Ама тие СИНОВАК кинеските нели беа со многу мала ефикасност, не ми е јасно зошто нарачуваат од нив ? И тоа 500000 дози ако добро прочитав
Во Бразил 50% ефикасност, во Турција 86% ефикасност. Многу се нејасни Кинезите, било за Синовак или Синофарм, сите податоци се "на жими мајка" од прес- конференции на компаниите. Ниту една студија не е јавно објавена
На баба ми и дедо ми им кажале дека доколку не се појават, веќе не им следува, е сега колку е точно....
Нема логика за вакцина такво нешто. Може да не се чувствуваш добро тој ден, па да не отидеш, е да, утре нема да те примат, ќе чекаш нов термин, ама не можат да го изгубат "правото". Ако некој знае точно нека каже, во најлош случај може да снема нели, ама не може да не смеат пак да се пријават.
Чекаат нов термин, точно. Не може да им се одземе правото на вакцина. Ама тој нов термин е по долго време, практично кој пропуштил ред оди последен повторно. Вака беше додека беа ограничени количините многу. Познавам мед. работници што одбија да примат (одредена вакцина или во даден момент) или не можеа поради икс причини да отидат на закажаниот термин, па си го изгубија редот и некои сè уште не се дојдени на ред.
Јас мајка ја пријавив.Ама пред две недели пораси висок притисок доби криза со неколкучасовно одземање на говорот и искривување на устата(не убедија дека не е удар и не ја снимија) ама и проверија ддимери кои испаднаа преку 6000.Сега е на терапија со ксарелто и незнам што да правам ако добие термин а спрема возраста кај да е ќе и стигне термин. Ем ми е страв со олкави димери да се вакцинира ем несакам да изгуби термин Докториве со поделени мислења.
Да, да така си беше, го губиш редот и пак од ново се пријавуваш, ама не губиш право на вакцина. Сега толку се чека оти нема вакцини доволно, да има, нема да е долго чекањето. Ама не треба да се јавуваш да откажуваш, не како термин за преглед, и на пример првиот пат јас отидов доста порано, саат и кусур, реков ќе почекам во кола подобро, ама одма ми рекоа да влезам, дека мора денот да се запази, но за саат не е важно. 5 минути од влагање до боцкање е, после си чекавме во голем шатор еден 15 мин.
Почина кај нас жена, 2 дена после вакцината, без никакви претходни заболувања. Одговорот, најверојатно била позитивна ( асимптоматски ) у моментот кога примила вакцина. Со која се има вакцинирано не знам, знам дека изгорела од температура после вакцината, почнала да се дуе. Жално.
Кај нас во Грција од денес почнуваат вакцинирање на групите од 30-39 години ама исклучително со Аз. Јас се мислев зошто моментално сум во Мк, а ако се пријавам нареден ден викаат за вакцинирање, така да нема шанси сега да се враќам. Ама ете крај на мај-јуни 4 милиони дози фајзер ќе донесат и затоа ќе почекам. Ако нешто не сменат да вакцинираат со сите вакцини, ќе се пријавам за која и да е. Кажаа дека бремени и тие што планираат бременост да не се пријавуваат за вакцинирање особено со Џонсон и АЗ. И Џонсон не е лошо да ми ја понудат
Како бе, да не откажеш ако не одиш на вакцина? Откажете си ги термините со време. Фајзер идат 5 дози во едно пакување, астра зенека 10има, само спутник мислам не е така пакувана. Претпоставувам дека си ги прават термините спрема дозите, ако некој не отиде може да пропадне таа вакцина. Индиректна информација ми е, преку некој што има некој на вакцинален пункт, дека фрлаат вакцини поради луѓе што не се појавиле на вакцинација. И логично, ако денес треба да вакцинираат 50 со аз, а се појавиле 42, 8вакцини би пропаднале. За миокардитисот имаше и во истражувањата на В. Британија, и кај аз и кај фајзер имаше. И таму беа некои незначителни бројки, без смртни случаи.
Tetka mi ja viknaa utre vo J.Sandanski da odi za vakcina. 73god e. Sto mislite so koja se vakciniraat sega postarite, Fajzer e sigurno? Ona ne sakala so AZ, od pricina sto cita se po internetov, ne deka se razbira od vakcinive Pa mi e strav da ne odbie tamu,a hronicno bolna e so 300bolesti i sakam da se vakcinira
Е вака се вакцинираше другар ми, женет за србинка. Она отиде таму да се вакцинира, кај нив оди тоа многу брзо, и он ја чекај пред пункт. Му рекла ај да не оди зијан вакцината, дојди и него го бонале, а тогаш уште немаше за макеоднски државјани. Таму промаат се, и епидемиолог еден го слушав, вика, секоја ваквина е подобра од немање вакцина, ако имате можност, одма одете. Еве денеска после младите парламентарки (вработени во собрание) по 30 години од минатата неддела, ќе се вакцинираат и МНР, исто така млади и здрави работоспосбни луѓе, оти се многу битни за државата. Ние може слободно да си умреме.
Фајзер се 6 дози во пакување. Спутник 10 (ама мора се искористи ампулата во даден рок), Астра Зенека 12. Само кинеските се единечни дози мислам. Затоа Спутник и Астра Зенека одат на масовни вакцинации кај нас. Фајзер не може масовно зашто бара специјално чување. Миокардитис и тромбоза има и кај Фајзер и кај Модерна и кај АстраЗенека ама само за последната се даде огромен публицитет за тромбовите. Другите не.