Oдавна се неам приклучено на темава, па да не барам наназад, гледам за тие што се вакцинараа тука веќе имаат издадено сертификати од министерство со бар код. Е сеа некој тука што се вакцинирал во Србија ако има инфо кога ќе даваат од горе сертификати за нас? Брнабиќ прочитав вика од денес на е управа има да побараш, ама мора со матичен, а нашиве емб не ги прима. Значи ако имате инфо во иднина споделете
Добро, нормални ли се стари луѓе +70 од помаливе градови сите у еден град да ги повикаат на вакцинирање?! Им стигна порака на тројца блиски од Кичево и Гостивар да одат на вакцинација до Тетово. Па не се села другиве па да ги приклучат на Тетово, имаат здравствени домови, башка при пријавување на сајтот имаше опција за избор на вакцинален пункт во двата градови. И сега кај треба да се обрати човек да праша и да откаже (евентуално презакаже) термин? Сигурно не се во можност сите да патуваат во друг град и дополнително да се изложуваат на вирусов... Каква страшна неорганизираност
Еден совет. Вакцинирајте се. Да не ми беше студијата не знам кај ќе завршевме сите да не примевме лек. Сите вработени по клиниките се скоро вакцинирани (бар доктори и сестри) и кажуваат искуства што минале. А минале пекол. Кој еднаш, кој двапати ковид. И сите се вакцинирани. Јас додека имам антитела ќе бидам раат, видам се намалуваат, одма се вакцинирам. Ако му ја мислам што има негативни ефекти, тогаш можно е и во антителата што ги примив да се дешава нешто. Тоа е. До кај е до таму. А лекот е од Кореа. Чудно, се од жутиве излезе.
Матичниот воопшто не ги исконтактирал моиве, денес им стигна смс со датум и термин за вакцинација во Тетово. Ќе се јавам кај него да го известам да презакаже термин за во матичниот град. Ако нема можност за такво нешто, ваљда ќе треба пријава од ново да се поднесува на сајтот и којзнае кога ќе бидат повикани повторно. Поради неодговорност негова ќе го изгубат редот.
Сега гледам на МојТермин, не ни има термини за вакцинација во Тетово, а речиси и никаде. Терминот е за во Здравствен Дом или за во ОСМУ?
За во ОСМУ Никола Штејн. Пак не разбирам зошто ги повикуваат таму од други градови. Зошто тогаш воопшто ставале опција за вакцинални пунктови. А и ако почнат со толку масовна вакцинација од следнава недела, има општ хаос да биде во Тетово кога ќе изнадојдат сите на едно место.
Масовната вакцинација ќе се врши во 6 градови: Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Кавадарци и Штип. Но, како што е најавено, ќе продолжи вакцинацијата и во здравствените домови. Нема да биде хаос, организацијата е слична како во А1, а @Frosty! и многу други беа ептен задоволни од истата. Ако е во можност матичниот и ако не можат да стигнат до Тетово, нека ги префрли за во Кичево.
Sega koga ke pocne vo Skopje ke bide vo sala? Jas se prijaviv za zdravstven dom Cair, vikam.ke nema guzva tamu, i ko mala tamu se vakcinirav Me faka vozbuda i strav po malku nekako ne mi e po keif kineskava vakcina ama toa e.
Се вакцинирал некој во Бугарија? Можеби вие или некој познаник? @JuLleE мислам ти имаше споделено на темава, да не имаш/ знаеш искуство?
И дедо ми доби термин, за во Билјанини Извори 70 години има, после истражувањето од Србија дека мажите над 65 развиваат послаб имунитет од Синофарм, малку сум на мисла дали да ја прими, ама очигледно друга опција нема Едит: И баба ми. @kravce тргна бизнисО
Мислам рекоа дека ова ќе го решаваат со трета доза кај тие што не развиле доволно антитела од двете стандардни дози. Додуша уште размислуваат/чекаат официјална препорака што да прават.