Дали е проблем ако не се појавиш на време на закажаниот термин за ревакцина? Од икс причини нема да можам да бидам таму во договореното време, туку ќе доцнам 2-3 саати. Ме убедуваат дека не е толку важно да се запази времето, туку денот и нема да ми прават проблеми, но би сакала да слушнам и туѓи мислења/искуства. Благодарам.
26 000 Фајзер во Мај, секој понеделник по 4000- 7000. 500 000 Синовак во Мај. Фајзер како донација од ЕУ (Австрија) во Мај исто така. Вкупно треба мислам околу 100 000 Фајзер од ЕУ да стигнат, но не знам во кои месеци ќе бидат распределени, првите во Мај. До јуни исто така треба да пристигнат околу 100 000 на Фајзер преку Ковакс. Нема најави за 76 000 дози АЗ кој требаше да пристигнат месецов преку Ковакс, ниту за 196 000 од Спутник кои којзнае и дали ќе стигнат после твитот на Бујар Османи . Е сега, ова се само најави, освен 26 000 преку директниот договор со Фајзер. .
Со Фајзер е склучен договорот. Преку него, месецов стигнаа 20 000 дози, 10 000 на 19.04 и уште 10 000 денес. Во мај ќе стигнат уште 26 000 дози, секој понеделник по 4000- 7000 дози, а договорот колку што знам е за вкупно 800 000 дози. Ковакс е прв склучен договор за вакцини со нас, 24 000 дози АстраЗенека веќе добивме, треба уште 76 000 дози да стигнат. Беа најавени за во Април, но ги нема. До јуни како што објавија од Ковакс треба Македонија да добие уште 100 000 дози Фајзер. И тој договор е за 800 000 дози. Договорот со Синофарм е исто склучен и тие 200 000 дози конечно ќе стигнат на 30. месецов мислам. Иако официјално не е соопштено, веројатно имаат договор и со Синовак за 500 000 дози, кои Филипче денес најави дека ќе стигнат во Мај. Ама најави, ништо повеќе, така да не ми е сигурно. Договор е склучен и за 200 000 дози Спутник, 6000 стигнаа во март, за другите нема најави. Нормално, кога не знаат да се исконтролираат на Твитер. Тие од Австрија се преку Фонд на Солидарност на ЕУ, мислам дека и за тоа имаат договор, не сум сигурен.
Абе јас да сум чоек, ќе те вработам во некоја комисија за пандемијава, уште денес!! Ни сум видела, ни ќе видам народен службеник, со ваква страст да работи
Мене никој не ме фали и вработува. Ни за морална поддршка макар. Инаку, меркиве станаа комични. Комисијата дала предлог полициски да биде од 21.00 часот... Чуму сето тоа? Човек да не ги знае ќе помисли дека од 21-5 вршат илегални активности па им треба простор.
@Biljarkata , џаст ин, читам ЕК ќе ја тужи АЗ дека не се држела до договорот за испорака на вакцините?! А шо да им испорача, кога не ја сакаат?
Убаво ти викаат. Не е битен часот во колку ќе се вакцинираш, туку да се запази датумот на ревакцина. Истото го прашав и јас, дали може 3,4 часа порано да дојдам, а ист ден да биде, ми рекоа нема проблем.
Дали постои можност да се бира со која вакцина да се вакцинираме и што ако сум се пријавила а не сакам да се вакцинирам со таа што ми е понудена?
Ако не сакаш да се вакцинираш, барем до скоро беше така, едноставно нема да се појавиш, не треба да откажуваш. Потоа ако сакаш, пак се пријавуваш. Избор сега за сега нема. Можеби смениле нешто меѓувремено, вака беше февруари-март.