Преку факултет се пријавив денес и ми стигна повратна порака. И повторно на страната вакцинација го пријавив татко ми па и нему му стигна повратна порака. Инаку бевме пријавени уште на самиот почеток кога беше пуштена страната во употреба.
Го надградувале системот, џабе се пријавувале граѓанитe на https://vakcinacija.mk/ кога не добивале повратна порака. https://a1on.mk/macedonia/sms-porak...ina-na-vakcinacija-mk-se-nadgraduva-sistemot/
@Biljarkata Скандинавија е само пример за мачкање очи според мене. Норвешка особено. Нема врска со Корона ама се фалат дека имаат најмногу електрични возила по глава на жител и се најеколошки ориентирани и блабла, ама ќе дупчат во Арктички круг за да вадат плус нафта. Така и со Ковид. За она што им носи профит (а тек ќе гледаме кој со кого бил изврзан за профит) ќе имаме хфалоспеви, а она ефтиното ќе го прогласуваме за ѓубре. Јер ни се може, богати сме (имаме нафта на претек и метали во земјата и плус сме биле ратоборни па сме пљачкосувале и колонизирале), а депресивни, анскиозни и лути на цел свет што ни се паднало да живееме во 6 месеци зима (буквално еден Норвежанец на еден семинар сакаше да натепа Шпанец зашто во Норвешка во Јули било 20 степени, а во Шпанија 40 па се правеле сиести и се уживало покрај море) и мора да правиме реклами како сме најсреќни и највесело во свет (а во Азиските земји на пример никој не зборува за среќа на начин на кој Норвежаните, Америте и пар други зборуваат). А се сложувам со тебе дека Норвежанецон ептен ефтино се продал. Со парите што ги зел ни дел од куќа не може да купи (ако не зел и нешто под рака). Ќе гледаме серијали на сапунски опери ние со ова Ковид вакцина.
Кој знае што важи, а што не важи По логика би требало да важи повратниот мејл. Јас пред малку тестирав дали нешто ќе добијам назад, ама ништо.
Абе мене не ме изненаЏује ништо. Одамна беа јасни мотивите. Жал ми е за омладинциве на форумов кои се колнеа во науката и научниците демек сите многу посветени и чесни... нема шанса матни игри, нешто да се скрие итакодаље... Кузнае што се ќе излегува на површина допрва
Јас уште верувам на наука и научници за наоѓање вакцина. Само тек ќе дознаваме за тоа зошто и како се форсираат одредени вакцини или одредени пристапи и слично. И кои се мотивите да се велича една, а да се плука по друга вакцина без цврсти докази.
Па, глупо е да генерализираме дека сите се во ред, кога не се. Има трули, корумпирани, поткупливи, нечесни.... секакви. Не дека сите се такви, верувам дека се мал број, ама сепак....
Како успеавте од еден наслов да направите ваква приказна не ми е јасно. За пет години, познат и докажан научник од Норвешка, земал 100 000 евра веројатно по разни основи од неколку фирми, што доаѓа 20 000 евра на година и вашата теорија е дека се продал за овие пари?
И во линковите постирани пишува фино лепо за соработка меѓу научници и фармацевски компании, хонорари и многу други работи ама многу битно е 100 000 евра за 5 години да се спомнат, мислиш партиски портчко во Северна е па го потплатиле со едно станче. Демек аха, го фативме. Смешно.
Матни игри каде нема? Каде нема скандали и слично? Ај ако не да ја отфрлиме цела наука и топ ќе бидеме, што ќе ни е кога сме си најпаметни вака колективно.
https://www.slobodenpecat.mk/vana-i...rom-za-niv-nema-vakczini-zatoa-shto-se-mladi/ Едно врапче ми шепна дека вработените во општините веќе добиле термин за вакцинација. Чекам да ми потврдат, или ако имате некој пишете, баш ме интересира
Не можам да ти пишам во лп, ама можеш да ми одговориш таму да не ја тупам на темава.Како се пријави преку факултет? Колку што разбрав медицина учиш, значи само за вас е или независно од факултетот? Додуша и јас студирам Висока медицина, ама не сум знаела дека можеме и преку факс да се пријавиме..
Кој рече да се отфрли науката? Јас? Апсолутно не. Ама исто така не верувам во се што ми се сервира Не забегувајте во крајности, плс.