Така вика мистер министер на скоро секој прес, појма немам. А кај што спуштаат по 2 години на 2 недели, сметајте
Не за џабе рече српската премиерка дека Македонија нема план за вакцинација Како студент семинарска -претпоставувам препишаа од некоја држава план за вакцинација, ама не знаат како треба да се спроведе.
На крај повеќе земји завршија само по старосни групи. Знам со сигурност за Америка (прво на тетин ми му рекоа приоритет ќе биде зашто имаше операција на срце пред неколку месеци, а потоа му рекоа ќе чекаш да дојдеш на ред по возраст). Данска исто, Обединето Кралство исто. Само што последниве се шампиони па веќе вакцинираат и луѓе помеѓу 40 и 50 во некое делови (пример Северна Ирска).
Да знам, само овие за кои слушнав не се по списоци од работа, туку само од сајтот за вакцинација. Затоа реков не ми е верна информацијата, да не е само слушнале-не разбрале...
Подслушнав на Вести дека тие ќе се вакцинирале неделава, не знам со кои. Се надевам дека не е така, оти е стварно нефер.
Шо ти е тебе, мис на светот ќе бидеш, па очекуваш мир и фер Туку, шо се дешава со Русија и Бујар? Видов нешто, не разбрав ништо.
SPUTNIK V DEMONSTRATES 97.6% EFFICACY ACCORDING TO THE ANALYSIS OF DATA OF 3.8 MILLION VACCINATED PERSONS IN RUSSIA Б р а в о
И кај нас беше така, се регистриравме онлајн прво, потоа на работа потврдувавме фактички дека сме се пријавиле, така и ја добив првата порака. За ревакцина не добив, на самото картонче е запишан терминот. Едит: се регистриравме онлајн некаде декември, а потврдувавме дека сме заинтересирани 1 недела пред да стигнат вакцините, многумина се откажаа затоа што Фајзер стигнаа тогаш. Кога потврдивме одма за некој ден стигнаа пораките, немаа некоја логика да речам што работиш во центарот, измешани бевме доктори/сестри/админ/болничари/итн секој ден, мислам за да не се погодиме пример сите сестри на одделот утредента да не можат да дојдат. Но затоа, овие што се пријавија за втор круг, што не сакаа во првиот, уште не ги викнаа.