не ми се допаѓа, посебно не сред пандемија и во Македонија. Инаку има ефикасност од 79% за превенција на Ковид- 19 и 100% заштита од смрт (и тешка клиничка слика). Добра карактеристика е што се смета дека би имала добра ефикасност и кон мутациите, со оглед на тоа што бо себе го содржи целиот вирус, нормално деактивиран. И уште една негативна работа е што немаат јавно објавени детални податоци од клиничките студии.
Не, да требаше, ќе се изгубеа сите 160 000 заинтересирани од вебсајтот https://kovid19vakcinacija.mk/.
На другарка од Србијс мајка и и татко и се вакцинирани со Синофарм со 2 дози. Мајка и има полно антитела, татко и 0. Кинеска работа, или ќе работи, или не
Обезбедени се вкупно два милиони и 600 илјади вакцини и нема потреба за нови нарачки, вели Филипче Абре ние сме имале вакцини
Др. Кунгуловски: Во последниов период се дигна галама за поврзаноста на вакцината на AstraZeneca, а сега и на вакцината на Johnson & Johnson со ретки типови на тромбоза како церебрална венозна тромбоза (CVT). Во една интересна студија https://osf.io/a9jdq/ којашто секако треба да се валидира и репродуцира во други држави е утврдено дека ризикот за церебрална венозна тромбоза е следниот: Кај COVID-19 пациенти = 39 на милион Pfizer/Moderna вакцина = 4 на милион AstraZeneca вакцина = 5 на милион Тоа значи дека COVID-19 води до барем 8 пати зголемен ризик за церебрална венозна тромбоза во споредба со било која вакцина (и таа на AstraZeneca). Да не ги заборавиме и другите почести исходи (независно од CVT) од COVID-19 како останати типови на тромбоза, пневмонија, оштетување на органи, цитокинска бура, кои знаат да доведат и до смрт. Никој без имунитет нема да избегне заразување со SARS-CoV-2, дали сега, дали за месец од сега или за година од сега. Изборот е двоен: вакцина или COVID-19. Шансите за преживување се стотици можеби и илјадници пати поголеми со вакцина. Проста и едноставна математика.
Дедо ми се вакцинира, засега е добар. Малце ми е на мисла дека има запшени артерии, поточно стеснати ама си пие лекови за тромбоза така да вајда нема да има проблем. Специјалистот рекол дека е во ред да се вакцинира. Нешто слушнав дека оние кои планираат деца не се препорачувало да се вакцинираат таа година, има нешто вистина или не?
Sega starive pod 77god, 76,75,74... preku maticen sto im se javuva za vo Boris Trajkovski so koja vakcina gi vakciniraat, Astra ili Sputnik? Na baba mi i kazale Sputnik, neli za stari bese Astra mislam?
Ја вклучувам темата. Гледам сите се експерти опасни за вакцина вчера измислена. Ја гасам темата. Се одјавувам од Фемина.
Maticnata i rekla Sputnik pa sea neznam.. mi e strav da ne i stavat Astra, prifativme da se vakcinira samo ako e Sputnik, 73 god ima...
Ако и' рекле Спутник, Спутник ќе биде, не се грижи. А и да биде АЗ, лицата постари од 65-70 год. немаат никаква реакција.
Истражување во Србија за Фајзер, Спутник и Синофарм, еве што покажаа резултатите: Српски Блиц направи ексклузивна анализа од резултатите кои веќе се собрани во таа држава за тоа која вакцина за колку време го создава имунитетот против коронавирусот. Во анализата се собрани примероци на вакцинирани граѓани почнувајќи од нула ден, две недели по првата доза, две недели по втората доза на вакцината, а потоа во месечни интервали. Примероците се анализираат за присуство на антитела. Досега се анализирани над 10.000 примероци на вакцинирани лица со употреба на сите моментално достапни вакцини во Србија. Проучени се примероци на граѓани на возраст од 20 до 95 години. Како што вели Марија Гњатовиќ од ИНЕП за Блиц, идејата била да се испита еден аспект на имунолошкиот одговор (антитела), со цел да се добие увид во кинетиката на создавање заштита по имунизацијата, со употреба на вакцини засновани на различни технологии, од класична до РНК технологии. Врз основа на мониторираниот примерок за вакцината Фајзер, повеќе од 85 отсто од вакцинираните развиваат специфичен одговор на антитела веќе две недели по првата доза. По втората доза, над 95 проценти од испитаниците имале мерливи вредности на антитела. Кога станува збор за разликата во производството на антитела во однос на возраста, истражувањата покажаа дека нема значителна разлика во нивото на антитела. Антителата остануваат во циркулацијата неколку месеци по администрација на обете дози на вакцината без значителна тенденција на намалување на концентрацијата на антитела. Вакцината Спутник В, исто така, дава добар серолошки (антитела) одговор кај сите возрасни групи. Кај повеќето вакцинирани лица, мерливите количини на антитела се јавуваат околу три недели по првата доза, додека процентот на вакцинирани лица со позитивен тест за антитела по втората доза е поголем од 92 проценти. Концентрациите на циркулирачки антитела остануваат непроменети за време на периодот на следење. Вакцината произведена од Синофарм нешто подоцна создава одговор во однос на вакцините од модерната технологија. Така, првите мерливи вредности на антитела се појавуваат најрано околу две недели по втората доза на вакцината. Граѓаните до 65-годишна возраст во голема мерка развиваат специфични антитела по примената на вакцината Синофарм, а процентот на серопозитивни во таа група на испитаници е поголем од 90 проценти. Нешто побрзо намалување на вредноста на концентрацијата на антитела во вакцинираните примероци од крв е забележано во однос на другите вакцини, како што велат во Инеп, што не значи дека се губи целокупната заштита. Се очекува дека производството на антитела е најинтензивно во моментот на присуство на вирусот, и дека после тоа се очекува пад на концентрациите. Сепак, извршената анализа покажува дека во моментот кога патогенот е повторно изложен, постои брзо производство на високо специфични антитела, неопходни за одбрана на организмот од инфекција. Сепак, постои јасна разлика во одговорот на вакцината Синофарм кај различни возрасни групи. Значително послаб одговор на антитела е забележан кај лица постари од 65 години, особено во групата постари од 70 години, имено кај мажи, со честа појава на целосно отсуство на специфични антитела во циркулацијата. Јасна е разликата помеѓу вакцинираните и оние кои не ја примиле вакцината. И таа е клучна. Грубо кажано, тие можат да се разболат и вакцинирани, но нивниот ковид е поблаг и нема жртви. Како што вели д-р Марија Гњатовиќ за Блиц, забележано е дека инфекциите се можни по примената на сите видови вакцини. „Но, тие се јавуваат значително поретко во однос на невакцинираната популација. Исто така, со многу поблаги симптоми и без смртни случаи“, вели Гњатовиќ.
Овој момент ми е најоптимистички. Ако е вака (а претпоставвуам и со прележаните е слично) тогаш практично се стекнува доживотен имунитет