@Cka Глупост е голема, ако е точна информацијата од човеков, да се фрлаат вакцини кога ги немаме. А има народ што сака да се вакцинира. За групиве вакцинирање пена ми фати устава веќе, безобразие без крај. @JoyJoy На самите пакувања пишува колку дози има. За астра зенека со сигурност знам, кога нашите се вакцинираа, беше крај на денот и чекаа да се соберат 10луѓе
Кинеските вакцини утре треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што образложи, вакцините в петок од Истанбул ќе се транспортираат за Белград, па се очекува истиот ден или ден подоцна со специјални камиони да пристигнат во Скопје. Со тоа, како што најави министерот, од вторник по празниците би почнал процесот на имунизација со овие вакцини. Филипче посочи дека досега се вакцинирани речиси 53.000 граѓани. ©Makfax.com.mk
Кои Кинески ќе стигнат? Венко вика по градови ќе ги доставеле во зависност од бројот на пријавени. Значи дека имаме шанса да добиеме вакцина сите? Ај нека е така.
Синофарм Едит: Се очекува СЗО деновиве да ја одобри Синофарм за употреба, а на почеток на мај и Синовак. Така очекувам да добиеме и повеќе податоци за двете вакцини, па вака и супер ни испадна, информирани може ќе се вакцинираме со Кинески вакцини
Треба Венко да се избаци со една дневна статистика и за вакцинирани. Пријавени - толку, со една доза -толку, со две дози - толку, достапни вакцини - толку. Да не се мачам да рачунам секој ден дали ќе дојдам на ред.
Здраво на сите Бев позитивна од 31 март, за да испитам антитела матична вика дека е рано. Сум на приоритетна листа за вакцинација. Прашањето ми е дали е рано за вакцина? Дали воопшто смеам да се вакцинирам. Разговарано со неколку доктори, креваат раменици
Рано ти е за антитела а и за вакцина. Потребно е најмалку 1 месец да помине од болеста (а препорачуваат и подолго) па да се вакцинираш за да може телото колку толку да се врати во нормала