Добро дали сме ние како држава нормални? Дали има капетан на овој брод? Русија ни нуди вакцини да земеме од кај нив а ние молиме за донација од кај братја булгари. Дали овој народ е свесен дека кај европските и американските вакцини се користи технологија која е нова и не е доволно испитана дали му штети на човекот. Лично јас кога би се вакцинирала не би прифатила ни една друга вакцина освен Руската која е направена на старите начини кои се досега испитани дека не се штетни па макар и требала во Србија да идам да ја примам.
Ама кај Србија игра улога и популацијата, значи 7 милиони сепак е дупло повеќе од 3.5 милиони на Босна. Србија сега доби скоро 5000 вакцини од Фајзер, тоа се околу 2500 вакцинирани граѓани. Колку што прочитав, во јануари очекуваат уште околу 21 000 вакцини од Фајзер, што е 10 500 граѓани плус вакцинирани. Тоа се 13 000 вакцинирани до јануари, што е далеку од милион. Освен ако не добијат некоја руска или кинеска вакцина во меѓувреме, што сепак не ми се верува да биде во толкави количини. Филипче веќе сите знаеме дека не се справува како што треба. Неговото добро справување беше до изборите, после... друга приказна. Тоа не го негирам, а ниту го знам лично Филипче, ама ќе му пишам мејл за да му пренесам што мисли Ахој и Абракадавер од Фемина Форум. Друго... додека се велеше дека ние ќе добиеме меѓу првите вакцини, тука се пишуваа постови со негативни ставови и противења кон тоа со оглед на тоа што ние ќе сме биле експериментални глувци. Ама сега, Британците и многу други се експериментални глувци, па ајде и ние сакаме да бидеме. Ете ви плус минимум 3 месеци до март тестирање на вакцините низ целиот свет, за кога ќе дојдат кај нас да бидат најбезбедни @An-na апсолутно се сложувам дека таквиот начин на пристап за вакцинирање не е во ред и не треба да биде така. Ама ниту зависи од мене, ниту од тебе, ниту од сите нас заедно.
Добро справување до изборите? Се читаш ли ти што пишуваш? Ова сега што се случува е само надоврзување на катастрофалните грешки што се правеа за време на првиот бран. За останатото не коментирам повеќе. Времето ќе покаже.
Мислам дека повеќе ќе се фаќаат врски и ќе се потплаќа мито за издавање ковид-пасоши. Секаде низ светот каде што проаѓа мито и корупција.
Затоа шо нема да има толку вакцини да се вакцинира цел свет, ете затоа. Логички. И да дојде до тоа да нема да мрднеш од земјава ако не се вакцинираш, нема да умрам ако не излезам од државава. Се додека не помине одреден период каде што ќе се види исходот од вакцинава ни на крај памети не ми е до шетање и корзирање. Ама не ми е чудно ако тоа го направат другите оти и за време на корона си се шетаа и одеа на скијање, а границата со Грција ни беше најголем проблем
Со оглед на тоа што вакцините не ги произведува, ниту прави само една единствена компанија, има. Ако нема во моментов, ќе има за скоро. Фајзер, Модерна, 3 кинески (Sinovac и две на Sinopharm (една заедно со Wuhan Institute of Biological Products и една заедно со Beijing Institute of Biological Products)) и две руски (Sputnik V и EpiVacCorona) се седумте потврдени вакцини до овој момент. Плус 5 вакцини во 3та и последна фаза на тестирање, односно Кинеската CanSino од Вухан, Оксфордската вакцина, американската Џонсон & Џонсон, индиската Covaxin и американско- шведската Novavax. Плус 5 вакцини во комбинирата фаза 2/3 на тестирање и така натаму.
Да ама пак нема да има толку капацитет да се вакцинира цело население. Како сега што се вакцинираат за грип само старите и хронично болните, дури ни за нив нема доволно оваа година.
Никој не одговори зошто голем дел од медицинските лица се имаат изјаснето дека не би примиле ковид вакцина ? Дури дел и од оние кои директно биле вклучени во лечењето на ковид пациенти ?
Ради бизнис? И да не претеруваме, само на форумов гледам туркање на вакцинација како свет грал. Во ниедно реално општество, никој не стреми кон 100 %вакцинација. Ниту било, ниту ќе биде, барем во догледно време. Ко ќе стане толку страшно, прва ќе ви кажам. Ама не мислам дека ќе стане. For the time being, it is only about money. Толку пари сипани во производство на вакцина, а сезонска вакцина е неверендинг бизнис... и то. Инаку за Кипар и Австралија, искрено баш ме заболе, тие што живеат на остров нека му ја мислат. Во Европа сеуште сме далеку од вакцинални пасоши, ми се чини таква идеја нема проџа. За руската вакцина и Македонија, за жал, амерички протекторат нема право на избор. И тоа влегува во сферата на геополитички интерес.
Се надевам дека е како ти што велиш, само што и Кипар е дел од Европа и ЕУ. Оти ако не е, додека стигнам јас на ред на вакцина, пак нема море за мене
Море и Хрватска има, и летово беше отворено за сите. Изгледа не си ја знаел вистинската веб адреса Кипар е остров, а и не е баш со сите
Сериозна алергиска реакција на вакцината на Модерна кај медицински работник од САД The case was the first of its kind reported to be linked to Moderna’s vaccine. Federal agencies are investigating at least six cases involving people who suffered anaphylaxis after receiving the Pfizer-BioNTech vaccine, which contains similar ingredients, during the first few weeks of its distribution in the United States.
Не мислам дека алергиски реакции се невообичаени. Прашање е колкава е инциденцата. И кој се влегува во групата луѓе со ,,потенцијален алергиски ризик,,.... Long way to go...
Ами цел муабет на „антиваксерите„ кои само апелираат на претпазливост (во кои се вклучувам и јас) е токму тоа, претпазливост. А не упорно и упорно инсистирање по секоја цена да се прими вакцината од целокупна популација. Те прочитав викаш немаш впечаток дека се форсира вакцинава... вакцинални пасоши што е? Тоа е почеток. Некои авиокомпании викаат ќе забранат летови за невакцинирани. Следно што е? Маркети, училишта? Исто како со Евреите. Ова ако не е форсирање, не знам што е. Јасно ми е мене дека секој лек има нуспојави. Дури и долгоупотребуван и сигурен лек може да даде нуспојави ама... јас не знам за случај каде што било кое лекарство одеднаш се аплицирало кај олкав број популација. Просто е нон сенс
Се ми е тоа јасно но зарем ние ќе изиграваме големи Европејци а немаме да не кажам никаков фидбек од другата страна.