Зар само мажи. И жени Генерално, над 50-60 години имунитетот е послаб, кај млади здрави лица е појак, затоа и побурни се реакциите после вакцина. Не се секирајте, каков било имунитет е подобар од никаков.
Апсолутно. Крај краева, не се само антителата имунитетот кој ќе штити, има многу повеќе. Ќе си се вакцинираат обавезно
Слушнав дека во 8ми септември, се случувало да фрлаат вакцини. Фајзер откако ќе го отвориш бечот, морало да бидат искористени во рок од еден саат. Се случило да има гужва од луѓе со и без термин и сестрава отворила за сите 30 вакцини А во меѓувреме некој од обезбедување (?) ги организирал во две групи: Со термин и Без термин - и тие без, ги испратил во Борис Трајковски. 15 вакцини в ѓубре завршиле. Има некој што може да потврди дали е точно ова, или не?
Наводно муабетов е доктор вработен таму... *добро бе, кај се новинарите да истражат? Не треба да се остава простор за шпекулации вака.
Не вакцинираат у 8ми срц. Само вработени таму примаат вакцина и тоа не сите. Тоа ме револтира мн. Примија доктори и сестри, ама хигиеничарите и администрацијата се имуни изгледа па само ги шуткаат и одложуваат.
Ништо чудно да се фрлаат, затоа што кога ќе ги отвориш мораш да ги искористиш, во рок од 5-6 часа мислам, ова за Фајзер. Ама во 8ми Септ., колку што знам, ниту се врши имунизација, а ниту се складираат вакцини таму.
Сега со Британскиот и другите мутации кои се пренесуваат во 2 минути.. како можи во ковид центар да не се сите вакцинирани? Не им чини ич организацијата.
Ама вајлд, и луѓето не одат на договорен термин. Колку знам што откажаа оти не сакале си таа и таа вакцина а се хистерише дека нема вакцини.
Епа тоа е маката. Некои имаат примено, некои стојат на листа па ги одбиваат. Имам човек затоа знам што се бори со ова откако почнаа да ги вакцинираат ... Исто е и на клиника. За некој мајка, за некој маќеа. А за британскиот, јас лично не знам како го фатив и донесов дома со кн95 со филтер. Замисли ги нив таму по шалтери не знаат кого третираат и услужуваат. Ми се гади искрено.
Не знам дали се сеќаваш, на почетокот администратор од болницата во Охрид се вакцинираше, а потоа го суспендираа (или така нешто) затоа што се вакцинирал, а не бил доктор, демек преку ред. Во тоа време, во Охрид беше хаос. Во оваа наша "убава" земја сè е можно.
Епа треба прво survey да направат пред врата. Да им кажат која вакцина е и кој не сака да си оди. Па после да отворат вакцини само за таа бројка на пациенти кои ќе останат. Технички е проблемов и се решава со добра организација
Добро, ама генерално е познато дека постарите луѓе развиваат помал имунитет, не е од сега. А со годините имунитетот нема толку сила, затоа препораката за сезонските вакцини против грип е за постари лица и хронично болни. За да развијат некаков имунитет, каков и да е. Студијата е правена со мажи, оти нели потешка клиничка слика и смртен исход од коронавирусот е почест кај мажите.
А има и такви што идат и кога ги прашуваат историја на болести ги одбиваат да ги вакцинираат. Пр јас со хашимото не смеам астра зенека да примам (така разбрав, ова не е сигурен извор, не е од доктор потврдено за мене) ...
А зошто првин не се консултират со матичен дали да се пријават или да чекаат друга вакцина? Еве стварно не знам како одат тие работи, некој нека објасни. Да збориме општо сега.. Се кукаше нема вакцини, потоа не одат на закажан термин а здрав и прав без претходни болести не сакал АЗ или па што се сомневаат во вакциниве и сеат страв а први се за плукање. Леле ќути брат читав за Астра не сакам со таа. А како што читав и многу со понудени вакцини одбиле без болести. Посебно медицинари.
За организацијата, пишеше некој од Србија -им рекле нема фајзер, па дури дремење пред врата, ги викнале, демек се собрале доволно луѓе, за да отворат нова. Не е толку тешко да се изброи до 5 или колку веќе дози има во една вакцина.
Дали има некој искуство со примена Спутник за лице постаро од 80 години? Исто за лице со висок притисок под терапија и за лице со историја на тромбофлебит и онколошка дијагноза? Читам на нет, ама ме интересираат реални искуства?