Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Не може никој медицинските лица да ги натера да примаат вакцина. Ако не сакаат да ја примаат отказ ќе дадат
     
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.428
    Допаѓања:
    60.444
    Пол:
    Женски
    Не се вакцинирај, твое право. Право на компанијата е да си транспортира вакцинирани луѓе, исто како што твое право е која компанија ќе ја избереш. Се пробав да се понудам да одговорам на сите прашања како човек кој ги разбира работите околу имунизација и вакцинација, ама секој си одбира во што ќе верува, дали во наука или во теории на антиваксери.

    Големи сте си, имате право што сакате да си одлучите. Ако ве интересира да се едуцирате околу вакцината, нешта кои не ви се јасни, бујрум, ако не - немам намера да се оправам со антиваксери зошто треба да се вакцинира популацијава.
     
    На thelittle17, le.soleil, noteforself и 7 други им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Па како да ти кажам, кој нема своја игра, ќе "изиграва" туѓи.
     
  4. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Зашто вакцинацијата не смее да е право на избор. Се враќаме стотици години наназад. Забораваме колку уствари била клучна имунизацијата, колку има помогнато на човештвото. Денес болести како тетанус и туберкулоза скоро и да ги нема, а биле најголеми причинители на смртност порано.

    Ова што го збориш дека со непримањето на вакцина не си го загрозувала моето здравје. Да те прашам кој ширеше зараза на морбили? Случајно да не почна тоа од дете што било предходно вакцинирано?
    Смешни сте.
     
    На noteforself, Amellie13, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Мора прво да направите разлика помеѓу болест и вирус.
     
  6. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Вируси, бактерии и паразити причинуваат болест.
    Болест е секоја отстапка од целосна ментална и физичка благосостојба.
     
    На 1209, ElenaOfRivendell и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Двете се меѓусебно поврзани.

    Вирусот предизвикува болест, наречена вироза.

    Може да има разлика од болест до болест и од вирус до вирус.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А зошто невакцинираните од морбили немаат толкави ограничувања?
    Стварно прашувам.
     
  9. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Имаат ограничувања. Никој не треба да те пушта во школо ако не си вакциниран од морбили. Ние како практиканти носевме докази дека сме ги примиле сите дози за да смееме да работиме на клиника.
    Плус ова е пандемија а тоа беше епидемија.
     
    На ElenaOfRivendell и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да, тоа знам.
    Ама користат јавен превоз, одат на лекарски прегледи, патуваат...
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Тоа беше епидемија, ова сега е пандемија.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Па ни сега користењето јавен превоз и другите секојдневни движења нема да бидат ограничени и зависни од вакцината :)
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Пак умреа бебиња, две, три, за жал настрадаа. А вирус на морбили полесно се пренесува од овој на корона. Или само бројки се битни. Нели секој човечки живот беше битен?
    @Ahoy Франција размислувале да забранат јавен превоз за тие што нема да се вакцинираат.
    Значи ништо чудо и други земји да воведат секакви мерки.
     
    На noteforself, Kitten и An-na им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Како ќе контролираат?
    Не можам да го замислам тоа, не е практично, ниту изводливо.
     
  15. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Бебиња умираа поради несовесни и неодговорни родители. Се заразија и бебиња што не ни стигнале да се вакцинираат од други неодговорни родители.
    Има толку мерки сега за вакцината зашто е глобален проблем и претставува пандемија, што значи дека е проширено на повеќе(сите) континенти. Моментално броиме бројќи во милиони, а не илјада. Да сите животи се битни. Али ако се сите животи подеднакво битни, треба да сториме се за да ја намалиме смртноста.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Значи пред да дојдат секакви напади. Прво, реков дека МОЖЕБИ ќе се вакцинирам и дека ќе размислам. И сакам само здрава дискусија.
    Кое е решението според вас?
    Кое е правилно решение да се вратиме во нормала, да патуваме, да се дружиме?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Нема да добиеш одговор хахахаха
    Зашто они немаат решение, само некои глупи и смешни аргументи на сите понудени решенија.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Буквално нема друга опција за крај на пандемијата. Значи крај на пандемијата, не крај на вирусот. Со вакцинација и короната ќе стане како сезонскиот грип. Ама нема да има пандемија, а со тоа ни страв и ограничувања како во моментов.

    И за таа да биде ефикасно решение треба да поминат уште барем 9- 10 месеци од моментов. Не значи дека ако О.К. почна пред недела дена со вакцинација тие ќе ја прогласат короната за умрено. И тоа на сите (треба) да ни е јасно.

    Времето покажува дека вирусот не слабее сам од себе, не станува помалку вирулентен со тек на време. Па и напротив...
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Ahoy тебе ќе те прашам оти никој ама никој не ми одговори досега.
    Дали производителот гарантира дека ако јас се вакцинирам нема да имам никакви последици од тоа во следните неколку години и ако да, како е истражено или докажано?
    Оти ова веќе сме го виделе со други вакцини кои биле подолго тестирани и многу подолго време се примаат.
    Исто така, дали производителот прифаќа да сноси морална и финансиска одговорност ако нешто тргне наопаку со вакцината? Мислам ако се сигурни во вакцината, не би требало да се плашат да речат Да ќе сносиме..нели?
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  20. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Најчесто за компликациите од вакцина не е крив производителот. Најчесто е тоа поради несоодветно чување на несоодветна температура, на несоодветно место, поминат рок или пак лоша манипулација од страна на стручно лице.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.