Тетин ми па не дојде во Скопје да прими Фајзер зашто бил алергичен на пеницилин и смеел само руската и кинеската.Ај сеа.
Алергичен на пеницилин и шок од пеницилин не е исто. Мајка ми е алергична и прими спутник. Баба ми прими Астра Зенека зашто има доживеано пеницилински шок.
Бугарија ќе не вакцинира, иако не знам дали има доволно вакцини. И тоа со Фајзер и Модерна. Ах бруко македонска, да си донесеше Спутник на време, сега ќе си свиркавме. Европа? Ви го начу*а.
Мислам дека е кратенка за test value. За повеќе инфо што е ова, гуглај elfa/vidas results meaning, и отвори го првиот линк од fda. Таму е објаснувањето.
Израел не регистрираше ниеден смртен случај од ковид-19 за првпат во последните десет месеци, додека земјата продолжува со забрзаната имунизација. Министерството за здравство објави дека бројот на починати останал на 6.346. Последен пат кога Израел немаше починати од ковид-19 беше на крајот на јуни, кога строгите рестриктивни мерки го скротија првиот бран на пандемијата. Ширењето на коронавирусот во Израел стивна откако го достигна врвот во јануари оваа година, а еден месец подоцна владата почна да ги олеснува ограничувањата. Израел ја има највисоката стапка на имунизација на светот и во четвртокот стигна до бројката од пет милиони вакцинирани жители. Министерството за здравство објави дека 53% од населението има примено две дози. Минатата недела, директорот на најголемата болница во Израел, Ејал Лешем, изјави дека земјата е многу блиску до постигнување колективен имунитет.
Фала, да се враќа. Да прашам, имаше вакцинација со кинески вакцини во земјава? Во Борис конкретно, боцкаа со кинески или само со Спутник?
Да, до вчера мислам околу 500 беа вакцинирани со Синофарм, а имаме 1000 засега, донација од ОАЕ. Во Борис откако завршија со критичните, продолжија со 2500 АЗ, 1000 Синофарм и 4000 Спутник мислам, за лицата на 73 и 74 години. И пратениците
Кога беше во Србија за вакцина, за колку време те повикаа и во кој град? Јас се пријавив пред некој ден, се надевам побрзо ќе ми излезат во пресрет него нашиве. Аплицирав за Фајзер или Спутник, која ќе ми ја дадат, небитно, битно само се надевам дека ќе ме повикаат.
Запрено ја имаат вакцинацијата за странски државјани, пријавени сме од пред 2-3 недели, исто тие две вакцини или АстраЗенека, не нè имаат повикано. Мислам дека ќе ја продолжат наскоро.
А по другиве градови имаш инфо што вакцини има? Или само Астра Зенека е? Татко ми во понеделник го викнале за вакцинација, ама не знае со која, ќе му кажат пред боцкање.
Се надевам искрено, не сум ни во ризична група ни старосна ни приоритетна. Барем да имаше можност да платиш, ама и да платиш нема.
АЗ најверојатно, евентуално Фајзер. Зависи во кој град. Кај нас пример ни една нема Како и во сите мали градови. Недела дена и повеќе немаше термини за вакцина, понеделникот пуштија за 4 дена и толку . Секако, во Скопје е сè .