Според студијата објавена од Универзитетот Оксфорд, базирана на повеќе од 489 илјади приматели на мРНК вакцините покажува дека ризикот од portal vein thrombosis е 30 пати поголема со мРНК вакцините (Фајзер и Модерна) отколку со АстраЗенека и неспоредливо повеќе со COVID- 19, како што е прикажано на сликата. Исто така, ризикот од cerebral vein thrombosis, којшто е причината што многу земји ја паузираа или прекинаа употребата на вакцината на АстраЗенека и онаа на Јансен (Џонсон и Џонсон), изгледа дека е речиси сличен помеѓу вакцината на АстраЗенека (5 во милион) и оние на Фајзер и Модерна (4 на милион). И повторно, многу поголем е ризикот за ваков вид на тромбоза од COVID- 19.
Ваков податок барав деновиве ама не најдов, фала @Ahoy Баш во Јансен се гледаше спасот моментално заради јужноафриканската мутација да не се прошири во Европа, додека излезат адаптираните мРНА вакцини што ја покриваат и таа мутација, ама не Ќе стане доминантна, па ќе се чешаат после. Се’ заради инает и докажување кој е кој
Многу случајно, случаите со тромбоза од Јансен се објавени неколку часа после известувањето од компанијата дека ќе испорача доста помалку дози од ветеното
Класично холивудски “ненамерни случајности и коинциденции” Многу се проѕирни игриве на фаворизирање, барем малку посуптилни да беа. Изгубиле од стилот и Европјаниве
Касниш Биљо, ова вчера попладне беше топ вест Не е министерка, одговорно лице од агенција за лекови или нешто слично. Одамна се сомнителни Данците во пандемијава, не им се игра по ЕУ правила Со Курц многу се у љубАв
Денес никого не сум видела, ич никој не ме занима. Не разбрав ни зошто точно се онесвестила. Само нешто често почнаа да се онесвестуваат на прес конференции, некој нов симптом на ковид да не е? Или од вакцината им е? Не ми текнува кој беа другите случаи ама сигурно уште 2 имам забележано.
Ќе се консултирам со матичен нормално, но сакам да ве прашам дали сте имале случај во семејството каде што се вакцинирал член со тромбоза? Баба ми е на 69 годишна возраст, има тромбоза, сакам да ја пријавам за вакцина но не знам колку ќе биде безбедно. Во секој случај подобро од ковид, но ме интересира дали сте имале искуство и кои се препораките за овие луѓе..
Не е лоша идејата и така нашиве ке одат во Србија во врска со вакцините и не лошо да се договорат пошто ке има потреба од вакцини да направат партнерство да се прават вакцини и кај нас како што почна таму. Србија ни помогнаа први и не е лошо заедно да правиме вакцини.
Нас на никој дома ни нема стигнато што се пријавиме на страната вакцинација. На дм му стигна денес, а во исто време се пријавивме.
Мене откако се пријавив, за 2-3 минути ми стигна повратен мејл, исто и на татко ми. На мајка ми пак, после повеќе денови.
Татко ми го пријавив првите денови кога го пуштија сајтот. Во петокот се јави кај матичниот за друго и покрај тоа праша за вакцината. Докторот провери и му рече дека не е пријавен, па го пријави. Можеби првите денови сајтот не функционираше како што треба и има пропусти во пријавувањето.
Кој е сега на ред за вакцина (освен повозрасните со аз)? Имаат ли викнато некој од сајтов за вакцинација? Слушнав за случај дека преку смс имаат викнато луѓе, ама не ми беше верна информацијата..