Неее судство, пратеници, заедно со здравствениот сектор биле во критичната инфракструктура неопходна за нормално функционирање на државата... пошто касиерките не се, хроничните небитно преживеале или не. Работава секој втор е хронично болен па ај по старост најубаво
Maлку доцна враќам, можеби веќе си видела, но за секој случај.. Мислам дека Пеперутче не мисли на тоа што беше за цел УКИМ, веројатно мисли на следново.. Мене пред некој ден ми стигна мејл, конкретно за студентите на општа медицина, и на истиот пишуваше дека медицински факултет ќе изготви списоци од пријавените студенти (на тој мејл си имаше линк за пријава), и истите ќе ги застапува како приоритетни за вакцинација. Имаше да наведиш која година си, индекс, дали боледуваш од хронична болест (и ако да, која), и дали си прележал ковид во последните 90 дена. Веројатно и тоа би го гледале, би требало студентите од погорните години да имаат поголема предност, како и хронично болните студенти, и оние кои немаат прележано.
Браво. Ептен се паметни, нека ги вакцинираат и пратениците кои прележаа ние другиве ќе дојдеме на ред септември џабе и пријавување и се. Значи треба да имаат приоритет оние кои не прележаа и се со хронични болести, оние прележанине имаат антитела па може да причекаат малце, а не како им прдне да вакцинираат. Скапана држава
Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко Филипче најави дека како ќе стигнуваат вакцините така ќе бидат распоредувани по пунктовите. „Добивме листа од ’Фајзер’ со која ни беше презентиран распоред за стигнување на вакцините во мај. Секој понеделник ќе стигнуваат 5-7.000 илјади дози од вакцината. Предвидено е да стигнат 26 илјади вакцини во цел месец“, рече министерот Филипче. Здравствените власти се подготвуваат за првата позначајна количина вакцини најавена за 28 април. Се очекуваат 200.000 дози од кинеската на „Синофарм“. „Спремен е планот за дистрибуција на вакцините, веднаш по пристигнувањето. Ги очекуваме на 28 април, а вакцинацијата со нив ќе почне во вторник по Велигден. За кинеската вакцина ќе бидат спремни училишните и спортски сали. Во Охрид е веќе спремна, а до вторник ќе бидат спремни и салите во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово“, рече министерот Филипче. За вакцина досега се пријавиле околу 150.000 граѓани, а редоследот за вакцинирање, министерот Филипче нагласи дека ќе биде по старосната граница. Денес во салата „Борис Трајковски“, покрај пратениците, се вакцинираа и лица над 73 години. ©Makfax.com.mk
Павле Трајановн не бил задоволен што му дале Спутник, сакал Фајзер. Ма мрш у .... Цел живот го избуткаа со привилегии, и пак незадоволни. Ќе чекаат хронични, лица со ретки болести, лица со попреченост за воловиве да се изнаредат. Ќе го јаде Филипче за уткава со вакциниве и те како. Пу.
Значи капакот на фрустрацијата ми беше ова со пратенициве, Згора на се Трајко копукот ќе раскажува криви дрини. Ако не му чинела вакцината слободно нека отстапел на некој од обичните смртници што чекаат да им се смилува некој и да ги стави на ред. Не се контролираат веќе ни што глупости тропаат по медиумиве, стварно веќе не знам до кога ќе не прават сите мајмуни.
Полесно е во сала, повеќе пунктови ќе има. Во здравствен дом ќе оди побавно, во сала поголем број луѓе ќе се вакцинираат одеднаш.
Во сала ќе изгледа ко масовна вакцинација, ќе има на вести, наслови, еден куп луѓе и медицински персонал... илузија дека нешто големо се дешава. Тие вакцини да ги разделиш по сите болници во сите градови ќе се потрошат многу брзо пошто не се многу вакцини, ама без сечење на лента и помпа не бива.
Така е . Они требаше одма да отстапат место на тие што им е поважна вакцинација ама неее се истопорија да се вакцинираат па уште незадоволни...уффф абе да ми е до мене павле трајанов би му ја влепила една има да се опамети за наредни 100години... Како не им е срам само не знам !
Ако донесат и почнат вакцинација ко што најавуваат со 200 000 вакцини е оправдано во сала. Ако продолжат со ситна боранија од 2000 вакцини е чисто глупирање.
Da, ama so ogled na toa kolku luge se zarazija pri vakcinacijata vo Srbija nekako ne mi e bas sigurna taa guzva
При вакцинацијата или поствакцинално кога се олабавија? Ќе да е ова второто. Ние кога се вакциниравме во Јане Сандански, каква гужва имаше, чудо е што никој не се зарази. 20-30 души натискани во ходничето пред собата за боцкање, едни идат, други си одат, хаос.
Sto znam, gi citam vo grupata na fb za kovid, velat od tamu se zarazile, simptomi im se javile nedela dena otkako se vakcinirale Znaci ni po zdravstvenite domovi nema red neli moze da se organizira toa nekako so zakazani termini za da ne se stvara guzva
Па со закажан термин бевме, јас и уште десет други во истиот термин. Што знам, никој не се зарази колку што ми е познато. Имаше колеги што пројавиле симптоми недела до десет дена после вакцинација, ама двајца или тројца, не повеќе. Веруваат дека од пациенти го закачиле, а не кога отишле да се вакцинираат.
Павле изглеа сака со Фајзер зашо мисли има и Виагра у неа.. за толкав револт нема друго објаснување..
Колку што знам, а бев и во србија за вакцина. Битно е да си немала шок од пеницилин за вакцинирање со руската. Ако си имала шок не може руската да ја примиш, другите може. Друга контраиндикација нема. Значи нема врска астма, хронични болки, рак итн. Едит: Пишувавте за Бугарија за вакцина, може вакцина само со бугарски документи- лк или пасош